Енциклопедијата od MAHY -бесплатна

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Sv. Nikola
    Junior Member
    • Sep 2008
    • 43

    Енциклопедијата od MAHY -бесплатна


    Енциклопедијата, исто како тајна книга на отпорот, тајно циркулира во електронска форма секаде во светот. Кој сака може да си ја отпечати, но и немора. Таа е дури и бесплатна.


    , исто како тајна книга на отпорот, тајно циркулира во електронска форма секаде во светот. Кој сака може да си ја отпечати, но и немора. Таа е дури и бесплатна.

    :rmacedonia
  • Risto the Great
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 15658

    #2
    Linkovite ne rabotat dusho.
    Risto the Great
    MACEDONIA:ANHEDONIA
    "Holding my breath for the revolution."

    Hey, I wrote a bestseller. Check it out: www.ren-shen.com

    Comment

    • Sv. Nikola
      Junior Member
      • Sep 2008
      • 43

      #3
      Originally posted by Risto the Great View Post
      Linkovite ne rabotat dusho.

      Ako ne rabotat dali znaes nekoi drugi.

      Comment

      • Jankovska
        Senior Member
        • Sep 2008
        • 1774

        #4
        Why would anyone want to read it? I thought it's full of crap

        Comment

        • Soldier of Macedon
          Senior Member
          • Sep 2008
          • 13670

          #5
          Their opinion and theme is wrong for the most part, but there may be some valuable historical source to which they make reference and hopefully cite in part or full. For that reason alone, I would like to read through it.
          In the name of the blood and the sun, the dagger and the gun, Christ protect this soldier, a lion and a Macedonian.

          Comment

          • Bratot
            Senior Member
            • Sep 2008
            • 2855

            #6
            Code:
            http://rapidshare.com/files/291998083/MK_enciklopedija.rar
            The purpose of the media is not to make you to think that the name must be changed, but to get you into debate - what name would suit us! - Bratot

            Comment

            • Bratot
              Senior Member
              • Sep 2008
              • 2855

              #7
              Lets see the "controversial" parts:

              АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА –
              (со области: Пиерија, Ботиаја,
              Алмопија, Амфакситида, Мигдонија,
              Анатемунт, Ботика, Крусида,
              Бисалтија, Крестонија, Пиерија,
              Едонида, Еордаја, Тимфаја,
              Параваја, Дасаретида, Орестида,
              Линкестида, Пелагонија, Дериоп,
              Пајонија, Парорбелија, Синтика
              и Одомантика) – го опфаќа североисточ
              ниот дел на Балканскиот
              Полуостров: на север од хеленската
              област Тесалија, со која се
              граничи со р. Пенеиос (Пенча),
              пл. Олимп и пл. Пинд; западната
              граница е Шарпланинскиот масив;
              северната граница се движи
              од пл. Јакупица, по долината на р.
              Пчиња и Осоговските Планини с¢
              до пл. Рила, а на исток по источ-
              ните падини на Пирин Планина
              до утоката на Места. Оваа географска
              определба ја претставува
              државната граница на Античка
              Македонија.
              Првите записи за историјата на
              Македонија се содржат во Хомеровата
              епопеја „Илијада# („криволаките
              Пајонци# од широкиот
              Аксиј, и најстарите топоними –
              Пиерија и Ематија). Според митопејата,
              земјата е наречена Македонија
              по Македон, син на Ѕевс и
              на Тија, ќерка на Девкалион (Хесиод).
              Етимологијата на името
              Македонија не е потврдена, најверојатно
              потекнува од супстратниот
              слој на исчезнатите балкански
              јазици од индоевропско потекло.
              Јадрото на македонската држава
              е областа меѓу реките Лудијас и
              Аксиј (Херодот). Прв македонски
              крал е Пердика И (сп. Античките
              записи), кој владее кон крајот на
              ВИИИ в. Пр.н.е.; од него започнува
              владеењето на македонската династија
              Аргеади (Аргеас е епонимниот
              херој на Македон) и обединувањето
              на македонските племиња.
              Кралевите од династијата Аргеади
              (707–310/9) се: Пердика, Аргај,
              Филип, Аероп И, Алкета,
              Аминта И, Александар И, Пердика
              ИИ, Архелај И, Орест, Аероп ИИ,
              Аминта ИИ, Павсанија, Аминта ИИИ,
              Александар ИИ, Птолемај Алорски,
              Пердика ИИИ, Филип ИИ, Александар
              ИИИ, Филип ИИИ, Александар
              ИВ. Првата престолнината е Ајга,
              каде што е и кралската некропола,
              а втората престолнина, изградена
              во времето на Архелај И
              (413–399), е Пела, која во времето
              на Филип ИИ (359–336) станува метропола
              на Балканот, поголема и
              од Атина. Моќта на македонската
              држава се должи на богатството и
              местоположбата на земјата, способните
              владетели, военото уредување,
              вештината на војувањето
              на Македонците и стремежот за
              хегемонија не само над Балканот,
              туку и над тогашниот Свет. Македонија
              и Македонците стануваат
              доминантен фактор на Балканот
              во времето на Филип ИИ Македонски,
              а неговот син Александар ИИИ
              Македонски создава светска империја,
              го обединува „Светот# на
              најблагороден начин преку „светите
              свадби# на старите континенти.
              По смртта на Александар
              ИИИ Македонски, со Македонија
              владеат (334–168) неговите наследници,
              дијадосите и епигоните:
              Антипатар, Касандар, Филип ИВ,
              Александар В, Деметриј И, Пир,
              Лизимах, Птолемај. По 277 год.
              пр.н.е. Следи последната македонска
              династија Антигониди: Антигон
              И Гонат, Деметриј ИИ, Антигон
              Досон, Филип В и Персеј. Македонија
              (сп. Страбон) на запад гранич
              и со брегот на Јадранското
              Море, на исток со утоката на р.
              Хебар (Марица) и гр. Кипсела; на
              север се шири преку пл. Бертиск
              (ден. Северноалбански пл.), Скард
              (Шар), Орбел, Родопа и Хемус
              (Стара Пл.), на југ со Виа Егнатиа,
              што води од Дирахион (Драч) кон
              исток до Тесалоника.
              Најстарите македонски градови
              се формирани уште во ВИ в.
              пр.н.е.: првата престолнина е Ајга,
              а втората Пела; на падините на
              пл. Бероја се гр. Едеса и Бероја,
              во Пиерија гр. Пидна, а во поднож
              јето на пл. Олим: Дион, македонското
              светилиште, Лејбетра,
              Хераклеијон, Метона, Пидна; во
              Ботиаја: Едеса, Бероја, Кир, Скидра,
              Миеѕа, Ихна, Алорос; во
              Мигдонија: Тесалоника (основана
              во 316/5 г. Пр.н.е.), Терма, Ематија,
              Синдос, Аретуса, Лета; во Амфакситида:
              Идомена, Гортинија,
              Аталанта и Европ; во Пиерија
              (крајбрежјето при утоката на р.
              Стримон): Ејон, Амфипол, Галепс,
              Ојсимна, Неапол и Аконтисима;
              во Едонија: Филипи (основан
              од Филип ИИ); на Халкидик:
              Касандреја (постариот г. Потидаја),
              Аполонија, Антигонеја, Стратоникеја,
              Уранопол, Стагира; во
              Дасаретида: Лихнидос, Евија и
              Ускана; во Дериоп: Стубера, Алкомена
              и Бријанион; во Пајонија:
              Аргос, Стоби (на утоката на Црна
              Река во Вардар), Антигонеја,
              Еврист, Стена, Билаѕора, Астибос,
              Добер, Астрај и Баргала; Арг
              Орестикон во областа Орестида;
              во Пелагонија: гр. Пелагонија,
              Керамија и Колобајса. До римскиот
              период во Македонија има
              повеќе од стотина градови.
              По трите Македонско-римски
              војни Македонија потпаѓа (168 г.)
              под римски протекторат. Управно
              е поделена на четири дела (меридии).
              Римјаните наметнуваат
              сурови услови и Македонија е
              уништена и политички и економски.
              По обидот за ослободување
              со востанието на Андриск, Македонија
              е претворена во римска
              провинција (146 г.), главна воена
              база за римските освојувања на
              север (Трибали, Мези) и на североисток
              (Тракијци). Во време на
              римскиот император Октавијан
              Август, Македонија добива статус
              на „провинциа инермис#.
              Во 40-тите год. На ИИ в. Пр.н.е. Е изградена
              најзначајната сообраќајница
              меѓу Рим и Константинопол
              Виа Егнатиа, која со два крака, едниот
              од Аполонија, другиот од
              Епидамнос, ги поврзува македонските
              градови Лихнидос, Хераклеја
              Линкестиска, Едеса, Тесалоника
              со Константинопол. Се градат
              и други патишта: Виа милитарис
              по должината на Аксиос, кој ги
              поврзува Тесалоника – Идомена –
              Антигонеја – Стоби – Билазора –
              Скупи, продолжувајќи кон Наисос,
              по текот на р. Морава допира
              до Виминациум; трасиран е и дијагонален
              пат од Хераклеја Линкестиска
              – Стоби – Астобо – Транупара
              до Павталија и Сердика. Во
              доцноримскиот период Македонија
              стопански опаѓа, територијалниот
              опфат на градовите се
              стеснува, а расте бројот на добро
              утврдените места поради постојаните
              напади (В–ВИ в.) од Готи, Хуни,
              Авари и Словени (свед. На летописците);
              единствено Тесалоника
              се развива како метропола
              на Балканот.
              Во Македонија христијанството
              има голем број приврзаници од
              самиот почеток; таа е првата земја
              во која пристигнува апостол
              Павле (49 г.) за да го шири христијанството;
              подоцна се формираат
              моќни епископски седишта
              во градовите: Тесалоника, Филипи,
              Стоби, Лихнидос, Хераклеја,
              Скупи, Дион, Бероја, Тивериопол,
              Јустинијана Прима.
              ЛИТ.: Јустин, Филиповата историја.
              Прев. Љ. Басотова, Скопје, 2000; К. К.
              Руф, Историја на Александар Македонски.
              Прев. Љ. Басотова, Скопје, 1998; Н. Г.
              Л. Хаммонд, Тхе Мацедонин Стате, Оџфорд,
              1989; Е. Петрова, Бригите, Скопје, 1996;
              Н. Проева, Студии за античките Македонци,
              Скопје, 1997; Историја на македонскиот
              народ 1, Скопје, 2000; Ф. Папазоглу,
              Историја на хеленистичкиот период,
              Скопје, 1995; М. Бошкоски, Имињата
              Македонија и Македонци во средновековните
              извори, Скопје, 2003; А. Шукарова,
              Филип ИИ Македонски и атинските ретори,
              Скопје, 2003. А. Шук.
              АНТИЧКИ МАКЕДОНЦИ – палеобалканска
              популација од индоевропско
              потекло; посебен етнос
              што се формира во ВИИИ в.
              пр.н.е. Од популации што уште во
              ИИИ милениум го населуваат Централниот
              Балкан. Во етногенезата
              на Македонците влегуваат повеќ
              е етноси што живееле на територијата
              на античка Македонија:
              Бриги (Фриги во Мала Азија),
              Пајонци, Пелагонци, Линкести,
              Енгелани, Дасарети, Орести, Еордаи,
              Елимеи, Ботиајци, Пиеријци,
              Алмопи, Мигдонци, Крестонци,
              Бисалти, Еордајци, Едони и др.
              помали етноси. Во ВИИИ в. Започнува
              процесот на обединување на
              македонските племиња во единствена
              држава со македонските
              кралеви од династијата Аргеади,
              која прераснува во светска империја
              во времето на Александар ИИИ
              (336–323 г. Пр.н.е.).
              Античките извори сведочат за посебноста
              и другоста на а. Македонци
              во однос на др. Соседни етноси:
              Хелени, Тракијци, Илири.
              Посебноста се препознава по: македонската
              басилеја (монархија)
              со наследна династија и „македонски
              закони# (сп. Античките политиколози);
              посебните но и општите
              балкански обичаи, обреди и
              свечености посветени на македонските
              божества и на митските
              херои Каран, Темен, Македон,
              Мида, култовите (култ на водата
              Беди, култ на сонцето, кучето) и
              мистичните култови на божествата:
              Бакхос, Сабасиос, Ѕеирена,
              Херакле, Орфеј, Музи; посебниот
              македонски јазик (според Хелените,
              Македонците се „барбари#,
              поради различниот менталитет, а
              јазикот им е „барбарски# – неразбирлив).
              Покрај многубројните
              потврди кај античките автори за
              посебниот македонски јазик, објавени
              и недоволно етимолошки
              потврдени се само 150 македонски
              глоси, кои покажуваат дека
              македонскиот е индоевропски јазик,
              сроден со бригискиот и со
              другите индоевропски јазици.
              По паѓањето на Македонија под
              римска власт (146 г. Пр.н.е.) започ-
              нува процесот на романизирање
              на населението. Присуството на
              римските војски, но и на Готите,
              Хуните, Аварите и Словените носи
              промени во етничкиот состав
              на автохтоното население. Словенскиот
              етнос, како доминантен,
              влегува во етногенезата на Македонците,
              ги наметнува словенскиот
              јазик и словенската култура, а
              христијанството, кое се шири од
              самиот почеток (во И в. Н.е.), во ИВ
              в. Станува главно обележје на Македонците,
              коешто е потврдено со
              многубројните христијански базилики
              и сесловенски просветители.
              ЛИТ.: Херодотус, 4 Волс., Харвард Универитѕ
              Пресс, 1960; Тхуцѕдидес, 4 Волс., Харвард Университѕ
              Пресс, 1958; Полѕбиус, Тхе Хисториес, 6
              волс. Харвард Университѕ Пресс, 1960; Н. Г. Л.
              Хаммонд, Тхе Мацедонин Стате, Оџфорд, 1989;
              Е. Петрова, Бригите, Скопје, 1996; Н.
              Проева, Студии за античките Македонци,
              Скопје, 1997; Историја на македонскиот
              народ, 1, Скопје, 2000; Ф. Папазоглу,
              Историја на хеленистичкиот период,
              Скопје, 1995; М. Бошкоски, Имињата Македонија
              и Македонци во средновековните
              извори, Скопје, 2003; А. Шукарова, Филип
              ИИ Македонски и атинските ретори,
              Скопје, 2003. А. Шук.
              The purpose of the media is not to make you to think that the name must be changed, but to get you into debate - what name would suit us! - Bratot

              Comment

              • Bratot
                Senior Member
                • Sep 2008
                • 2855

                #8
                АЛБАНСКИ НЕЛЕГАЛНИ ОРГАНИЗАЦИИ
                НА ТЕРИТОРИЈАТА
                НА РМ: марксисти-ленинисти
                од Косово, Народно Дви-
                жење за Косово, Бали комбетар
                (преку сојузот на Косовари од
                САД), ограноци на УНИКОМБ
                (Партија за национално обединување
                на Албанците), Национално
                движење за ослободување на Косово,
                Национална партија на трудот,
                „Повик за слобода# – со различ
                на идеолошка определба, самостојни
                или ограноци на организации
                од Косово, Албанија, Западна
                Европа и САД. Дејствувале
                за реализација на големоалбанската
                идеја, конспиративно и легално.
                Конспиративно дејствувале
                нелегалните здруженија и организациите
                од редовите на албанската
                емиграција. Легалната
                дејност ја вршеле во координација
                и со поддршка од Албанија.
                Преземале и поекстремни дејства,
                како масовни демонстрации,
                оружени акции и саботажи. Имале
                вооружени терористички и паравоени
                групи за борба за „Голема
                Албанија#.
                ЛИТ: Бранислав Божови¢ - Милорад ВакиÊ,
                Сурова времена на Косову и Метохији,
                Београд, 1991; Д-р ™орÚе Борозан, Велика
                Албанија, Београд, 1995; Томе Батковски,
                Великоалбанската игра во Македонија,
                Скопје, 1994. Ѓ. Малк.
                АЛБАНСКИ ПОЛИТИЧКИ
                КЛУБОВИ ВО МАКЕДОНИЈА
                (1908–1909). По воспоставувањето
                на парламентарниот систем со
                воведувањето на Уставот во отоманската
                држава во 1908 г. Во вилаетските
                центри во Македонија
                Скопје, Битола и Солун, потоа и
                во Дебар биле основани и албански
                политички клубови. Клубот
                во Скопје бил основан во почетокот
                на септември од офицери во
                војската и чиновници во вилаетските
                органи на власта на отоманската
                држава. И Солунскиот албански
                клуб бил основан и раководен
                од личности на високи др-
                жавни служби. Солунскиот клуб
                до пролетта 1910 г. Го раководел
                Митхат Фрашери, директор на
                Политичкото одделение на вилаетската
                управа. Двата албански
                клуба ја претставувале проотоманската
                струја. Битолскиот албански
                клуб „Единство# ја претставувал
                националната струја,
                имал раководна улога на целиот
                јужен и централен дел од Албанија
                (земјата на Тоските). Секој од
                клубовите имал своја програма и
                дејствувал самостојно. Главно
                прашање во дејноста на клубовите
                било отворање училишта и образование
                на албански јазик и
                писменост. По иницијатива на Битолскиот
                клуб, во Битола се одр-
                жал албански конгрес (14–21. ЏИ
                1908) со учество на 32 делегати, за
                прашањето на албанската азбука.
                На Конгресот не била постигната
                согласност и прашањето за азбуката
                останало отворено. Латинич
                ната азбука, приспособена на
                фонетските особености на албанскиот
                јазик, постепено ги истиснувала:
                арапската азбука во северниот
                и грчката во јужниот дел на
                Албанија. Во 1909 г. Во клубовите
                биле формирани и тајни комитетити
                за организирање оружени
                акции. По донесувањето на Законот
                за забрана на политичкото
                дејствување, Солунскиот и Битолскиот
                клуб ја прекинале дејноста,
                а Скопскиот клуб присилно бил
                растурен (28. ЏИ). Во декември
                1909 г. Забранетиот албански политич
                ки клуб во Скопје се конституирал
                како „Просветен клуб#.
                ЛИТ.: Ил. Гологанов, Младотурците и
                албанците, †БÍлгарска сбирка#, кн. 7, СофиÔ,
                1912; И. Сенкевич, Освободител¯ное
                движение албанского народа в 1905–1912,
                Москва, 1953; Манол Пандевски, Политич
                ки партии и организации во Македонија
                (1908–1912), Скопје, 1965. К. Мин.
                АЛБАНСКО-МАКЕДОНСКИ
                ВРСКИ И ОДНОСИ. Почетоците
                им се во формирањето на првата
                Албанско-македонска револуционерна
                лига (1887). Од неа во
                1902 г. Произлегува Проект за
                автономија на Македонија, Албанија,
                Стара Србија и Одрин, доставен
                до британскиот Фореигн оффице.
                Албанци учествуваат во активностите
                на МРО и во Илинденското
                востание. Во август 1913 г.
                во Елбасан ВМРО и Албанскиот
                револуционерен комитет на чело
                со Сефедин Пустина договараат
                востание против српската власт
                во Дебарско, Охридско, Стру-
                шко, Кичевско и Гостиварско.
                По капитулацијата на Италија
                (1943), Германија формира независна
                држава Албанија што го
                опфаќа делот од Западна Македонија,
                претходно под италијанска
                окупација. Се воспоставува
                целосен албански административен,
                воен, полициски и просветен
                апарат и до ослободувањето (ноември
                1944) се спроведува асимилација
                и насилство врз Македонците
                од албанско-балистичките
                банди. Од 1945 до 1948 г. РА и
                ДФЈ склучуваат неколку спогодби
                за соработка кои, во деловите
                во кои живеат припадници на македонското
                малцинство, овозмо-
                жуваат организирање настава на
                македонски јазик со учители од
                ДФМ. ДФЈ учествува во обновата
                на РА, но поради целосната затвореност
                на РА до почетокот на
                90-тите години од ЏЏ в., не постојат
                посериозни односи. РА ја
                признава РМ на 26. ИВ 1993 г., но
                под акронимот ПЈРМ. Дипломатски
                односи се воспоставуваат на
                24. ЏИИ 1993 г. Прв вонреден и
                ополномоштен амбасадор на РА
                во РМ е Шабан Мурати. Прв вонреден
                и ополномоштен амбасадор
                на РМ во РА е Никола Тодор-
                чевски. Во 2005 г. Се формира прва
                политичка партија на Македонците
                – Македонска алијанса
                за европска интеграција. На локалните
                избори во 2007 г. Нејзиниот
                член Едмон Темелко е избран
                за градоначалник на Оп-
                штината Мала Преспа.
                ЛИТ.: Христо Андонов-Полјански, Прилог
                кон македонско-албанските врски во
                минатото, Одбрани дела, т. 3, Скопје,
                1981; Виктор Габер, За македонската
                дипломатија, Скопје, 2002. Т. Петр.
                АЛБАНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
                ‡ најбројна етничка заедница
                во РМ, дел од албанскиот народ
                што ги населува западните
                простори на Балканскиот Полуостров.
                Кај другите балканските
                народи се познати и како Арбанаси,
                Арнаути или Шиптари (Планинци).
                По вероисповед се главно
                муслимани.
                Доселувања во Македонија се забележ
                уваат главно по ЏВИ в. Незабележ
                ително се доселувале веќе
                исламизирани. Доселувањето имало
                поголем интензитет во втората
                половина на ЏВИИИ в., кога албанските
                феудалци дејствувале за осамостојување
                од центрлната власт и
                проширување на своите владенија
                и во Македонија. Али-Паша Јанински
                (од крајот на ЏВИИИ в.) ја про-
                ширил својата власт и во југозападните
                краеви на Македонија, по што
                всушност и започнало доселувањето
                на Албанците. Тогаш се доселувале
                по едно или повеќе семејства
                во околу триесетина села. Сите тие
                пристигнале од Северна Албанија
                и припаѓале на племето Геги. Во
                Тетово, Гостивар и во други места
                се појавиле полузависни паши од
                албанско потекло што ги поттикнувале
                доселувањата. Биле користени
                качачки банди што го тероризирале
                македонското население
                и го присилувале да се иселува.
                Во македонски домови и села
                се населувале албански семејства.
                Нивниот број до почетокот на
                ЏИЏ в. Изнесувал околу 20.000 ду-
                ши. Во периодот од 1780 до 1800 г.
                доселениците биле од племињата
                Красниќи и Шаља и еден фис од
                Јужна Албанија. Тие се населиле
                во Битолско (Нижеполе и Старо
                Змирнево), во Гостиварско (Србиново,
                Градец, Речани и Чегране),
                во Кичевско (Зајас, Арангел и
                Поповјане, Оризари, Србица и
                Челопек), во Кумановско (Липково),
                во Прилепско (Десово, Жито-
                ше и Дебреште), во Скопско (неколку
                села на Дервенот, Гумалево,
                Ново Село и Брест), во Стру-
                шко (Долна Белица) и во Тетовско
                (Теарце, Порој, Гајре, Мала
                Речица, Шипковица, Тетово, Калиш
                те и Лисец).
                Вториот период на насилното доселување
                се одвивало од почетокот
                до четвртата деценија на ЏИЏ
                в. Тогаш албанското население
                нараснало на околу 50.000, па од
                2,43% (наспроти 97,57% Македонци)
                ок. 1800 г., веќе во 1840 г.
                се зголемило на 6,10% (наспроти
                93,90% Македонци). Новодоселените
                родови Албанци дошле од
                областите на Северна Албанија:
                Елбасанско, Љума и Мат, а од
                Јужна Албанија дошле од Кор-
                чанско и од други краеви. Се населиле
                во Радолишта и Франгово
                (Струшко); Горњани, Чегране,
                Страјане, Равен и Доброште (Гостивараско);
                Бозовце, Гргурица,
                Нераште, Калиште, Ѓермол, Добриш
                те, Слатино и Шемшево (Тетовско);
                Шишево, Вртекица, Д’лга,
                Раовиќ, Алдинци, Добрино,
                Радуша, Тисовица и Драчевица
                (Скопско); Ропалце (Кумановско)
                и во Кишава (Битолско).
                Периодот од 1840 г. До почетокот
                на ЏЏ в. Се карактеризирал со помал
                број доселени Албанци. Во
                овој период Албанците се инфилтрирале
                во голем број населени
                места: во Битолско имало ок.
                6.990 лица во 21 од вкупно 150 н.
                м.; во Велешко ок. 1.150 л. Во 3 од
                вкупно 150 н. М.; во Дебарско ок.
                11.905 л. Во 8 од вкупно 71 н. М.; во
                Железник – Демир Хисар ок. 1.410
                л. Во 5 од вкупно 43 н. М.; во Кичевско
                ок. 5.915 л. Во 19 од вкупно 84
                н. М., во Кочанско ок. 45 л. Во 2 од
                вкупно 78 н. М.; во Крушевско ок.
                2.600 л. Во 10 од вкупно 24 н. М.; во
                Кумановско ок. 6.576 л. Во 26 од
                вкупно 109 н. М.; во Охридско ок.
                1.160 л. Во 2 од вкупно 57 н. М.; во
                Полог ок. 34.861 л. Во 119 од вкупно
                205 н. М.; во Тетовско ок. 18.260
                л. Во 67 од вкупно 109 н. М.; во Прилепско
                ок. 1.305 л. Во 3 од вкупно
                88 н. М.; во Ресенско ок. 1.551 л. Во
                12 од вкупно 30 н. М.; во Скопско
                ок. 8.551 л. Во 46 од вкупно 149 н.
                м., во Струшко ок. 5.831 л. Во 18 од
                вкупно 32 н. М.; во Тиквеш имало
                ок. 24 л. Во 2 од вкупно 96 н. М. До
                почетокот на ЏЏ в., како и потоа
                с¢ до 1944 (со незначителни промени)
                Албанци се доселиле во 298
                од вкупно 2.017 населени места во
                Македонија, во кои живееле околу
                90.000 Албанци.
                Последниот (четвртиот) бран доселувања
                го опфаќа периодот по
                1944 г. Така поради големиот наталитет
                и механичкиот прилив од
                Косово, Метохија и Јужна Србија,
                нивниот број постојано се зголемувал.
                До Балканските војни
                (1912‡1913) во Македонија живееле
                128.711 Албанци или 5,70% од
                целокупното население. По поделбата
                на Македонија, поголемиот
                дел од албанското население живеело
                на денешната територија на
                РМ. Во 1948 г. Во НР/СРМ живееле
                197.389 (17,1%) Албанци, во
                1981 ‡ 377.208 (19,8%), а според
                пописот од 2002 се декларирале
                509.083 Албанци или 25,17% од
                целокупното население. Најголем
                дел од нив живеат во проширената
                општина во Скопје (103.891),
                Тетово (60.886), Гостивар (54.038),
                Струга (36.029), Куманово (27.290),
                Липково (26.360), Желино (24.195),
                Студеничани (11.793), Зајас (11.308)
                итн. Од вкупно 85 општини, албанската
                етничка заедница е мнозински
                етнички елемент во 16 оп-
                штини. Растежот на албанското
                население во РМ се должи на високиот
                наталитет и на миграционите
                движења од Косово и Метохија.
                Во времето на Кралството
                Југославија Албанците не уживале
                национални права.
                Во периодот на Втората светска
                војна (1941‡1945) поголемиот дел
                од нив се ориентирале кон албанското
                националистичко движење
                (Бали Комбетар), а помал дел кон
                антифашистичкото (комунистич-
                ко) движење. По Втората светска
                војна Албанците во РМ добиле
                полна политичка и уставна рамноправност.
                Со Уставот од 1946 г.
                добиле статус на малцинство, а со
                Уставот од 1963 г. Статус на народност.
                Со Охридскиот рамковен
                договор (2001) и амандманите
                на Уставот на РМ нивните национални
                права се значително про-
                ширени. Наместо малцинство, добија
                статус на етничка заедница
                (дел од албанскиот народ). Тие
                слободно го развиваат и афирмираат
                својот национален идентитет
                (јазик и културни традиции).
                Албанскиот јазик е присутен на
                сите нивоа во просветниот процес
                (основно, средно и високо образование).
                Бројот на училиштата и
                бројот на учениците постепено
                расте. Во учебната 1950/51 г. Наставата
                на албански јазик ја следеле
                26.702 ученици, во 1990/91 ‡
                72.121, а во учебната 2005/06 г. ‡
                80.247 ученици.
                The purpose of the media is not to make you to think that the name must be changed, but to get you into debate - what name would suit us! - Bratot

                Comment

                • Bratot
                  Senior Member
                  • Sep 2008
                  • 2855

                  #9
                  АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА
                  ПОДЕЛБА НА
                  МАКЕДОНИЈА ВО АНТИКАТА.
                  Во времето кога постоела македонската
                  држава (ВИИ‡ИИ в. Пр.
                  н.е.) античките автори разликувале
                  главно Горна и Долна Македонија.
                  Долна Македонија (Пиерија,
                  Ботиаја, Еордаја, Алмопија, Мигдонија,
                  Крестонија, Бисалтија и
                  др.) ги опфаќала јужните, претеж
                  но рамничарски предели, со
                  престолнина првин во Ајга, а подоцна
                  во Пела. Горна Македонија
                  опфаќала претежно планински
                  предели (Орестида, Линкестида,
                  Пајонија, Пелагонија, Дасаретија
                  и др.) и во голем дел се совпаѓала
                  со територијата на денешна РМ.
                  Природните граници што ја раздвојувале
                  македонската држава од
                  соседните територии, најчесто се
                  простирале по високите планински
                  венци, но и низ поголемите
                  речни долини (на југ ‡ пл. Олимп,
                  Камбунските Планини и р. Пенеј;
                  на југозапад ‡ пл. Пинд; на запад
                  пл. Од Шарпланинскиот масив; на
                  север ‡ пл. Јакупица, р. Пчиња,
                  Осоговските Планини до пл. Рила
                  и на исток ‡ источните падини на
                  пл. Пирин и р. Места). Овие гра-
                  19ници на македонската држава ре-
                  чиси во потполност се совпаѓаат
                  со историско-географските граници
                  на Македонија, а единствено
                  позначителни отстапувања има
                  на север. Во втората половина на
                  ИВ в. Пр. Н.е., во времето на кралевите
                  Филип ИИ и Александар ИИИ
                  Македонски границите на македонската
                  држава биле енормно
                  проширени. Во времето на Филип
                  ИИ државата на запад допирала до
                  Јонското Море, на исток до Црното
                  Море, а на север, со помали
                  проширувања, останала старата
                  нејзина граница, додека на југ се
                  протегала до грчките области
                  Етолија и Фокида. Александар ИИИ
                  Македонски, по проширувањето
                  на северните граници, целосно се
                  насочил кон освојувањата во Азија,
                  по што источната граница била
                  поместена до р. Инд. По неговата
                  смрт огромната држава не се распаднала
                  веднаш и некое време
                  формално била одржувана. Во
                  првата четвртина на ИИИ в. Пр.н.е.
                  завршил процесот на нејзината
                  дезинтеграција, а деловите од македонската
                  држава прераснале во
                  посебни држави, владеани од посебни
                  династии: Египет (династијата
                  на Птолемеидите), Сирија и
                  главнината од поранешните персиски
                  територии (династијата на
                  Селевкидите) и Македонија со
                  поголем дел од Грција (династијата
                  на Антигонидите). Со паѓањето
                  на македонската држава под
                  римска власт (168 г. Пр. Н.е.), нејзината
                  територија била поделена
                  на четири мериди, секоја со свое
                  седиште: Амфипол, Тесалоника,
                  Пела и Пелагонија. Таквото уредување
                  било променето кога била
                  формирана провинцијата Македонија
                  (148 г. Пр. Н.е.), која била
                  управувана од претор. Во два наврати
                  провинцијата Македонија
                  била привремено делена. При првата
                  поделба (кон крајот на ИВ в.)
                  таа била поделена на Македонија
                  Прима (со седиште Тесалоника) и
                  на Македонија Салутарис (со седиш
                  те Стоби). При втората поделба
                  (средината на В в.) биле формирани
                  Македонија Прима (со седи-
                  ште Тесалоника) и Македонија
                  Секунда (со седиште Стоби).
                  ЛИТ.: Наде Проева, Историја на Аргеадите,
                  Скопје, 2004. Т. Фил.
                  The purpose of the media is not to make you to think that the name must be changed, but to get you into debate - what name would suit us! - Bratot

                  Comment

                  • Bratot
                    Senior Member
                    • Sep 2008
                    • 2855

                    #10
                    I will have the printscreens of these parts till tonight or tomorrow.
                    The purpose of the media is not to make you to think that the name must be changed, but to get you into debate - what name would suit us! - Bratot

                    Comment

                    • Bratot
                      Senior Member
                      • Sep 2008
                      • 2855

                      #11


                      The purpose of the media is not to make you to think that the name must be changed, but to get you into debate - what name would suit us! - Bratot

                      Comment

                      • Bratot
                        Senior Member
                        • Sep 2008
                        • 2855

                        #12
                        The purpose of the media is not to make you to think that the name must be changed, but to get you into debate - what name would suit us! - Bratot

                        Comment

                        • Daskalot
                          Senior Member
                          • Sep 2008
                          • 4345

                          #13
                          Here is another link:
                          Code:
                          http://rs404.rapidshare.com/files/291998083/MK_enciklopedija.rar
                          Macedonian Truth Organisation

                          Comment

                          • Soldier of Macedon
                            Senior Member
                            • Sep 2008
                            • 13670

                            #14
                            Присуството на римските војски, но и на Готите, Хуните, Аварите и Словените носи промени во етничкиот состав на автохтоното население. Словенскиот етнос, како доминантен, влегува во етногенезата на Македонците,
                            ги наметнува словенскиот јазик и словенската култура, а христијанството, кое се шири од самиот почеток (во И в. Н.е.), во ИВ в. Станува главно обележје на Македонците, коешто е потврдено со многубројните христијански базилики
                            и сесловенски просветители.
                            This paragraph is a problem.
                            In the name of the blood and the sun, the dagger and the gun, Christ protect this soldier, a lion and a Macedonian.

                            Comment

                            Working...
                            X