„Пиринска Македонија е дел од Македонија“

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    „Пиринска Македонија е дел од Македонија“

    Комунистичка Бугарија по деветтосептемврискиот преврат 1944 година, во Димитровскиот период, не го спречуваше националниот културен развој, создавање национални образовни и културни институции, изучување на македонската историја, на македонски литературен јазик, афирмација на македонското национално историско минато и на македонската национална држава. Тоа беше период на реална национална културна автономија, состојба што привремено се толерираше, со оглед на плановите на Тито и на Димитров за создавање заедничка држава меѓу Југославија и Бугарија, под име Јужнословенска Федерација. Најрелевантна потврда за тоа беше Уставот на Бугарија во кој, со евидентна намера за ретерирање во погоден момент, не беше внесена никаква одредба за статусот на пиринскиот дел на Македонија во бугарската држава и за националните права, вклучително и правото на самоопределување на македонскиот народ и обединување со матичната држава Народна Република Македонија. Во нацртот на Уставот на Бугарија пиринскиот дел на Македонија доби третман на составен дел од Бугарија, како и секоја друга бугарска административна област. Македонците на почетокот од 1946 година верувале во изјавите за јавноста давани од високи претставници на комунистичкото партиско и државно раководство на Бугарија, како на официјален став, дека „Пиринска Македонија е дел од Македонија“ и дека народот има право на самоопределување и обединување. Спротивно на очекувањата, раководствата на БРП (к) и на Отечествениот фронт систематски им наложувале на окружните органи да дејствуваат така што прашањето за обединување да не се поставува на јавни собири за да се спречи изјаснувањето на народот. Секој случај на јавно изјаснување било жестоко осудуван како реакционерен, непријателски, дело против единството на ОФ Бугарија. Таквите неочекувани директиви внесувале забуна и колебливост во редовите на окружните и во локалните раководства. Со ретки исклучоци, биле извршувани без опструкции. Како ревносни спроводници на политиката на БРП (к) во пиринскиот дел на Македонија се истакнале Поп Томов, Стојчев, Калајџиев, Масларов, особено во период од средината на 1948 година, по прекинот на односите со Југославија. По 17. пленум на ЦК на БКП кога било решено повеќе да не се говори за Македонци, туку само за Бугари во пиринскиот крај, сите тие биле најактивни во објаснувањето и популаризирањето на тој став на БКП кон македонското прашање. Од почетокот на 1949 година, во својство на Привремен македонски комитет (ПМК) на македонската емиграција во Бугарија, тие жестоко ја обвинувале Комунистичката партија на Македонија (КПМ), нејзиното раководство со Лазар Колишевски: за положба во пиринскиот дел од Македонија (поради приврзаноста на народот кон матичната држава НР Македонија), за антибугарска политика. Калаџиев и Стојчев биле задолжени од бугарското партиско и државно раководство да се вратат во пиринскиот крај да раководат со агитацијата, да го контролираат спроведување на политиката на партијата. Во пиринскиот дел од Македонија дошло до натамошно идејнополаризирање и опозициско политичко организирање. Тие процеси забрзано се одвивале по деветтосептемврискиот преврат и воспоставувањето на комунистичкиот политичкиот систем во Бугарија. Се издиференцирале три опозициски политички струи од трите социјални слоеви. Во првата опозициска политичка струја влегувале претставници на поимотниот слој од македонскиот народ во пиринскиот дел на Македонија, кои членувале или ги поддржувале опозициските бугарски граѓански партии, убедени дека единствено со нивна победа на изборите и преземањето на власта ќе ги зачувале своите имоти, капитал и полиција во бугарското општество. Раководени од таквите свои интереси се впуштиле во жестока борба против комунистите и Отечествениот фронт. Исто толку жестоко се спротивставувале на барањата за присоединување на пиринскиот дел на Македонија кон македонската држава.
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
  • Lerinec
    Junior Member
    • Mar 2009
    • 23

    #2
    Freedom for Gorna Dzumaja!!!
    Со илјадници години немаме намера да се предаваме, ОТИ МАКЕДОНИЈА Е ПОСТАРА И ОД ГОРОЦВЕТОТ И ОД НОЖОТ!!!

    Comment

    Working...
    X