Грците имаат искривено сфаќање за истори

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Грците имаат искривено сфаќање за истори

    Грција е премногу чувствителна на зборот Македонија, а за Грците тоа е термин за кој само тие имаат ексклузивно право. Ова го покажа најновото истражување што британската телевизија „Би-Би-Си“ го направи кај нашиот јужен сосед по тужбата што Македонија ја поднесе против Грција пред Меѓународниот суд за правда во Хаг, за прекршување на Привремената спогодба. За Грците последните потези што ги прави Македонија, како што се преименувањето на објекти со антички имиња и најавите за поставување на бисти на Александар Велики, се обид да се украде нивното наследство. - Северните соседи не сакаат да се нарекуваат скопски Македонци, туку само Македонци. Ние сме Македонци и сме од Македонија “ вели Манолис од Солун во сторијата на „Би-Би-Си“. Според британската телевизија, отпуштањето на Григориј Валијанатос, советник во кабинетот на лидерот на Социјалистичката партија, Јоргос Папандреу, кој јавно прозборе дека во Грција има македонско малцинство, е доказ дека Грција се уште не е подготвена да се соочи со решавање на проблемот со Македонија. - Ова прашање е најголемо табу во Грција. Грците немаат свест за случувањата во земјата северно од нас. Тие имаат испревртено познавање на историјата и веруваат дека живеат на планетата наречена Грција - вели Валијанатос. Грчките медиуми се уште молчат и не го коментираат почнувањето на судскиот процес во Меѓународниот суд на правдата во Хаг по тужбата против Грција за прекршување на спогодбата од 1995 година со што Македонија не стана дел од НАТО. Министерката за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани, во репортажата вели дека тие направиле доволно отстапки и сега на ред е и соседот да попушти. - Вистината е дека Грците имаат многу пријателски чувства кон оваа нација. Но сакаме да се сретнеме на половина пат, а ние ја минавме нашата половина. Нам не ни е лесно во домашната политичка реалност. Ја сменивме нашата политика и мислам дека она што го предложивме е многу фер “ изјави Бакојани за „Би-Би-Си“. Повеќето грчки граѓани не веруваат дека Меѓународниот суд на правдата ќе успее да го реши спорот со нивниот сосед. Според нив, и судиите да пресудат дека Грција греши, Грците ќе бидат убедени дека се во право.
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X