In order to keep the forum neat and tidy, please post related news, info and discussion under this topic whenever possible.
------------------------
Партиска изборна окупација на дијаспората
Од чисто партиски кандидати до познати иселеници, чиј углед сигурно ќе донесе гласови во дијаспората. Сите поголеми партии, освен по шесте изборни единици, се растрчаа на терен и во трите дополнителни единици во дијаспората. Учество на изборите на 4 јуни (еден ден пред изборите во Македонија) во САД и Канада, во Европа и Австралија засега потврдуваат ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ВМРО-народна партија, ДУИ, ДПА и Нова демократија
Иселениците ни доаѓаат еднаш годишно, ние ќе ги посетуваме за изборите
Партиите се толку загреани за изборната трка кај македонските иселеници што дури постојат партиски информации дека еден од тројцата пратеници од дијаспората би можел да седне и на висока позиција во идната македонска влада. Најмногу шанси за такво нешто имаат кандидатите од седмата изборна единица, односно САД и Канада.
Според изборните правила, кандидат за пратеник од изборна единица во дијаспората можат да предложат најмалку 200 избирачи. Според планот на Државната изборна комисија, од вчера веќе тече рокот за собирање на потписите, а имињата на кандидатите во трите изборни единици надвор од Македонија треба да бидат пријавени најдоцна до 4 мај. Која партија со кој кандидат ќе трча ќе се соопшти во текот на оваа недела.
Народните избраници од дијаспората ќе се избираат според мнозинскиот модел во еден изборен круг (пратеник ќе стане оној кандидат што ќе освои најмногу гласови, но воедно ќе има добиено и најмалку два отсто од гласачите што се пријавиле во избирачкиот список во таа изборна единица). Во тек е и пријавувањето на македонските државјани со привремена работа и престој во странство, кои сакаат да го искористат своето право на глас на предвремените парламентарни избори.
Засега како пратенички кандидати се вратат имињата Мишко Васовски - бизнисмен и претседател на Американско-македонската асоцијација од Детроит, Мето Колоски - претседател на Обединетата македонска дијаспора од Вашингтон, Мајкл Георгиев - млад бизнисмен од Торонто, Ицо Најдовски – познат македонски активист во Австралија, Мики Додевски – бизнисмен од Мелбурн и претседател на задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
- Нашата партија ќе има свои кандидати во сите три изборни единици во дијаспората. Моментално тече процедурата на внатрепартиска селекција, по што ќе излеземе и со конкретни имиња – вели Владимир Ѓорчев, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Иако конкретните имиња не се познати, извесно е дека оваа партија своите адути на изборите во трите надворешни изборни единици ќе ги бара меѓу луѓе што веќе живеат и работат во дијаспората.
Како пратенички кандидат, најверојатно ќе се појави и Тодор Петров, актуелен претседател на Светскиот македонски конгрес (СМК). Петров, кој ни потврди дека би сакал да се кандидира, сé уште не знае дали ќе истрча како партиски или независен кандидат.
- Кај СМК постои интерес да поддржиме кандидати од сите три надворешни изборни единици. Ние сме расположени да агитираме за одредени кандидати, независно дали се партиски или, пак, независни од самите иселеници - вели Петров.
[....]
For fair use only.

Comment