Macedonian Truth Forum   

Go Back   Macedonian Truth Forum > Macedonian Truth Forum > General Discussions

Reply
 
Thread Tools
Old 11-02-2017, 12:54 AM   #1
MHRMI
Member
 
Join Date: Dec 2009
Posts: 116
MHRMI is on a distinguished road
Default The Republican Party Has Hung Macedonia Out to Dry

The Republican Party Has Hung Macedonia Out to Dry

November 2, 2017 /MHRMI/ -- For some unknown reason, the Soros/Hillary/Obama policy in Macedonia is still in place (let's call it SHO since Americans seem to like acronyms) and the Republican Party is doing nothing about it. Well, they started to – by launching a Congressional investigation into SHO meddling in Macedonia – but they seem to have gotten distracted by a squirrel or a Trump.

The assumption that a country like Macedonia would be ignored by US foreign policy is an argument made by the naive. American foreign policy is one of foreign interventionism, everywhere, and the examples abound going back seven decades – including a multitude in Macedonia the past several years. We are dealing with something different here and the crucial question is: Why has the GOP completely capitulated to a Democratic Party policy and allowed a SHO-instigated, left-wing coup to go unchallenged? There are only two options - incompetence or complicity.

I never would have imagined that complicity would be possible until Secretary of State Tillerson congratulated the new SHO-installed Macedonian “Prime Minister” on winning a non-existent mandate. His party actually lost the parliamentary election, but the US State Department ensured that a pro-SHO, left-wing coalition would govern Macedonia. Mr. Tillerson, correct me if I'm wrong in suggesting that you're complicit. Could it be incompetence instead? Better yet, simply direct the State Department to follow YOUR policy and end the unrelenting attacks on Macedonians' identity and independence.

Excuse my anger – or don't, quite frankly, I don't care - because my country's name, ethnic origin, language, identity and territorial integrity are being threatened in order to fulfill an American foreign policy objective of denying the existence of Macedonians all to appease our oppressors – Bulgaria, Albania and Greece. BAG, if you will. But let's not overdo the acronyms, it would just confuse POTUS – if he's paying attention.

Macedonia is our name. Macedonian is our ethnicity. They always have been. I explain the idiocy of the artificially-created, anti-Macedonian “name dispute”, which is at the heart of the crisis in Macedonia and the region, in this op-ed in The Hill. Defending the existence of my, or any, ethnic group should not be necessary.

Another op-ed of mine in The Hill calls on Donald Trump to reverse the damage done in Macedonia by the previous US administration. Well, unless white supremacists, the NFL, or Bob Corker are involved – Trump won't act. Mr. Corker, maybe I can teach you a few choice Macedonian words to tweet at Trump to get his attention. Tweet me.

Or how about the GOP actually steps in and finishes its Congressional investigation – a few months ago. Wait, you've already wasted enough time and we already know what the outcome would be. Mike Lee, Ted Cruz and the others who started the investigation, act NOW. Macedonia and Macedonians need you to literally save our country and ethnic group from extinction. All you have to do is announce that the United States defends Macedonia's most basic human right – our right to exist – and that the US demands an immediate end to the racist, anti-Macedonian name negotiations. One sentence will save a country. And it can be done in 140 characters or less.

Bill Nicholov, President
Macedonian Human Rights Movement International

--- Macedonian Human Rights Movement International (MHRMI) has been active on human and national rights issues for Macedonians and other oppressed peoples since 1986. For more information: 1-416-850-7125, [email protected], www.mhrmi.org, www.twitter.com/mhrmi, www.facebook.com/mhrmi, www.mhrmi.org/OurNameIsMacedonia

Републиканската партија ја остави Македонија на цедило

Од непознати причини, политиката на Сорос, Хилари и Обама се' уште е на сила во Македонија (ќе ја наречеме оваа политика „СХО“, бидејќи Американците се чини дека сакаат акроними), а Републиканската партија не сака да стори ништо во врска со тоа. Добро, почнаа да се занимаваат со тоа, со тоа што започнаа истрага во Конгресот за мешањето на СХО во Македонија, но изгледа дека вниманието им го одвлече некоја верверичка или Трамп.

Претпоставката дека земја како Македонија не е од интерес на американската надворешна политика е аргумент на наивните. Американската надворешна политика е политика на интервенционизам, секаде, за што има неброени примери од изминатите седумдесет години, вклучително и многубројни примери во Македонија во последните неколку години. Сега се соочуваме со нешто поинакво, па клучното прашање е: Зошто Републиканската партија толку целосно и' се предаде на политиката на Демократската партија и дозволи непречен државен преврат предводен од СХО? Постојат само две опции: некомпетентност или соучесништво.

Не можев ниту да замислам дека соучесништвото е можна опција се' додека Државниот Секретар Тилерсон не му честиташе на новиот македонски „Премиер“, поставен од СХО, за освојувањето на непостоечкиот мандат. Неговата партија всушност ги изгуби парламентарните избори, но Стејт Департментот на САД се потруди про-СХО, левичарска коалиција сепак да ја раководи Македонија. Господине Тилерсон, поправете ме ако грешам дека сте соучесник. Можно ли е да се работи за некомпетентност? Најдобро е да му укажете на Стејт Департментот да ја следи ВАШАТА политика и да престане со неуморните напади на македонскиот идентитет и независност.

Простете ми го гневот - или немојте, искрено, не ми е гајле - зашто името на мојата земја, нејзиното етничко потекло, јазик, идентитет и територијален интегритет се под закана за да се исполни целта на американската надворешна политика да се негира постоењето на македонците за да им се удоволи на нашите потчинители, Бугарија, Албанија и Грција. БАГ, ако сакате. Или да не претеруваме со акронимите, да не го збуниме Претседателот на САД, ако случајно ни обраќа внимание.

Македонија е нашето име. Нашата етничка припадност е македонска. Од секогаш било така. Го објаснив идиотизмот на вештачки создаденото, анти-македонско „прашање за името“, кое е во суштината на кризата во Македонија и регионот, во оваа колумна во The Hill. Не би требало да постои потреба да се брани постоењето на мојата или која било друга етничка група.

Во една друга моја колумна во The Hill го повикав Доналд Трамп да ја поправи штетата што на Македонија и' ја нанесе претходната администрација на САД. Но, ете, Трамп не дејствува освен ако не се работи за НФЛ, белите националисти, или Боб Коркер. Господине Коркер, можеби можам да ве научам неколку македонски одбрани зборови да му ги напишете на Трамп на Твитер за да му го привлечете вниманието. Пишете ми на Твитер.

А може и Републиканската партија да се заангажира и да ја заврши истрагата во Конгресот - уште пред неколку месеци. Но почекајте, веќе потрошивте премногу време и веќе го знаеме исходот. Мајк Ли, Тед Круз и другите што ја започнаа истрагата треба да дејствуваат СЕГА. Македонија и Македонците бараат буквално да ја спасите нашата земја и етничка група од истребување. Се' што треба да сторите е да потенцирате дека САД застанува во одбрана на нашите најосновни човекови права - нашето право да постоиме - и дека САД бара веднаш да престанат расистичките, анти-македонски преговори за името. Една реченица ќе ја спаси нашата земја. За само 140 знаци или и помалку од тоа.

Бил Николов
Македонско Меѓународно Движење за Човекови Права
MHRMI is offline   Reply With Quote
Reply


Currently Active Users Viewing This Thread: 1 (0 members and 1 guests)
 
Thread Tools

Posting Rules
You may not post new threads
You may not post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off
Forum Jump