View Single Post
Old 08-17-2018, 07:35 AM   #19
Carlin15
Senior Member
 
Carlin15's Avatar
 
Join Date: Dec 2017
Location: Canada
Posts: 1,197
Carlin15 is on a distinguished road
Default

Demographic collapse in Albania

https://denesen.mk/panika-bujar-nish...milion-ziteli/

https://time.mk/c/e9dbc8a77f/panika-...on-ziteli.html

Бујар Нишани: До 2030 Албанија ќе падне под 1 милион жители

Според Нишани, Албанците се иселуваат на дневна основа заради несигурност страв, непријателска средина и целосен недостиг од функционирање на државните институции.

- Албанија го губи своето население! До 2030 ќе бидеме помалку од 1 милиони! Ако не ја запреме оваа ѓаволска спирала во 2040 ќе бидеме веројатно само неколку стотина илјади, изјави Нишани.

Тој додае дека тенденцијата да се напушта земјата е уште повеќе очајна затоа што таа не е одраз само на неврабоеноста, кај посиромашното население, во селските средини, туку исто така и кај групите кои успеале со многу напори да достигнат среден економски стандард и нормален живот.

Инаку, Албанија се соочува и со проблемот на намлен број новороденчиња. Албанскиот Институтот за статистика ИНСТАТ соопшти дека во второто тромесечие регистрирани се 5.592 новороденчиња. Од вкупниот број најмногу од нив се родени во Тирана или 1.851 бебе, каде споредено со второто тромесечие лани бројот на новородените е помал за 22,2 отсто.

Според пописот спроведен во октомври 2011 година Албанија има 2.891.977 жители. Од вкупната попишана популација, со постојано место на живеење во Албанија се 1.421.810 жители, додека другите се со престој во странство до една година. Споредено со податоците од пописот во 2001 година бројот на вкупната популација е помал за 7,7 отсто, како резултат на емиграцијата и намалениот наталитет.
Carlin15 is offline   Reply With Quote