PDA

View Full Version : Грција шокирана од се' посилниот сојуз САh


Dimko-piperkata
03-10-2009, 04:44 AM
Грчката дипломатија е во шок по најавите дека американскиот претседател Барак Обама ќе ја посети Турција во април, пишува грчкиот весник „Елефтерос типос“, јави Макфакс.Според весникот, изненадува и посетата на државниот секретар на САД Хилари Клинтон на Анкара, со што е прекината досегашната практика, истовремено да се посетуваат и Атина и Анкара.

- Иако официјално грчкото Министерство за надворешни работи нема коментар, сепак посетата на Клинтон на Анкара е примена како студен туш врз Атина бидејќи не беше уважен притисокот за промена на турската политика во реонот на Егејското Море, а и говорејќи за кипарското прашање, државниот секретар на САД ја користеше турската дипломатска терминологија за отфрлање на изолацијата над кипарските Турци - пишува „Елефтерос типос“.

Весникот заклучува дека фактот што Атина не е вклучена во посетата на Обама во регионот, е доказ за значењето што новата американска администрација му го дава на соработката со Турција.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1689138161DF1C43B7DA890E47311B77

http://macedoniantruth.org/forum/images/icons/icon14.gif