Европарламентарците ќе ни дадат зелено с

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Европарламентарците ќе ни дадат зелено с

    Грчките европратеници се обидуваат да издејствуваат амандмани во крајниот текст на извештајот, но јасно е дека климата во ЕП не ги поддржува грчките ставови, пишува грчкиот весник „Катимерини“

    Грција е незадоволна од најавите дека Европскиот парламент ќе го одобри извештајот за Македонија, кој повикува на почнување преговори за членство со ЕУ годинава, без разлика дали прашањето за името е решено. Извештајот предлага членство на Македонија во ЕУ и во НАТО и ја повикува Грција да се откаже од правото на вето, со образложение дека македонското придружување во двете меѓународни алијанси ќе ја зајакне стабилноста на Балканот.

    Документот, чиј автор е европратеникот Ерик Меер, известувач за Македонија, понатаму бара земјава да ги започне преговорите за членство во Унијата, годинава, поради што извори во грчкото Министерство за надворешни работи изразуваат незадоволство.

    Грчките европратеници се обидуваат да издејствуваат амандмани во крајниот текст на извештајот, но јасно е дека климата во ЕП не ги поддржува грчките ставови, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

    Шефот на групата на владејачката Нова демократија во ЕП Јанис Варвицис признава дека за ваквиот развој е делумно виновна и Грција. Прашањето за името на Македонија е серија на пропуштени шанси - рече Варвицис.Ставрос Ламбринидис, кој е водач на опозицискиот ПАСОК во Парламентот, рече дека Грција требало да ја преземе иницијативата и да ги извести другите земји за својата позиција.

    Како што веќе објави Макфакс, оптимизам дека Европскиот парламент ќе поддржи отворање преговори со Македонија за членство во ЕУ изрази мината недела известителот Меер за време на престојот во Скопје.Наспроти мислењето на министрите за надворешни работи на ЕУ, кои досега сакаа да го одложат почетокот на преговорите со Македонија, која чека од 2005 година, сега постои ситуација, во која преговорите може да почнат, рече европарламентарецот од Холандија,

    Дури и ако преговорите почнат многу скоро ќе биде потребно време до 20017/18 година, пред земјата да влезе во Унијата, а во меѓувреме сите останати прашања, особено со соседна Грција, ќе треба да бидат решени, предупреди Меер од Скопје.Тој слична порака испрати и преку медиумите во Атина, додавајќи:“Ја разбирам грчката одлука за вето, но не ми се допаѓа“.


    чудна работа што се случуват во ЕП, дали вистина е можно да ја загуби грција нејзина расистична подршка ?


    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X