How Macedonia treats its defenders from 2001

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Volk
    Member
    • Sep 2008
    • 894

    How Macedonia treats its defenders from 2001

    Воен инвалид од Кавадарци остана без инвалидска помош и надоместокот за нега на болен

    Без храна и лекови, без огрев и под кирија. Вака живее кавадарчанецот Љупчо Андонов, воен инвалид од конфликтот во 2001 година. Изминативе неколку месеци, тој и неговите родители, инаку невработени живеат во страв како понатаму, откако му е укинато правото на инвалидска помош и надоместокот за нега на болен. Од Управат за јавни приходи за Канал 5 изјавија дека оваа одлука пред пет дена е стопирана, но не знаат кога одземените средства ќе бидат повторно вратени на сметката на Андонов.

    [Воен инвалид од Кавадарци остана без инвалидска помош и надоместокот за нега на болен]

    Воен инвалид од конфликтот во 2001 година два месеци не може да си купи храна и лекови. Месечната инвалидска помош и негата за болен што државата му ги исплаќа на кавадарчанецот Љупчо Андонов присилно му ги зела УЈП. Тоа го побарал скопскиот Основен суд 2 откако Андонов, по 11 години го изгубил спорот со државата и не докажал дека во војната некој го застрелал во главата и едвај преживеал.

    „Немам пари ни газа да му купам за да ја чисти раната затоа што детево е повредено и раната не му заздравува се додека не му се направи операција на ципата на мозокот“, вели Душан Андонов, татко на Љупчо.

    Андонови сега се жалат во Врховен суд. Но, решението на понискиот суд е извршно и тежи вкупно 302 илјади денари. Љупчо за судски такси должи 192 илјади и за камати уште 110 илјади денари.

    „Јас лично присуствував во 2006 година на сослушувањето кога судот рече дека ние сме ослободени од судски такси“, додава таткото.

    Љупчо законски не смеел да остане без парите што ги добивал од државата преку Министерството за труд и социјала, велат извршители. Од судот рекоа дека законски наплаќале долг, а увид во сметките на Љупчо имала УЈП.

    Од Управата прво објаснија оти постапиле по извршно решение на кое Андонови не се жалеле, а потоа во официјално соопштение напишаа дека го запреле пред 5 дена. Во него сепак не пишува дали сега на Љупчо ќе му ги вратат парите.


    I urge everyone to email and express there disgust:

    За Управата за јавни приходи

    Адреса

    Управа за јавни приходи/Генерална Дирекција
    бул.Кузман Јосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
    тел. 02/3299 500
    факс 02/3281 010
    Инфо центар 0800 33 000
    е-пошта: [email protected]

    Директор Горан Трајковски
    Makedonija vo Srce
Working...
X