Тези за опстанок на македонската нација и

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • MKPrilep
    Member
    • Mar 2009
    • 284

    Тези за опстанок на македонската нација и

    I am not sure if the test was psted before...


    Потребно е најитно враќање на тезите изнесени од неколку академици за размена на територии и население, или поточно, разграничување меѓу Македонците и Албанците. Основата на нашиот интерес е во етничкото спасување на Куманово, Скопје, Кичево и Струга, што подразбира иселување на албанските граѓани од тие области преку трампа на финансиски и имотни добра

    Се чини, историјата на македонскиот народ е преполнета со тешки искушенија и со непрестајно влегување во судбоносни и трагични настани, но и одлуки. Бидејќи сметам дека повторно се наоѓаме пред еден таков судбоносен чин, допуштете ми со следните тези да го искажам своето лично мислење од аспект на политичар што 12 години помина, како лидер на опозиција и како бивш премиер, анализирајќи ја состојбата со Албанците во нашата земја:

    - Охридскиот договор дефинитивно го означи крајот на една Македонија што ја паметиме од историјата и од идеалите на сите загинати македонски патриоти.

    - Охридскиот договор значи крај на концептот за Македонија со кој растевме, верувајќи дека тоа е нашата татковина. Една година по неговото потпишување е јасно дека не станува збор за зголемување на човековите права, туку за сериозно изменета содржина на она за што се уште сакаме да мислиме дека е нашата земја.

    - Со охридскиот договор, Македонија дефинитивно не е суверена држава, поради фактот што одредени делови никогаш нема да ги вратиме под наша контрола, но и поради фактот што тој е основа за Македонија да функционира како протекторат.

    - Со охридскиот договор Македонија веќе не е унитарна држава, колку и да веруваме во тоа, колку дипломатите и да не убедуваат, факт е дека од унитарноста не остана ништо. Во моментот кога ќе биде донесен и Законот за децентрализација, разнебитувањето само ќе биде формализирано, но и појасно ќе го согледаме она што денеска веќе е реалност. Охридскиот договор ја претвори Македонија во една поинаква, за нас непозната држава, која се повеќе и повеќе ќе постои само виртуелно. Исто како што соседна Југославија кога ја објавува временската прогноза, го става Косово во рамките на Србија.

    Болен факт е дека истиот тој договор ја престори нашата земја во нешто што може да се дефинира како кантонизирана или федерализирана, или можеби најточно бинационална држава на Македонците и Албанците. Знам дека на многу граѓани им е мачно да го прифатат овој факт. Треба само да ги воочат секојдневните примери на "функционирање на државата"! Со оваа првична констатација немам намера да ја префрлам вината на никого, ниту пак сакам да создадам алиби за самиот себе како потписник на истиот договор. Но, охридскиот договор трајно го измени концептот на нашата земја, претворајќи ја Македонија во бинационална држава. Од нас зависи дали ќе избереме секојдневно да доживуваме нови болки и трагедии или ќе тргнеме по друг пат!



    ПОУКИТЕ ОД ИСТОРИЈАТА

    Генерацијата зад нас од периодот на комунизмот, па и нашата од времето на демократијата, се обидуваше ако ништо друго, барем да оформи светла слика на историското минато. За жал, фактите потврдуваат дека Македонците и Албанците почесто им припаѓале на спротивни страни, отколку на иста: периодот на османското ропство е време на перманентни зулуми и грабежи, спроведувани преку добропознатите качачки банди; периодот на Втората светска војна, масакрите и убиствата што ги премолчувавме заради братството и единството; разните демонстрации и дејствувања на организирани банди по Втората светска војна; паравојската од времето на СДСМ и ПДП и на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА. Секогаш само Македонците простувале и докажувале дека сакаат да живеат заедно. Наспроти тоа, најчесто ни бил возвратен поинаков одговор: Албанецот не сака да живее заедно со Македонецот, Албанецот копнее да живее во "Голема Албанија"! Прашање е само кој - колку ќе успее да го прикрие?!



    ДЕМОГРАФИЈА

    Како одговорни луѓе, за идните генерации најголемиот грев ќе го направиме ако не се соочиме со заканата за демографско претопување на македонскиот народ. Сите добронамерни замисли да имаме повеќе деца се засекогаш завршена и пуста желба. Фактите се немилосрдни! Проблемот не е само во 19% албанска популација, туку во тоа што со охридскиот договор и реалноста што ја креираат по неговото спроведување, вратите се целосно отворени за масовни механички доселувања од Косово и од Албанија. Нивната демографска експлозија нема знаци за запирање. Податокот дека од сите првачиња во Македонија 33 % се Албанчиња, фактот дека во Скопје секоја учебна година се формираат 6-7 нови албански паралелки во средните училишта се загрижувачки! Затоа, не можеме да бидеме неми и слепи пред реалноста дека на нашата нација и се заканува демографско уништување. Ако врз тоа ги додадеме и новите собитија по минатогодишната криза, кога Турците, Ромите, Македонците Муслимани во македонската држава ја препознаа поразената страна, повеќе од јасно е дека процесот на нивна асимилација ќе биде тренд што отсега катадневно ќе се случува!



    ЕТНИЧКО ЧИСТЕЊЕ

    По последниот говор во Парламентот се обидувам да бидам што покоректен со Меѓународната заедница, но постои еден факт што не можам да го премолчам: етничкото чистење на нашиот народ. За жал, под покровителство на одредени структури на Меѓународната заедница, на Македонија и се случува веќе слученото на многу места на Балканот. Денес во Хрватска има многу малку Срби. Процесот на етничко чистење во Босна: во српскиот, во хрватскиот и во муслиманскиот дел е речиси брилијантно завршен. Случувањата на Косово секојдневно ги следиме, а шемата што Меѓународната заедница ја применува таму за етничко чистење е истородна и во Македонија.

    Македонците не смеат да се вратат во своите домови! На Македонците не им ги обновуваат куќите! Напротив, им ги палат, а секојдневно дознаваме и за одделни "инциденти" - убиен или претепан Македонец! Скопска Црна Гора е "исчистена". Кумановските села, во најголем дел, исто така. И Арачиново. Патот Тетово-Јажинце е под комплетна контрола од страна на албанската паравојска. Во големоалбанската стратегија - Тетово, Гостивар и Дебар веќе не претставуваат проблем. Со непрестајните инциденти само е забрзано иселувањето на нашиот народ. Новата стратегија е веќе видлива. Следни места за освојување се Чаир, Гази Баба, градот Куманово, Кичевско, Струга. За жал, ова етничко чистење совршено е покриено од разни меѓународни организации, па дури и од влади.



    ЗА ЕКОНОМСКИТЕ И ДРУГИ ВРЕДНОСТИ

    Нашето заедничко живеење открива една болна вистина. Македонецот создава, плаќа даноци, гради вредности, го полни буџетот, ја развива државата... Наспроти тоа, нашите соседи се најголеми корисници на средства од нашиот буџет, образование, социјално, здравство, урбанизам. А да не ги набројуваме и како главни носители на сите видови криминал, вклучувајќи го и најопасниот - ширењето на дрогата меѓу младите генерации. Ако размислуваме за нивниот економски придонес, можеме само да констатираме дека тоа е една голема "црна дупка", за чие полнење секој Македонец работи барем за двајца. Ако се сосредоточиме врз другите вредности на полето на културата, науката, медицината, уметноста, ќе констатираме дека нашата држава нема некоја голема полза. Последователно на горенаведеното донесувам заклучок дека уништувачката енергија што нашите соседи-Албанци ја носат во себе е еден огромен камен врзан околу нашиот врат, поради кој никогаш нема да можеме да се помрднеме од место. Особено кога албанската и косовската граница и цели делови од западна Македонија се претворени во сиви економски зони, така што тој товар од ден на ден ќе не потопува!



    МАКЕДОНСКИОТ БЕЗБЕДНОСЕН СИСТЕМ

    Кога почна агресијата врз Македонија, Косовскиот заштитен корпус располагаше со прецизни информации: каков вид оружје поседува Македонија, какви се структурата на одбраната и кадровската поставеност. Со помош на разни "експерти" Македонија беше подготвена за брза воена капитулација и понижување, но за жал на непријателот, се организиравме брзо и ја одбранивме нашата земја!

    Денес, безбедносниот систем во нашата земја е разградуван многу побрзо и поефикасно отколку што беше темпото пред Танушевци. Ги расформираат тенковските единици, авијацијата, "Лавовите", резервниот состав. Во исто време, распишуваат конкурси за прием на огромен број членови на УЧК во новиот полициски и армиски состав. Дневно прават кампањи со кои ги понижуваат сите што имаа храброст да ја бранат нашата земја. Брзината со која го растураат одбранбениот систем на Македонија, на технички и на морален план, ќе ја подготви Македонија за неполни 2-3 месеци да биде комплетно војнички уништена, понижена и згазена. Можеби не во назначениот период, но сигурно, по три години ќе бидеме уште поподготвени за нов крвав пир. Не е исклучена и можноста од внатрешни македонски граѓански судири, со оглед на почетокот на новата Влада. Впрочем, македонскиот менталитет, познат низ историјата по немањето чувство за национално единство, се потврди уште еднаш. Доколку продолжиме по охридскиот договор не преземајќи ништо, оваа безнадежност ќе продолжи во недоглед!



    МЕЃУНАРОДНИ ПРИМЕРИ

    Меѓународната заедница заедно со Косовскиот заштитен корпус, поведени од една алтруистичка идеја за поголеми права на етничките Албанци и нивна заштита од "тортурата" на "словенските племиња", ја напукна убавата "ваза" наречена Македонија, која претставуваше модел за демократија и за мултиетнички соживот. "Вазата" требаше да ја залепи охридскиот договор. За жал, меѓународното искуство на "лепење вази" е многу неуспешно, така што со исклучок на Швајцарија и Белгија, не постои друг позитивен пример. Од моментот на напукнувањето до мигот на кршењето нема да помине долг период. Тој што негува поинаква илузија е сигурен губитник. Да се потсетиме на распадите на Југославија, на Советскиот Сојуз, на Чехословачка?! Дали воопшто некој може да верува дека Босна и Херцеговина некогаш ќе стане унитарна држава или пак дека Косово ќе биде дел од Србија?!Да се потсетиме и на Либан, каде што пред 20 години живееше христијанско мнозинство, а сега - христијанско малцинство. Да го погледнеме и најновиот план за Кипар, каде што веќе не се разговара за концептот на заедничка држава, туку за процентот кој дел колку ќе добие. Или пак, израелскиот модел, кој по 50-годишен обид за заеднички соживот, повторно се претвори во план за разграничување. Меѓународното искуство за случај како нашата земја е познато: Државите ги решаваат "нерешливите" проблеми или со поделба или со разграничување!



    АЛБАНИЈА И КОСОВО

    Зборувајќи за екстремизмот на македонските Албанци, не можеме да го занемариме и постоењето на нашата граница, со Албанија и Косово, чија политика и економија како сврзани садови се прелеваат во нашата земја. Почнаа со албанската граѓанска војна, па со косовската, па војната во јужна Србија, завршувајќи со македонската. Колку Албанија и Косово и да добиваат позитивни оцени од странство дека се движат во позитивен правец, уверен сум дека тие остануваат центри на трајна политичка дестабилизација на нашата земја, создавајќи огромен неконтролиран простор за секаков вид криминал. Тие земји се со загарантирано економско тонење што го извезуваат во нашата земја. Косово само за себе е "посебна приказна", веќе не само балканска. Моменталната тенденција е дека Меѓународната заедница не само што не не штити од таа "напаст", туку ќе не принудува на се поголема интеграција со Албанија и со Косово, се до нашето комплетно претопување!



    ПОЗИЦИЈАТА НА МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА

    Тешко е дека некој може да направи анализа на точната позиција на Меѓународната заедница на Балканот и во Македонија. Но, не се сомневам дека целта е создавање независно и "Големо" Косово. За тоа ни сведочи целата политика што ја следиме во последните години, но и самата реалност. Разликите се само во тоа што постои една похрабра група предводена од Билд, Бусек, Овен, многумина американски конгресмени и сенатори, Меѓународната кризна група, кои отворено се залагаат независноста на Косово да се случи што побргу. И втората група, која има подемагошки однос од повеќе причини: едни, затоа што учествуваа во воените дејства, други, затоа што премногу се залагаа за мултиетничко Косово, што сега тешко можат да ја избришат таа "лента", трети, затоа што добиваат по 30.000 евра месечна плата од "проблемите" Косово, Македонија, Босна и Херцеговина, а четврти, пак, затоа што во ваквиот дестабилизиран Балкан гледаат идеална можност за испробување на сите можни политички и воени експерименти, од спроведување најкрвава војна до мировни операции за Нобелова награда. Денес на Балканот постојат следните договори за мир: Дејтонскиот, Кумановскиот, Охридскиот и Југословенската повелба. Тоа се само "големи договори" за прекин на огнот, без ниедно трајно решение. Од овие договори, па до денот кога ќе биде одржана новата балканска конференција за прекројување на границите, е прашање само на време. Дали ќе го сториме ова веднаш и ќе тргнеме во просперитет или ќе чекаме да потонеме сите, па по 10 години да го правиме истото што можеме сега!



    ИНТЕРЕСОТ НА АЛБАНЦИТЕ

    Овие тези не им се упатени само на Македонците, туку и на Албанците за размислување. Нормално, секој Албанец може да си го постави прашањето зошто да ги прифатат предлог-решенијата, кога се што досега е случено е во нивен апсолутен прилог. Постои само еден одговор: го скратуваат времетраењето на сопствената агонија. Зошто да поминат уште десет години, папсувајќи да стигнат до својата цел: "Голема Албанија и нивниот историски копнеж сите Албанци да живеат во една држава", што е основа за национален просперитет, но и за стабилен Балкан.



    ГЛАВНА ТЕЗА

    Македонија по охридскиот договор и реалноста во која живееме по неговото спроведување, е осудена на загарантирано тивко умирање на национален, демографски, економски, културен, државотворен и на каков било друг начин. Секако, доколку во меѓувреме не не изненадат со ново крваво сценарио. Ние веќе живееме со нашата нова македонска трагедија и агонија, без искра надеж!

    Од овие причини ги нудам следните предлог-решенија:

    1. Бидејќи веќе е јасно дека приемот на нови земји во Европската Унија е политички чин, Република Македонија да побара брз прием во првата група до 2005 година или барем да добие искрен одговор што е последниот термин што можеме да го очекуваме. Искрениот одговор е најдребното нешто што ЕУ може да го стори во овој момент како компензација за доживеаните маки и жртви од косовската криза и нејзиното прелевање во Македонија. Ако приемот треба да се случи по една деценија, како што укажуваат многу информации, без одложување треба да донесеме брзи одлуки!

    2. Најитно враќање на тезите изнесени од неколку академици за размена на територии и население или поточно, разграничување меѓу Македонците и Албанците. Основата на нашиот интерес е во етничкото спасување на Куманово, Скопје, Кичево и Струга, што подразбира иселување на албанските граѓани од овие области преку трампа на финансиски и имотни добра.

    3. Изградба на една нова самостојна, независна и вистински суверена Република Македонија, со широки права на другите етнички малцинства. Држава што ќе личи на Република Словенија како најдобар пример и модел за развој. Новиот почеток треба да го направи со враќање на асномскиот устав, односно Македонија како држава на македонскиот народ и другите рамноправни граѓани.

    4. Создавање Македонски национален совет составен од главните државни функционери, претставници на поголемите политички партии, претставник на МАНУ и Македонската православна црква, кои ќе бидат носители на стратегијата;

    5. Покровителство за проектот од САД, Европската Унија и Русија;

    6. Свикување Меѓународна балканска конференција, каде што ќе биде потврден договорот;

    7. Предлог-решенија за решавање и на другите балкански проблеми: на ист начин хрватскиот дел на Босна да се припои кон Хрватска, српскиот кон Србија, муслиманскиот да се организира во посебна држава, разграничување на српскиот и албанскиот дел на Косово, што е единственото трајно решение и на балканскиот проблем;

    8. Доколку овој предлог не биде прифатен од албанските национални партии, Македонскиот национален совет по принципот на израелската Влада треба самостојно да ја утврди линијата на разграничување и да изгради бетонски ѕид со претходно копиран проект од Израел.

    Охридскиот договор Македонија ја претвори во пациент што веќе ја утврдил дијагнозата на сопствената болест, "рак со галопирачки метастази". Време е за дејствување!

Working...
X