Originally posted by DirtyCodingHabitz
View Post
New parliment formed
Collapse
X
-
In the name of the blood and the sun, the dagger and the gun, Christ protect this soldier, a lion and a Macedonian.
-
-
Originally posted by Zarni View PostVangelevski this is just a question what made you move away from the UMD, werent you onçe on of the founding members of the UMD who put a great effort into this org once
Comment
-
-
Бесими - прв министер Албанец кој се поклони пред споменикот на бранителите од 2001
Началникот на ГШ на АРМ Мирослав Стојановски во заминување рече дека Армијата во континуитет успешно ја извршува својата мисија и побара подобрување на стандардот на нејзините припадници и одвојување повеќе пари за овој сектор
Министерот за одбрана Фатмир Бесими вчера се поклони и положи венец на споменикот на загинатите во конфликтот во 2001 година, кој се наоѓа во кругот на Министерството за одбрана. Со ова Бесими стана првиот министер Албанец во македонската Влада, кој им оддал почит на жртвите во воениот конфликт.
Положувањето цвеќе на споменикот е дел од активностите за чествување на Денот на Армијата - 18 август кои почнаа вчера. Пред спомен-обележјето се поклонија и претставници на здружението "Херои на Македонија од 2001 година", кои потоа се ракуваа со министерот Бесими. На свечено построените вработени во Министерството за одбрана и во Генералштабот на АРМ им се обрати началникот на ГШ на АРМ во заминување, генерал-потполковник Мирослав Стојановски, кој денес треба да му ја предаде високата армиска функција на бригадниот генерал Горанчо Котевски. Стојановски, кој шест години беше прв човек на ГШ, посочи дека Армијата во континуитет успешно ја извршува својата мисија определена со Уставот и законите и побара подобрување на стандардот на нејзините припадници и одвојување повеќе пари за овој сектор.
- Доколку продолжи трендот на несоодветно доделување финансиски средства на Армијата, тоа ќе се одрази крајно негативно врз реализацијата на планираната долгорочна динамика за модернизација и развој на АРМ, изјави Стојановски и додаде дека сега пред АРМ останува обврската да ги надгради одбранбените капацитети и способности.
Дел од чествувањето на празникот на Армијата беше и положување цвеќе на Партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски и на гробот на генерал Михаило Апостолоски на Градските гробишта Бутел. Покрај делегација предводена од началникот на ГШ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски, свежо цвеќе положија и претставници на Владата, Собранието, Министерството за одбрана, поранешните претседатели на државата, Сојузот на борците од НОВ и Сојузот на резервните воени стрешини.
По повод Денот на АРМ точно напладне во касарната "Илинден" во Скопје се изврши почесна стрелба со испалување на 10 плотуни од 12 артилериски орудија, а на воениот стадион во Градски парк се одржа целодневна изложба на борбени средства, борбени возила и на дел од вооружувањето, техниката и опремата на АРМ.
Денот на АРМ пригодно се одбележа во повеќе градови во државата.
Comment
-
Comment