Димитар Мирасчиев и неговиот соборец и другар четникот Јордан Ангелов не само што се декларирале како Македонци (а не како Бугари), туку и отворено ги прифатиле идеите на Крсте Мисирков, поради што дури биле и апсени од бугарската полиција во Софија, веднаш по трагичниот крај на Илинденското востание. Од овој период останало следново сведоштво од самиот Ангелов:
„Димитар Мирасчиев се зближи со Мисирков и обајцата се согласија кон политичкиот автономен принцип за слободата на Македонија да се додаде националната и јазична автономија, преку започнување на издавање книги и весници на чист македонски јазик. Кон оваа идеја се приклонив и јас... Но, не поминаа ни два дена, книгата беше се уште в печат, во една прекрасна зимска ноќ, јас и Мирасчиев се најдовме по бели гаќи во софискиот затвор... Не навредуваа дека сме сепаратисти и неблагодарници за добрините што ни се направени за слободата на Македонија.“ (Блаже Ристовски: „Димитрија Чуповски 1878-1940“, Скопје, 1978).
За македонските национални пројави и за нивната опасност за бугарштината сведочи и писмото на скопскиот егзархиски намесник Неофит упатено до бугарскиот егзарх на 20.06.1910 година:
„Тој господин Крсте Мисирков на својот роднина му искажал во писмото желба да се врати во Македонија, поточно да дојде во Скопје штом ќе се ослободи Македонија. Сакал човекот да биде професор на скопски универзитет(?!). Ако е тоа вистина, а нема зошто да ме лажат, тогаш самиот заклучете каква опасност и претстои на бугарштината во овие историски времиња. Замислете си да се здружат заедно мисирковштината на господинот Крсте, сепаратизмот на Неговоро Високопреосвештенство Теодосија и автономизмот на господинот Петар Попарсов!“

Comment