Ангелика Бер ey - Треба да направите моќна ка&

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • makgerman
    Member
    • Nov 2009
    • 145

    Ангелика Бер ey - Треба да направите моќна ка&

    Nova Makedonija - понеделник 11.1.2010

    Македонија мора да направи кампања во сите европски метрополи и во други земји како што е САД, и тоа со истата моќ и енергија што ја употребува Грција. Мора да вршите постојан притисок, а не само привремено да настапувате со барања или да правите напори само за националистичките идеи, вели во интервјуто за „Нова Македонија“ поранешната германска европарламентарка Ангелика Бер.

    Грција треба да се санкционира затоа што ги крши меѓународните принципи за човекови права со тоа што не ги признава малцинствата, ја крши Привремената спогодба со блокадата врз Македонија и го спречува процесот на проширување на ЕУ.

    Докажаниот пријател на земјава, поранешната германска европратеничка Ангелика Бер, во интервјуто за „Нова Македонија“ упатува жестоки критики кон Грција, но и кон министрите за надворешни работи на ЕУ, кои станаа заложници на грчката политика кон Македонија.

    Повод за разговорот со Бер се острите тонови што таа неодамна ги упати на конференција во Берлин, каде што рече дека ако Грција планира да продолжи со познатата политика кон Македонија, наспроти желбите на Европејците, ќе мора да одлучи дали ќе ја напушти ЕУ.

    Германската политичарка тогаш истакна дека последните осум грчки барања на Грција за решавање на спорот за името се атак врз македонскиот идентитет и спротивставување на меѓународното право.

    - Мојот говор беше неопходна провокација за да се разбудат дипломатите, претставниците на НАТО и политичарите. А моја цел е да се започне дискусија во националните парламенти, како и во Европскиот парламент, за тоа како да се натера Грција како членка на ЕУ да ги исполни копенхашките критериуми. Во Европскиот парламент има широко мнозинство, кое сака ЕУ веднаш да започне преговори со Македонија - објаснува Бер.

    На конференција во Берлин оценивте дека Грција треба да претрпи санкции од ЕУ поради економскиот колапс. Дали е можно ЕУ да ја услови Грција со финансиска помош, а за возврат да побара порационален став на грчката влада во преговорите за името? Има ли воопшто волја во ЕУ за еден ваков притисок?

    - Теоретски има неколку причини поради кои грчката влада треба да биде санкционирана. Грција ги прекршува европските и меѓународните принципи за човекови права затоа што не прифаќа ниту едно малцинство во својата држава. Кога станува збор за спорот за името, тие ја прекршуваат Привремената спогодба во која стои дека овој проблем нема да ја спречи Македонија да стане членка на ЕУ, НАТО и на други меѓународни организации. Европејците сакаат да имаат целосно обединета Европа и тоа подразбира сите земји од Западен Балкан да станат членки на ЕУ што е можно поскоро. Грција го блокира овој значаен процес. Тие се одговорни за фактот дека Македонија сé уште не е членка на НАТО, како и за тоа дека сé уште не може да добие датум за преговори со ЕУ.

    Зошто министрите дозволија да бидат грчки заложници на состанокот во Брисел?

    - Постои раширено недоразбирање за правата и за можностите на Грција. Затоа, многумина не сфаќаат дека станале заложници. Од овие причини го кренав мојот глас во Берлин.

    Меркел, како значајна европска политичарка, оптимистички изјави дека Македонија ќе ги почне преговорите со ЕУ во 2010 година. Дали е реално да се очекува дека за шест месеци може да се реши спорот што не е решен повеќе од 14 години?

    - Кога се работи за проширувањето на ЕУ, Меркел понекогаш само зборува, но не прави ништо повеќе. Таа е причината за недовербата што расте во сите европски општества. Нејзината прва цел е да ја држи Турција надвор од ЕУ. Не ни требаат оптимистички изјави од европските министри и претседатели. Она што на Македонија и на земјите од Западен Балкан им треба е политика што ќе го сопре грчкиот национализам и грчкиот страв дека Македонија ќе бара дел од Грција. Грчката влада треба да им дозволи влез во земјата на луѓето што се родени или што имаат предци во северниот дел на Грција. Сé друго е нехумано. Сé уште постои надеж дека преговорите на Македонија ќе почнат во 2010 година, како што силно бараа повеќе членки на Унијата.

    Како Македонија најдобро да ја искористи временската рамка од шест месеци што ја одреди Советот на министри во Брисел?

    Македонија мора да направи кампања во сите европски метрополи и во други земји како што е САД, и тоа со истата моќ и енергија што ја употребува Грција. Мора да вршите постојан притисок, а не само привремено да настапувате со барања или да правите напори само за националистичките идеи.

    Каква е според вас политичката ситуација во Македонија?

    - Владата е поделена: македонското мнозинство се бори за македонскиот идентитет и сé повеќе користи национализам, како што е преименувањето на аеродромот, стадионот и изградбата на споменици. Албанското малцинство сака што побрзо и по секоја цена да влезе во ЕУ и НАТО. Токму овде лежи мојот најголем страв - во ваква атмосфера се ризикува или државата да се соочи со апсолутистичките тенденции на патриотскиот лидер, или пак, да се случи поделба на земјата по етничка линија. Двете нешта треба да се избегнат.

    Автор: Ивана Костовска
    izvor: http://www.novamakedonija.com.mk/New...tIzdanie=21881
Working...
X