Антимос ги повика Грците да не купуваат мk

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • lavce pelagonski
    Senior Member
    • Nov 2009
    • 1993

    Антимос ги повика Грците да не купуваат мk

    Антимос ги повика Грците да не купуваат македонски производи
    24 јун 2012 14:37

    Солунскиот митрополит Антимос продолжува да сее поделби и омраза, насочени кон Македонците и кон Турците, јавува дописникот на МРТ од Атина.

    „Зборувајќи за нашата земја, Антимос порача дека Грција немало да го даде името Македонија. Истовремено, упати жестоки критики кон оние што купувале гориво и други продукти од Македонија зошто таму било поевтино, нагласувајќи дека на тој начин ги честеле непријателите“, извести дописникот на МРТ.

    Во своето излагање, солунскиот митрополит не пропуштил да го пофали новиот грчки премиер Самарас и да го поздрави активирањето на министерството за Македонија и Тракија.

    Во меѓувреме, грчките медиуми ја објавија изјавата на македонскиот премиер Никола Грувески, кој го поздрави формирањето на новата грчка влада и им посака ефикасно решавање на тешката економска криза. Пренесуваат и дека македонскиот премиер изрази надеж дека кризата нема да биде изговор за да се одбегнат напорите за изнаоѓање замено прифатливо решение на проблемот што веќе 21 година ги оптеретува двете земји.
    Стравот на Атина од овој Македонец одел до таму што го нарекле „Страшниот Чакаларов“ „гркоубиец“ и „крвожеден комитаџија“.

    „Ако знам дека тука тече една капка грчка крв, јас сега би ја отсекол целата рака и би ја фрлил в море.“ Васил Чакаларов
Working...
X