View Single Post
Old 07-04-2012, 05:55 AM   #7
United MKD
Member
 
United MKD's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 547
United MKD is on a distinguished road
Default

Радожда остана без икони

Quote:
Останавме без икони, сите ни ги украдоа. Не помага ниту аларм, ниту брава, ниту луѓето во селото. Знаат крадците што е највредно и тоа го земаат. Сега собираме пари за да ни направат копии и да имаме каде да се помолиме. Без икони црквите ни личат на гулабарници.

Вака со резигнација вчера зборуваше Ѓорше Шеќероски, црковен служител во ова струшко село, кое безмилосните кражби во последниве две години буквално го оставија без икони во црквите. Олтарите на „Свети Никола“, која е на сретсело, и карпестата црква „Свети архангел Михаил“, оддалечена околу 150 метри, сега се речиси празни. Од селската црква, во која имало 32 икони, сега останале само четири. Останатите, во куси временски периоди, се украдени без да им се знае трагата. Од карпестата црква, пак, во последната кражба се украдени четири стари и вредни икони, насликани на штица, тешки шеесетина килограми. Претходно, од шест икони беше украдена една, а последната е спасена со префрлањето во манастирот „Свети Наум Охридски“.

- Kрадците досега не се пронајдени. Беспомошни сме. Во селската црква имаме аларм и пред неколку месеци се активира кога се обидоа да ни ги украдат преостанатите икони. Стасав брзо, но крадците избегаа. Kарпестата црква не можеме да ја чуваме, таа е подалеку од селото, осамена и нема кој да ја чува - наведува Шеќероски.

Тој смета дека може да помогне ако се изработат копии на иконите или ако полицијата патролира во селото.

- Одамна не поминува полицијата. Нема полициска станица ни во близина, па нема никаква контрола - вели овој црковен служител.

Шеќероски додава дека крадците очигледно добро знаат кои икони се вредни бидејќи не ги крадат поновите икони. Селото Радожда е сместено во погранично подрачје, па се претпоставува дека украдените икони бргу се пренесуваат преку границата за натамошна организирана препродажба.

Досега украдените 33 икони од ова село се мал дел од околу седумдесетина икони што во последните три години се украдени во Струшко. „Дневник“ неодамна ги пренесе процените дека од 50-тите години на минатиот век досега се украдени околу 20.000 икони, артефакти и други сакрални предмети. Повеќето од нив не се пронајдени и покрај фактот што од кражбите поминале над четириесетина години. Од друга страна, околу илјада цркви, главно од 18 и 19 век, чекаат да бидат ограбени зашто се незаштитени, со оригиналните икони во нив, со каси со пари од верниците, од кои крадците ги делат само лесно заклучени дрвени порти или прозорци. Случајно или не, речиси сите кражби се случиле во подрачјето на западниот или југозападниот дел од земјата, додека кражби воопшто немало во источните делови на земјата.

Дебарско-кичевскиот владика Тимотеј неодамна изјави дека црквите се незаштитени зашто по селата нема луѓе, но и зашто државните институции се оглушуваат од барањата на црковните власти.

- Апсурдот е што ние како сопственици на црквите немаме право да се грижиме за нив. Имам право да се сомневам дека тоа и се прави во соработка со тие што ги крадат иконите – изјави Тимотеј.

Полициските извори наведуваат дека бројот на украдените икони и други реликвии е сигурно уште поголем.

- Селата се речиси испразнети. Kако сакате обезбедете ги црквите - се краде. Ниеден современ систем не е доволно сигурен за нивна заштита. Не е доволен еден катанец, а полицијата не може да обезбеди деноноќна физичка заштита на 2.000 цркви и манастири - велат во МВР.

Од црквите најчесто се крадат предмети кои воопшто не се евидентирани. Полицијата на увид ги има само иконите, регистрирани во централниот регистер правен пред 30-40 години. Најтешко се трага по црковни предмети за кои нема апсолутна никаков запис.

- Пред три-четири години инициравме средба со поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот г.г. Стефан. Доставивме меѓународен акт за регистрирање на предметите, што е во согласност со меѓународните стандарди. Им рековме да направат евиденција во секоја црква. Тоа не е сложен процес, потребни се фотоапарат и линијар за да се фотографираат и опишат барем највредните предмети. Секој црковен одбор тоа може да го направи за еден викенд - велат во полицијата, додавајќи дека дополнителен проблем се испреплетените надлежностите меѓу МПЦ, ИВЗ, Управата за заштита на културното наследство, музеите и заводите за заштита на спомениците на културата.

Пријави за ископување околу црквата во Старо Нагоричино

Kривична пријава за три лица поради ископи без одобрение во дворот на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Старо Нагоричино поднесе вчера полицијата. Завчера околу 9 часот полициски службеници ги затекнале работниците Р.Б.(33), Н.Р.(38) од Скопје, како и геоинженерот Г.K.(66) од Скопје, ангажиран од фирмата „Геофлуид“ - Скопје, како вршат ископи без одобрение. Лицата направиле шест ископини околу црквата поради наводно вршење сондажа на земјиштето и притоа користеле мотики и копачи. Бидејќи лицата работеле без одобрение од Министерството за култура, тие се приведени во СВР-Kуманово и во тек е изготвувањето на кривичната пријава за сторено кривично дело оштетување или уништување на богатства под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.
http://www.dnevnik.com.mk/default.as...7067F4447A331F
United MKD is offline   Reply With Quote