View Single Post
Old 01-17-2013, 11:46 PM   #9
Čento
Member
 
Čento's Avatar
 
Join Date: Mar 2012
Location: Полог
Posts: 128
Čento is on a distinguished road
Default

Quote:
Ограбена црквата во Трница

Непознати сторители провалиле во манастирската црква Свети Никола Летен во Трница и одзеле пари кои биле собирани од доброволни прилози на верниците.



Според СВР Тетово, провалната кражба, најверојатно се случила, помеѓу 13-ти и 16-ти овој месец, од страна на засега непознати сторители. Од извршениот увид е утврдено дека, провалниците, најпрво го скршиле катинарот од едната од двете влезни врати, а потоа целосно ја пребарале неговата внатрешност. Од метални кутии поставени под две икони, според А.П (60) кој ја пријавил кражбата, одзеле околу 2.000 денари.

Провалниците, исто така, пребарувале и во олтарот, но од таму не одзеле ништо. Извршен е целосен увид и се преземаат мерки и активности за откривање на сторителите.

Во Мавровско-реканскиот крај, минатата година беа регистрирани десетина провални кражби на верски објекти при што беа одземени повеќе икони и доброволни прилози. Годинава ова е прва провала во овој регион.
http://www.sitel.com.mk/ograbena-crkvata-vo-trnica
__________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот

Гоце Делчев

Last edited by Čento; 02-10-2013 at 02:07 PM.
Čento is offline   Reply With Quote