View Single Post
Old 09-11-2012, 06:30 AM   #8
United MKD
Member
 
United MKD's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 547
United MKD is on a distinguished road
Default

Ограбена црквата Успение на Пресвета Богородица во Дебар
Quote:
Десетина вредни икони, плаштеница стара 200-300 години, над осум илјади денари, пари кои верниците ги оставиле за здравје и од купени свеќи, како и други предмети, украдени се од црквата Успение на Пресвета Богордица која се наоѓа во стариот дел на градот. Ова за Дневник го потврди старешината на дебарската парохија, Благоја Спироски.
Според него во божјиот храм било влезено преку прозорец, откако вандалите најпрво ги извадиле железните шипки кои се поставени на овој и на другите прозорци како заштита.
Кражбата била забележана од страна на Никола Андоновски, член на Црковниот одбор, кога попладнево отишол да го отвори божјиот храм во пресрет на утрешниот правзник Свети Јован Крстител.

- Вчера попладне се беше во ред. Бев тука запалив кандила. Најверојатно тие се влезени во текот на ноќта,вели Андоновски, кој живее во близина на црквата.

Црквата Успение на Пресвета Богордица потекнува од единаесетиот век и некогаш била седиште на митрополија, пради што и и ден денес просторот пред црквата дебрани го нарекуваат митрополија.
Дебрани со векови во оваа рква о прославуваат Христово воскресение-Велигден.
http://www.dnevnik.com.mk/default.as...FF84744DAA90F3
United MKD is offline   Reply With Quote