Груевски најави три странски инвестиции

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • George S.
    Senior Member
    • Aug 2009
    • 10116

    Груевски најави три странски инвестиции

    сабота, 24 март 2012, 14:20

    Македонија
    Груевски најави три странски инвестиции и 4.000 работни места

    Две американски и една германска компанија донеле интерна одлука за изградба на фабрики за делови или кабли за автомобилска индустрија, кои треба да бидат стационирани во Тетово, Струга и Скопје, ова го најави премиерот Никола Груевски денеска по пуштањето во употреба на реконструираната делница Раштак - Црешево, која е дел од патниот правец Раштак - Сингелиќ.


    - Фабриките во Тетово, Струга и Скопје, сите заедно, ќе вработат околу 4.000 луѓе. Во фабриката во Тетово е најавено 2.000, во Струга околу 1.500 и до 500 лица во фабриката во близина на Скопје, рече Груевски посочувајќи дека се работи за раздвижување на пазарот.

    Македонија, како што истакна премиерот, се повеќе станува атрактивна за странските инвеститори затоа што условите за правење бизнис стануваат се подобри, но и затоа што државата има агресивен настап на странскиот пазар по однос на промовирање на тоа што го нудиме.

    Груевски потсети дека веќе е објавен оглас за изградба на фабрика за изработка на кабли за автомобилската индустрија, која што ќе има 4.000 вработувања во период од неколку години во близина на кавадаречкиот регион.

    - Покрај најавата на белгиската компанија што ќе гради фабрика за автобуси во Слободната економска зона во Скопје, како и најавата за 2.200 нови работни места во новиот трговски центар во Скопје што се гради во населбата Карпош, имаме најава од поголем број други компании како јапонско-италијанска групација, која е една од најголемите производители на автомобилски делови во светот од Јапонија, која заедно со италијанска компанија планираат фабрика за автомобилски делови во Македонија, рече Груевски.

    Тој додаде дека веќе постои и интерна одлука за изградба на фабрика за автомобилски делови во близина на Скопје од страна на британска компанија, која ќе инвестира околу 60 милиони евра, како и најавата за изградба на фабрика за хемиска индустрија во Струга за што наскоро треба да биде донесена интерна одлука.

    - На полето на странски инвестиции има поголем број најави, но заради бизнис спецификата и нашето држење во тој дел не можеме да објавуваме имиња на компании. Но, можам да кажам дека практично имаме најава од поголем број компании кои веќе имаат интерни одлуки за инвестирање во Македонија, но се додека тие не објават, ние не би го правеле тоа, нагласи премиерот, притоа потсетувајќи и на неговата изјава од ноември минатата година кога рече дека годинава се очекуваат најмалку 10 нови фабрики.
    "Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
    GOTSE DELCEV
Working...
X