Брисел го избриша македонскиот јазик од надворешна употреба и отворено го спори кодот на државата
Брисел - Европската унија потклекна пред притисоците на Грција и иако формално сите бараат да се реши спорот околу името на државата, Брисел веќе има решение, па на голема врата го избриша македонскиот јазик од надворешна употреба и отворено го спори кодот на државата.
Последна потврда дека сега е на ред јазикот на државата, а индиректно и на нацијата, е Меѓуинституционалниот стилски водич на Унијата кој, според она што е наведено во првата реченица, ги утврдува правилата за имињата на земјите и тоа што произлегува од нив, кои треба да се применуваат во документите на европските институции. А во него во графата придавка до лани стоеше „македонски“, а од јануари годинава стои (јазик, народ, црква, валута или слично) „на Бившата Југословенска Република Македонија“.
Ова е чекор напред во проширувањето на спорот од името на државата на сите идентитетски прашања, со оглед на тоа дека во графата државјанство стои исто така „на Бивша Југословенска Република Македонија“, а за разлика од лани, место МК како код на државата, стои голем прашалник. Очигледно, на Атина не и' било доволно што во документот со фуснота стоеше дека кодот треба да се дефинира со преговорите за името, иако на сите им е познато дека кодот не е вклучен во прашањата за кои се расправа во Њујорк, бидејќи е утврден одамна во друга организација.
Дека не станува збор за недоразбирање, туку за тенденциозна политика во Унијата покажува делот подолу во документот во кој придавката (за јазикот и за народот) за внатрешна употреба се именува како македонски, а во делот за меѓународна употреба на англиски јазик стои „дека треба да биде дефинирана“.
Ваквиот став околу јазикот и народот барем досега никој од Брисел не и' го пренел официјално на Македонија, што е врв на хипокризијата во ЕУ, која божем бара решение, а дозволува грчкиот став да стане официјален во сите документи.
Инаку, офанзивата на Атина за промена на името на јазикот на Македонија се засили по Самитот во Букурешт, кога во документ на Социјално-економскиот комитет, со кој претседава Грк, беа сменети македонските атрибути во славомакедонски. Подоцна се случи скандал со извештајот на Ерик Мејер за Македонија кој мистериозно, откако беше усвоен, осамна на сајтот на Европскиот парламент со грчки вокабулар, па по притисокот на парламентарците се врати во изгласаната форма.
Подоцна во еден нарачан извештај од ЕП, исто така, се протна ново име (славомакедонско) за македонскиот народ и јазик, а сега се врши притисок и на други нивоа грчкиот став да се зацементира дефинитивно.

Comment