Грците удираат по извештајот на Мејер

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Грците удираат по извештајот на Мејер

    Македонската делегација во Стразбур е убедена дека Европскиот парламент позитивно ќе се изјасни за резолуцијата за напредокот на Македонија и покрај грчкиот притисок. На денешното гласање европарламентарците треба да се изјаснат дали Македонија заслужува да добие датум за почнување преговори со Унијата. Во резолуцијата за напредокот на Македонија во 2008 година, подготвена од известувачот Ерик Мејер, се бара забрзување на процесот за одредување датум за преговори и се препорачува дека отворените прашања на Балканот не треба да бидат пречка за пристапување во ЕУ и да имаат предност пред процесот на европската интеграција. - Убеден сум дека извештајот ќе биде позитивен, посебно во делот во кој се бара Македонија да добие датум за почнување преговори. Грчкиот притисок е жесток, но очекуваме поддршка од нашите пријатели и лобисти - изјави вицепремиерот Ивица Боцевски, кој ја предводи македонската делегација во Стразбур. На вчерашната расправа за напредокот на Македонија, Хрватска и на Турција, која почна доцна попладнето, грчките парламентарци најавија дека ќе извршат притисок да не се прифати завршниот документ и поднеле неколку амандмани со кои се бараат измени во делот во кој се препорачува Македонија да добие датум за преговори и покрај нерешениот спор со името. Во предложениот текст на резолуцијата, на кој грчките пратеници имаат многу забелешки, се изразува надеж дека Грција нема повеќе да го користи ветото за Македонија и дека ќе ја поддржи земјата во нејзините интеграции во ЕУ и во НАТО. Се бара и двете страни да најдат компромисно решение за проблемот со името во рамките на ОН. Клучните точки во извештајот на Мејер се однесуваат на што побрза визна либерализација, одредување датум за преговори и препорака кон Грција да не ја попречува евроинтеграцијата на Македонија. Иако извештајот на Европскиот парламент за напредокот на земјите-кандидати не е обврзувачки за членките на Унијата, сепак може да влијае врз креирањето на политиката на официјален Брисел кон Македонија. Конечните одлуки за евроинтеграцијата на Македонија ги донесуваат Советот на министри на ЕУ и Европската комисија, која треба да донесе одлука за одредување датум за преговори и за укинување на визниот режим. Македонија веќе четири години чека да добие датум за почнување на преговорите. ЕУ во 2005 ја промовира Македонија како земја-кандидат, но не одреди датум за преговори, како што беше случај со другите земји кои го добија кандидатскиот статус. Неодамна и еврокомесарот Оли Рен изјави дека ЕУ е посветена на проширувањето на Унијата со земјите од западниот Балкан и покрај сериозната економска криза која не е поволна за зачленување со нови држави. За таа цел словенечкиот пратеник Јелко Кацин најави дека во следниот состав на Европскиот парламент ќе се формира посебна група за западниот Балкан, која ќе има задача да го олесни пристапот на тие земји кон ЕУ.
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X