Macedonian Truth Forum   

Go Back   Macedonian Truth Forum > Macedonian Truth Forum > Macedonian History

Reply
 
Thread Tools
Old 05-03-2011, 11:12 PM   #51
Soldier of Macedon
Administrator
 
Soldier of Macedon's Avatar
 
Join Date: Sep 2008
Location: Macedonian Outpost
Posts: 12,721
Soldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond repute
Default

A good reminder - may they both rest in peace.
__________________
In the name of the blood and the sun, the dagger and the gun, Christ protect this soldier, a full blooded Macedonian.
Soldier of Macedon is offline   Reply With Quote
Old 05-04-2011, 02:37 AM   #52
julie
Senior Member
 
julie's Avatar
 
Join Date: May 2009
Location: makedonska colonia
Posts: 3,869
julie is on a distinguished road
Default

Vechna Makedonia, nikoj pat nashiot Gotse da ne bide zaboraven, naj mnogu chest treba da im dade tsel narod Makedonski, i politicharite na Makedonia. "Majka rodi mashko dete". Isto is Vaska Ilieva, shto pochina od rak bolest, im beshe mnogu milo shto mozhev tuka vo Juzhna Avstralia da im vidam pred da pochini. Vechni da ni bidat
__________________
"The moral revolution - the revolution of the mind, heart and soul of an enslaved people, is our greatest task."__________________Gotse Delchev
julie is offline   Reply With Quote
Old 05-04-2011, 07:51 AM   #53
Volk
Member
 
Volk's Avatar
 
Join Date: Sep 2008
Posts: 894
Volk is on a distinguished road
Default

Slobodna Obidena Makedonija... those ideals are long dead in almost everyone
__________________
Makedonija vo Srce
Volk is offline   Reply With Quote
Old 01-06-2014, 08:08 AM   #54
Soldier of Macedon
Administrator
 
Soldier of Macedon's Avatar
 
Join Date: Sep 2008
Location: Macedonian Outpost
Posts: 12,721
Soldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond repute
Default

I posted this some time ago on another thread. Perhaps improbable now, but it would have been good to see the whole letter from Delcev which Pavlov makes reference to.
Quote:
Todor Pavlov (1890-1976), Bulgarian philosopher and social worker, for many years President of the Bulgarian Academy of Sciences, thinks that: "we can not be unjust to the memory of the great Macedonian son and therefore, all the same, we must note precisely here that Goce* had written in one of his letters: "So is there no-one to write even one book in Macedonian?" This exclamation of Goce's shows that if he had remained alive he would in no case have remained indifferent to the fact that today in Macedonia there is a volume of books, and not only poetic and publicistic ones, written in this very Macedonian language which has been formed to a significant degree and is continuously being improved upon and perfected exactly as a new Macedonian literary language. (T. Pavlov, "Goce Delchev", Makedonska mis'l, II, 1-2, Sofia, 1946, p.7)
__________________
In the name of the blood and the sun, the dagger and the gun, Christ protect this soldier, a full blooded Macedonian.
Soldier of Macedon is offline   Reply With Quote
Old 01-06-2014, 06:32 PM   #55
George S.
Senior Member
 
George S.'s Avatar
 
Join Date: Aug 2009
Posts: 10,121
George S. is on a distinguished road
Default

unforgivable that those who gave goce to the enemy of Macedonia.That is handed over by his own kindred.Handed for money etc.Goce reminds me of great heroes like alexander the great.Visionary men ,ahead of their time how they saw the world.Its a great pity to lose people of greatness so early in their lives.Macedonia needs people like goce many more.
__________________
"Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
GOTSE DELCEV

Last edited by George S.; 01-06-2014 at 06:35 PM.
George S. is offline   Reply With Quote
Old 01-06-2014, 11:31 PM   #56
Soldier of Macedon
Administrator
 
Soldier of Macedon's Avatar
 
Join Date: Sep 2008
Location: Macedonian Outpost
Posts: 12,721
Soldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond repute
Default

Below are some letters sent by Goce Delchev to Archbishop Menini:

http://www.mn.mk/aktuelno/2790-Pisma...iskupot-Menini

Обид да се запознае светата столица за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава

Кон крајот на XIX век, по Берлинскиот договот, македонскиот национален покрет влегува во нова фаза на својот развој. Времето на легалните борби за добивање на локална самоуправа до руско-турската војна од 1878 завршува, а започнува нов период, период на борба за независност и сопствена држава. Во деведесетите години на XIX век во земјата беа присутни сите услови за создавање на национално ослободително револуционерно движење. Тешките општествено-политички услови во Отоманската империја, го принудија македонскиот народ да се организира и да превзема чекори за конечно национално ослободување. Скоро во сите делови на Македонија постоеа организирани групи по селата за одбрана од разни насилници. Слично распололожение владееше и во градските средини. Беше потребно само да се соединат разделените сили и да се насочат кон заедничката цел. Во есента 1893 година во Солун се собраа најголемите иницијатори за создавање на организација која ќе ги соедини и насочи силите на македонскиот народ за негово национално ослободување.

На 23 октомври 1893 година во просториите на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов се одржа првиот состанок на поширок круг на револуционери меѓу кои: Даме Груев, учител од Смилево, Петар Поп Арсов, учител од село Богомила, Христо Татарчев, лекар од Ресен, Антон Димитров, од село Ајватовци кај Солун, Христо Батанџиев, учител од село Гуменџе и Иван Хаџи Николов. Кај сите нив преовладуваше заедничкиот јазик за спроведувањето на идеите, односно за понатамошната политичка активост во земјата. Организаторите повторно се сретнуваат на 23 октомври наредната година (1894) во Солун, кога се поставени следните цели пред организацијата: таа да биде тајна и ревулуционерна; нејзината територија да ја сочинува Македонија во географските и етнографските граници, поради што ќе се вика внатрешна, нејзини членови можат да бидат лица кои се родени и живеат на територија на Македонија без разлика на вера и народност; а политичка цел била автономија на Македонија и сочувување на организацијата да не падне под влијание на политиките на владите на слободните соседни држави.

Со влегувањето во втората година од своето делување, револуционерната организација добива значајни нови импулси со доаѓањето на Гоце Делчев. Неговата енергичност ќе овозможи организацијата да се прошири и да премине во масовно сенародно движење. Се напушта дотогашната пракса за поединачно примање во организацијата. Црквените дворови и неделните училишта за возрасните беа идеални места за привлекување на се поголем број прврзаници кон револуционерната организација. Набрзо организацијата ги помина градските зидови, ќе земе замав и преку Радовиш ќе се прошири во Виница и другите делови во земјата. Мрежата на организацијата брзо се ширела. Посебен замав ќе забележи по селата, каде населението масовно се вооружувало. По Солунскиот конгрес на ТМОРО во 1986 година, Македонија била поделена на 5 револуционерни окрузи: Солунски, Серски, Струмички, Битолски и Скопски, а како посебен бил Одринскиот ревулуционерен округ.

Напоредно со постигнувањето на значајните резултати во ширењето на организацијата таа се соочува со првите поголеми проблеми кои ги наметнуваат надворешните фактори, како што биле упадите на врховистички и андартските чети. Ваквите упади ќе го свртат вниманието на османските власти, кои гонејќи ги овие чети ќе почне да ја разоткрива делови од мрежата на тајната македонска ревулуционерна организација. Во овие акции ќе паднат мнозина истакнати македонски дејци.

Прво откривање и поголем потрес Организацијата ќе доживее за време на т.н. Виничка афера, која ја опфатила речиси цела Источна Македонија. Ноќта на 14/27 ноември 1897 година, познатиот арамија Коте Голчев ќе влезе од Бугарија со 26 арамии, и во Виница ќе го опљачка и убие богатиот турчин Ќазим ага. Истовремено при повлекувањето ќе го убие и пољакот во Виница, кој бил член на организацијата. Жената на убиениот пољак, мислејќи дека нејзиниот маж е убиен од членови на Организацијата, за одмазда на турските власти ќе им открие дека во нејзината куќа има скриено големо количество оружје, кое им припаѓа на Организацијата. По овој настан Турците направиле страшни репресии врз македонското население. Почнале масовни потери, претреси и апсења на луѓе од кои најголем дел биле членови на ТМОРО. Биле уапсени околу 600 лица, над 200 биле мачени, 10 биле убиени а околу 300 барајќи спас пребегале во Бугарија. За да ја избегнат турската потера некои членови на Организацијата се засолниле во манастирот во селото Паљурци.

Манастирот во Паљурци, Гевгелиско, бил изграден од италијанското мисионерско семејство Алоати, кое го откупиле земјиштето од Турците во 1893 година. На местото каде порано престојувал Апостол Павле, го изградиле манастирот со кое управувале игуменија и калуѓерки. Манастирот во Паљурци, му припаѓал на Ватикан и бил главно прибежиште на македонските револуционери, бидејќи турскиот аскер ја почитувал забраната за влез во манастирот, за да не се замери со западноевропските држави.

Од името на Задграничното претставништво иа ТМОРО во Софија Гоце Делчев (Горѓи) ќе му заблагодари на пловдивскиот надбискуп Менини за укажаната помош во криењето на група македонски револуционери пред турска потера во манастирот Паљурци (Гевгелиско). Тој во своето прво писмо до Неговата Екселенција, Надбискупот пловдивски Г. Менини во Пловдив ќе наведе:
Quote:
Поради невозможноста од името на Задграничното претставништво на ТМОРО директно да и ја искажам својата благодарност на управата на манастирот во с. Паљурци по повод на укажаната несебична помош на седумтемина наши револуционери и нивното засолнување од турската потера, го користам случајов преку Вас, Ваша Екселенцијо, да ја искажам големата благодарност кон неа, бидејќи пред страв на лична одговорност спаси седум животи од јатаганот на крвавата османлиска власт.

Наедно сакам да Ве запознам, Ваша Екселенцијо, со положбата на ропството во Македонија, за правилно да ја оцените големата услуга што и управата на Паљурскиот манастир и ја стори на нашата Револуционерна организација. Познато Ви е дека. во Македонија се развива систематска агитација за едно внатрешно востание, кое зема големи размери, така што ниту едно катче во таа борбена земја нема да не е опфатено од идејата за ослободување од турската тиранија. Токму ропската положба на христијанското население во Македонија јасно определува што треба да се прави: тоа е патот по кој оделе сите потиснати. Нашата цел е да ги исправиме неправедните решенија на Берлинскиот договор по однос на Македонија и затоа нашата борба е свртена кон придобивање на полна политичка автономија на оваа земја за сите луѓе што ја населуваат без оглед на националноста и верската припадност. Затоа нашата Револуционерна организација е длабоко признателна кон сите оние што по каков било начин ги помагаат нашите револуционери, не навлегувајќи во мотивите поради кои чинат добри дела. Чинејќи добри дела кон нас, тие всушност и самите се борат против тиранијата, нечовечноста и самата османлиска управа како владејачки систем.

Ве молам, Ваша Екселенцијо, да ја запознаете и Светата Столица во Рим со нашата признателност кон неа, бидејќи хуманите акции што ги презема за подобрување на ропската положба на македонското население се израз иа нејзината висока христијанска задача. Примете уште еднаш, Ваша Екселенцијо, изрази на нашата длабока почит и уважение.
Гоце Делчев на 11 јули повторно ќе се обрати до Неговата Екселенција, Надбискупот Пловдивски Г. Менини, Пловдив Во ова второ писмо, заблагодарувајќи се на одговорот, Гоце Делчев од името на Задграничното претставништво на Внатрешната организација ја објаснува суштината на македонското револуционерно дело. Во него тој ќе нагласи:
Quote:
Ваша Екселенцијо, Господине Надбискупе,

Почестен сум со Вашиот одговор на моето писмо од 3 јули о.г. и наполно ја делам Вашата загриженост во врска со евентуалното давање гласност на милосрдноста што сестрите во Паљурскиот манастир ја покажаа кон нашите луѓе. Причина што таа наша благодарност не ја упативме лично до нив, туку преку Вас треба да Ви биде јасна. Нашата Револуционерна организација за најважен принцип во дејствувањето ја има тајноста, бидејќи знаеме дека османлиската власт има намера да ги испофаќа сите луѓе, не само оние што го будат и водат народот во борба туку и оние што на каков било начин му помагаат на нашето револуционерно дело. Поради тоа немате причина да се беспокоите од можноста доброто да го платиме со зло.

И по овој случај, Ваша Екселенцијо, сакам да Ве убедам дека светлиот дух што ги озарува срцата и душите на нашите браќа, и револуционерна идеја - мајката на тој дух - се нескршливи, нив ниту железната османлиска рака, ниту штикот на турскиот аскер не може да ги пробие. Ние револуционерната борба за слобода ја водиме сами, не плашејќи се од жртвите што ги даваме. Меѓутоа, секоја помош од страна за нас е доказ дека нашата борба е праведна. Нашата ТМОРО денес се прогласува за терористичка организација од многу претставници на христијанските држави, едно поради непознавање на нашата борба, а друго и поради личните интереси на нивните држави. Нашите илјади дејци, скромни, но свесни и вистински борци, готови се секој миг да се жртвуваат морално и физички за народната слобода за сите народности, без разлика на верата. Тие имаат право, ако не на ефикасна помош, барем на милосрдност и сомилост. Бидејќи Вашата Црква ги покажа на дело тие својства кои треба да го красат секој вистински човек, ние ја искажуваме својата благодарност и очекуваме дека Светата Столица и натаму преку своите органи ќе ја врши својата хумана христијанска мисија.

Уште еднаш Ве молиме, Ваша Екселенцијо, да ја пренесете нашата благодарност до Вашите претпоставени и ги запознаете со суштината на нашето револуционерно дело.
За оваа преписка пловдивскиот надбискуп Менини ја запознава и Конгрегацијата за пропаганда на верата во Рим, односно ја запознава за суштината на борбата на ТМОРО и на македонскиот народ за ослободување од ропството. Во ова писмо од 12 јули 1898 година надбискупот Менини ќе напише:
Quote:
Ваша Еминенцијо,

Во прилог на писмово Ви ги испраќам двете писма што ги добив од претставникот на Тајната македоно-одринска револуционерна организација Горѓи Делчев по повод на направените услуги на извесни македонски револуционери од страна на нашите пречесни сестри во манастирот, посветен на Премилостивата Мајка Божја, во с. Паљурци, Гевгелиско (Македонија).

Ваша Еминенцијо,

Во намера да добиете појасна слика на предметов, ќе го злоупотребам Вашето внимание да појаснам некои работи.

Од неколку години наваму во Македонија, која ја сочинуваат трите турски вилаети (Солунскиот, Битолскиот и поголем дел од Косовскиот) дејствува тајно една револуционерна организација која си поставила за цел, по пат на револуција (востание) да се избори за ослободување на својата татковина со сопствени сили. Треба веднаш да подвлечам дека таа организација до неодамна беше наполно тајна, но затоа за мошне кратко време успеа да го придобие населението, така што денес нема ни најмало населено место на таа територија кое не е зафатено од револуционерната идеја. Дури и нашите луѓе што и припаѓаат на нашата црква (источен обред) не се имуни од таа организација и ја помагаат материјално и физички. Оваа тајна револуционерна организација стана толку присутна во животот на македонските луѓе, што претставува сила за почит. Таа денес располага и со свое Задгранично претставништво, на кое еден од членовите е и потписникот на двете писма.

Тајната организација, која скратено го носи името ТМОРО, е најопасниот непријател за мирот во овој дел на светот и постои голема опасност во најскоро време да го разгори огнот, на кој крајот не може му се согледа. Ние, Вашите верни чеда, настојуваме по секаков начин да ги држиме нашите луѓе надвор од какви било авантуристички потфати, но не секогаш сме во состојба тоа да го сториме, до колку не сакаме наполно да ја загубиме нивната симпатија, бидејќи тие му припаѓаат на народот кој се бори за својата слобода. Така треба да се толкува гестот на нашите пречесни сестри, кога без дозвола на претпоставените свои духовни власти се осмелиле да приберат во својот женски манастир седуммина луѓе, познати таму под името комити.

Според информациите со кои располагам, тоа станало на следнио начин. На 14/27 ноември 1897 г. некаква разбојничка банда влегла во едно село по име Виница, Кочанско и го убила месниот богат Турчин Ќазим-ага и од домот му зела околу 600-800 турски лири. Барајќи ги разбојниците и нивните јатаци, турските власти направиле истрага извршиле физички притисок врз месните селани и селанки, при што откриле магацин со пушки на ТМОРО, која немала врска со убиството на Турчинот. Штрекнати и вознемиреии од случајното откритие, властите извршиле масовни апсења, претреси и мачења на населението во редица села на Скопскиот санџак. Резултат на таа афера бил: 10 убиени, над 200 жестоко мачени, над 500 уапсени, а околу 300 души избегале преку граница. Седуммина комити, кои имале намера да се засолнат од турската потера, побарале заслон во нашиот манастир, па пречесните сестри ги чувале скриени неколку дена додека опасноста не преминала и тие заминале во непознат правец.

Дали пречесните сестри добровлно дале согласност да ги засолнат тие луѓе или биле на тоа принудени, не ми е познато. Важно е дека тој нивни гест е со полна симпатија примен од месното население. Тоа го покажуваат и двете писма што ви ги испраќаме во препис, а кои потекнуваат од мошне видно лице на таа организација.

Од приложените писма, особено од второто, се гледа дека ТМОРО настојува со нивната содржина да бидете запознат и Вие, Ваша Еминенцијо. До колку сметате на моето мислење, мислам дека нашите луѓе треба и натаму да стојат подалеку од настаните во врска со акциите што ги преземаат луѓето на таа организација, бидејќи може да дојде до тешки последици ако дојде до компромитација на некоја од нашите установи. Сепак, иако стоиме настрана, ние врз база на христијанскиот хуманизам и милосрдие не можеме да не покажуваме симпатии кон стремежите на населението да се ослободи од тешкото ропство. Границата на тие две крајности не може точно да се определи и главно зависи од умешноста на нашите луѓе.

Наоѓајќи се во мошне неповолна ситуација, како би рекле овдешниве луѓе, меѓу чеканот и наковалната", Ве молиме, Ваша Еминенцијо, да ни дадете совет за натамошното наше однесување, бидејќи сме свесни дека и натаму врз нашите установи ТМОРО ќе врши притисок и ќе не доведува во недоумица што да правиме. Се препорачувам на Вашите молитви и останувам Ваш понизен брат и молитвеник
Доколку внимателно ги разгледаме сите три писма може да се забележи дека Гоце Делчев на суптилен начин се обидува да сврти вниманието на Светата Столица во Рим и преку Ватикан да се делува на тогашните заподноевропски земји за правилно разрешување на македонското прашање..

Манастир во Паљурци, во кој чесните сестри Евхаристинки изградиле манастир, цркви, сиропиталиште и училиште од каде ја ширеле својата мисионерска дејност, а во кој се криеле македонските револуционери, функционирал до 1920 година.

Бил уништен од андартските чети.
__________________
In the name of the blood and the sun, the dagger and the gun, Christ protect this soldier, a full blooded Macedonian.
Soldier of Macedon is offline   Reply With Quote
Old 03-24-2014, 07:31 PM   #57
lavce pelagonski
Senior Member
 
lavce pelagonski's Avatar
 
Join Date: Nov 2009
Location: Commonwealth of Australia (Britania)
Posts: 1,994
lavce pelagonski is on a distinguished road
Default

__________________
Стравот на Атина од овој Македонец одел до таму што го нарекле Страшниот Чакаларов гркоубиец и крвожеден комитаџија.

Ако знам дека тука тече една капка грчка крв, јас сега би ја отсекол целата рака и би ја фрлил в море. Васил Чакаларов
lavce pelagonski is offline   Reply With Quote
Old 07-18-2018, 02:45 AM   #58
Liberator of Makedonija
Member
 
Liberator of Makedonija's Avatar
 
Join Date: Apr 2014
Location: Australia
Posts: 857
Liberator of Makedonija is on a distinguished road
Default

Delcev's first cousin fought for the Partisans in the Second World War and later became secretary to Cento:

https://en.wikipedia.org/wiki/Kateri...Nurd%C5%BEieva
__________________
I know of two tragic histories in the world- that of Ireland, and that of Macedonia. Both of them have been deprived and tormented.
Liberator of Makedonija is offline   Reply With Quote
Old 08-15-2018, 07:52 PM   #59
Carlin15
Member
 
Carlin15's Avatar
 
Join Date: Dec 2017
Location: Canada
Posts: 704
Carlin15 is on a distinguished road
Default

ПОСЛЕДНИОТ ИЛИНДЕНЕЦ ЛАМБЕ МОЈСОВСКИ КОНТРА ЗАЕВ, БОРИСОВ И ЦИПРАС: Мачен народ сме ние, ама народ, разбираш, Македонци!

URL:
https://denesen.mk/posledniot-ilinde...ash-makedonci/

Пишува: Блаже Миневски

Ме вика татко ми Стојан, седиме сами в соба, на маса, ми турвит и мене ракија: Голем си Ламбе, велит, ќе разбериш. Мачен народ сме ние, ама народ, разбираш, Македонци, и ништо друго, а ова е Македонија, наша и на никој друг. Пушти ти што зборвет некои таму во Охрид. Запомни ова што ти вела и помни, не заборавај, отсега па довека!

И уште ми велит:

Земи си, велит, пљачките и оди кај Тасе војвода, во четата. Ќе дајш клетва кај него и тој оттука па натаму и татко и мајка и брат, и се ќе ти бидит! Оди ми со здравје, велит, јунак мој!

И одам јас горе во буките, и гледам многу народ се збрал. Од сите шест села во Малесија. Седиме така, се спремаме, се готвиме за пат. И уште народ иде во четата, гледам и се чудам, и два Турчина дошле од село Мислодежда, и тие ќе се биет со аскерот, да чува господ. Ама, си велам, знае војводата што прави, умен е тој. Е, дојде денот, ќе ојме на Рудина, на Стогова. Јас најмал и се до војводата мој Тасе одам, многу ме сакаше

Гори Македонија, а ние седиме и се криеме!

Ете ова, меѓудругото, го раскажал пред камерата на ТВ Скопје илинденецот Ламбе Мосјовски во далечната 1984 година, една година пред да го заврши на 99 годишна возраст својот долг и бурен живот на комита, последен жив илинденец, печалбар и македонски патриот осуден од врховистите на Ванчо Михајлов на смрт. Според Иван Глигоровски, кој пред повеќе од триесет години снимил документарен филм за последниот жив учесник во Илинденското востание и носител на илиденска пензија, главниот јунак на овој запис е погребан на Новите гробишта во Белград на парцелата број 109, каде што е погребана и неговата сопруга Јозефина, но не се знае тој во кој гроб точно почива. Поблиски роднини нема и ако има подалечни тие не се во можност финансиски да се погрижат и да го идентификуваат спомен-обележјето на илинденецот, односно да се утврди дали под името Ламора Мојсовиќ стои личноста Ламбе Мојсовски. Претпоставувам дека е така, пишува Глигоровски во својата книга Последниот илинденец, бидејќи тој се оженил во Унгарија и кај него се најдени документи од таа земја.

Желбата на Мојсовски била да биде погребан во својата Малесија, во своето родно село Присовјани, но болеста, материјалната состојба, згаснувањето на неговото семејство мајка, татко,браќа и сестри веројатно придонеле тој да биде погребан во Белград, градот во кој го завршиил својот живот.

Но, да се вратиме на Илинденското востание, на времето кога како седумнаесетгодишно момче дошол во четата на војводата Тасе Ристов:

И дојде втори август 1903 година. Договорено беше цела Македонија да се дигне против Турчинот, оти бевме под негово ропство. Дојде време на живот и смрт. Станаа сите села и заминаа во планините. Градовите помагаа со оружје што се носеше кај нас и ние го прифаќавме. Се сеќавам дека во планината тогаш се собраа сите чети, имаше од Локов и од околните села Збажди, Присовјани Некои села веќе беа изгорени Еден ден гледаме аскерот доаѓа од кај Дебар. Го сопревме во Орман, но тоа не траеше долго, тие со топови пукаа. Насекаде свиреа гранати, паѓаа дрвја, гранки, а ние бевме сите собрани во коријата, деца, жени, сите. Никој не остана во селата. Тогаш моравме да се повлечеме. Сетне војводата Тасе Ристов ми нареди да се качам на едно дрво и да видам колкава турска војска доаѓа угоре. А пред мене еден видик, цела Рудина како на дланака ја гледам. Но, што да видам, Турчин до Турчин, бројот не може да се процени, огромна војска доаѓа по нас. Тогаш војводата нареди половина чета заедно со селаните да тргне кон Славеј планина, а другите со него да останат и да се борат со Турците. Почнаа борбите, грмат топовите на аскерот, се корнат буките. Пукаме и ние, возвраќаме со оган. И јас зедов една пушка, дотогаш немав, и почнав да пукам, да арчам куршуми. Гине аскерот, но се приближува до нас. Загинаа и наши борци кај Селце, загинаа многу Малесијци. Војводата сетне виде-невиде нареди да се повлечеме кон Славеј планина, кај нашите. Тука имаше многу народ, многу востаници, имаше болница, имаше оружје, коњи На оние што немаа оружје тука им се даваше. Овде останавме две недели. Храната полека ја снемуваше, почнаа децата да плачат, а ние молчиме, не знаеме што да правиме. Ни стана жал за нив а и вакво ли е комитството, си велиме. Гори Македонија, а ние овде седиме и се криеме. И тогаш, еден ден, рипна војводата и вели:

Станувајте, браќа, одиме кон Кичево!

Ги поминавме сите караормански села и се упативме кон Козица и Белица. Тука ги оставивме децата и жените, а четата продолжи кон Голак. Тука се сретнавме со други чети и комити. Во тој реон останавме три месеци, се водеа големи борби, но имаше и многу жртви. Долго време се држевме и се боревме

4 000 Албанци против Илинденците

Според историските архиви заедно со турската војска во борбите во Малесија учествувале и околу 4000 Албанци, кои главно пљачкале и ги палеле селата, вршејќи невиден терор врз населенеите што останало во своите домови. Во тој ужасен масакар што го вршеле Албанците настрадале селата Збажди, Ржаново и Локов, а биле убиени голем број деца, жени и старци. Само од Охридскиот револуционерен округ, од вкупно 75 села, 32 села целосно биле изгорени и уништени. Десет села со 2.064 куќи биле делумно изгорени а без покрив над главата останале 13.144 жители. Во оваа револуционерен округ 419 деца, жени и старци биле убиени во своите домови и дворови.

Трај Ламбе, ќе поминит и ова, ќе ја видиш ти уште Македонија!

Борбите завршија насекаде, во нашиот крај, во кичевско, прилепско, демирхисарско, востанието беше задушено се сеќава Ламбе Мојсовски во документарниот филм што екипата на ТВ Скопје го снимила во неговиот скромен дом на улиоца Крал Милутин број 35 во Белград.

Мислев дека Тасе војвода ќе собере нова чета, посилна, и дека сетне ќе се фатиме нов каршијак со Турците, да се одмаздиме за нашите жртви, да ја одмаздиме нивната крв. Но од тоа немаше ништо. Се растурија четите, борците замолчаа, престанаа пукотниците. Мојот војвода Тасе Ристов не го видов повеќе, не чув каде заминал и дали продолжил со револуционерната дејност. Јас бев млад, имав 17 години, а во моето Присовјани не можев да останам. Заминав во Ресен и две години одев со една група мајстори, помагав, ѕидавме куќи, но мислите постојано ми беа свртени кон планината, се надвевав дека ќе добијам некаква покана, некој знак, пак да ме викнат назад во четата, пак да се бориме за Македонија. Во Ресен доаѓаа понекогаш луѓе од нашиот крај и од нив научив дека Приосовјани повторно заличило на село; дознав дека многу наши војводи, комити, многу Илинденци, пребегале во Бугарија. Таму заминале оти Бугарите демек ни биле пријатели, можеле да ни помогнат. А видовме подоцна колку ни помогнаа и што сакаше Бугарија од нашата Македонија. Времето си врвеше, јас веќе стасав за женење, но на женење и не помислував. Моите мисли се уште беа свртени кон четата, кон борбата за слобода, но такво нешто немаше, беше некаков голем молк, како да завршил светот и векот А во Бугарија да ме бесиш не одам, и за среќа никогаш не отидов, а му благодарам на Господ за тоа. Во Грција да заминам не можам, таа е бетер од Бугарија. Нема друго место и друга земја, си велам, ќе одам во Србија. И точно кога наполнив 19 години, беше тоа 1905 година, со нешто алишта в торба една ноќ тргнав од Ресен за Велес пеш. Оди, оди, не се доодува. Сепак некако стигнав во Велес. Седам на едно ѕитче, а во мислите ми се врти мајка Иванка, татко Стојан, браќата Антон и Сандре, сестрите, сите мои блиски. Иако бев блиску, во ресенско, Турците чекаа да припарам во селото, и затоа не можев да ги видам моите, да се радувам со нив, а сега еве наближува мигот кога ќе се збогувам и со Македонија. И верувајте, во тие моменти, тука, на железничката станица во Велес, се расплакав како дете. И тргна возот, да трчаш побрз си од него. Си думам да скокнам, да се вратам, ама каде ќе се вратам, Турците ме бараат под дрво под камен. И не скокнав, и сетне, оттука цел живот, осумдесет години, ми летнаа далеку од Македонија. И доаѓам јас Ламбе од Караорман во Белград. Еден убав свет, вакви ни во Битола нема, си велам, море костуми, море паларии, море бричени, стрижени, залижани, и сите на лаванда мирисаат. А јас во опинци, со гунче и врзалче, и сам, народ врие, а јас сам. Еј, моја Малесијо, еј моја Македонија, каде си мори, што барам јас овде? Трај Ламбе, си велам, ќе поминит и ова, ќе ја видиш ти уште Македонија, ќе и се изнагледаш

По долгите патешествуја и борба за живот во Чешка, Австрија и Унгарија, повторно се враќа во Југославија, во Србија, во Белград. Во Унгарија, во градот Керменте, продавал сладолед по улиците кога започнала Првата светска војна. Во тој период му се случува еден настан кој го запомнал цел живот:

Еден ден на вратата дома во Кременте тропа некој! Влегваат тројца војници и еден офицер. Офицерот ме турка настрана и бара документи. Добро Ламберт, ми вели. Место Ламбе така бев запишан во документите. Ама кај документите се најде и картата на Македонија. Војниците ја видоа картата и гледаат право во мене. Таа карта осум години ја носел во пазувата: Што е ова?, рече едниот. Тоа е карта на Македонија, реков јас. А зошто ти е картата? Па тоа е мојата земја, тоа е Македонија. Јас сум се борел за неа А така значи, вели војникот. А дали знаеш дека сме во светска војна? Не знам што реков но знам дека ми дадоа некакво листе и ми рекоа дека не смееме да излегуваме до градот.

Подоцна, поради конфликт со врховистите во Прага, кои патем го осудуваат на смрт, затоа што јавно, пред голем број луѓе, гласно им кажал дека сакет на сила Бугари да не перавет, Ламбе Мојсовски го менува местото на својот престој од Белград во Загреб и обратно, а во 1930 година бил фатен на граница со намера илегално да замине во Германија. Го враќаат со полициска придружба во Македонија:

Седам два три-дена во Струга, во Присовјани мое не одам, што ќе праам, нема никого и жал ми е многу. Ми зајми Димитрија писарот пари, и јас пак во воз, и право во Загреб. И Ламбејца ја гледам се исплашила, каде си, бре Ламбе, што не се јавиш, мислев те отепале. И после ми расправа, ме барале врховистите под дрво-под камен, ама неа, Јозефина, Бела, не ја чепнале. А јас револверот комитски со мене го носам и на спиење.

Кога почнала Втората светска војна веќе имал 55 години; не го сака војската, но тој со сопругата помага колку што може:

Не отидов во партизани. Не оти не сакав, не ме држеа нозете. Но помагав на друг начин. Многумина од мојот крај од струшко и охридско беа на Сремскиот фронт во 1944 година. Со сопругата одевме во некои места каде што имаше борци од Македонија и нив им дававме облека што Ламбејца сама ја шиеше. И храна им дававме. Во 1953 година отидов во пензија, но само од пензија не се живее во Белград па земав некоја паричка и од филмовите што се снимаа во градот, ме викаа да статирам, ме бивало за тоа, ја завршува својата речиси еден век долга приказна таа 1984 година последниот жив илинденец а неговите сеќавања триесет години подоцна публицистот Иван Глигоровски ги собра во книга.
Carlin15 is offline   Reply With Quote
Old 09-21-2018, 08:56 AM   #60
Liberator of Makedonija
Member
 
Liberator of Makedonija's Avatar
 
Join Date: Apr 2014
Location: Australia
Posts: 857
Liberator of Makedonija is on a distinguished road
Default

Came across this quote:

"The Greek priests and schoolmasters are obstacles. The time has come to play the game for the Bulgarians. We are all Bulgars. We must work for Bulgaria, because she will come to help us to throw off the Turkish yoke."

Now whether it is true or not I have no idea. What is interesting that, assumings it's true, Delčev says that "Time time has come to play the game for the Bulgarians". Now how I interpret that is that Delčev is saying Macedonians should go-along with Bulgaria's game for now as it benefited us at the time, to me he appears to make a distinction between Macedonians and Bulgarians indirectly here. He also states that we should "...work for Bulgaria, BECAUSE....". I see this almost as a way of him trying to justify why we should work for Bulgaria, that reason being because unlike the other states, they were willing to "help".
__________________
I know of two tragic histories in the world- that of Ireland, and that of Macedonia. Both of them have been deprived and tormented.
Liberator of Makedonija is offline   Reply With Quote
Reply


Currently Active Users Viewing This Thread: 1 (0 members and 1 guests)
 
Thread Tools

Posting Rules
You may not post new threads
You may not post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off
Forum Jump