Пеколна е расправата во Грција поради поставувањето споменик на Александар Македонски во центарот на Атина, пишува во вчерашниот број на лондонски „Гардијан“.
Според дописничката на овој весник од Атина се работи за камена статуа на освојувачот направена уште во 1972 година. Поради расправиите, статуата цели 17 години, откако била преземена од Министерството за култура на Грција, лежи покриена со прашина во подрумите на главниот град. Преземањето на скулптурата на Александар Македонски се совпаѓа со почетокот на спорот за името.
„Гардијан“ пишува дека грчките националистички политичари од левицата и десницата сметаат дека споменикот мора да стои во срцето на античка Атина за да му се воодушевуваат сите што се сметаат „за негови вистински наследници“.
Но грчките археолози тоа никако не го дозволуваат. Александар Македонски дојде во Атина како освојувач, сметаат тие.
„Расправијата најверојатно ќе поминеше незабележано ако не беше спорот со името, што Грција веќе 17 години го води со северниот сосед Поранешната југословенска република Македонија“, констатира весникот. „Гардијан“ истакна дека и во Македонија, односно во Скопје, ќе биде поставен споменик на Александар Македонски.

Comment