Албанските власти да им дадат културна автономија на Мала Преспа, Гора и Голо Брдо, вака гласи резолуцијата на Македонците што живеат во овие делови на западниот сосед. Документот го донеле на конференцијата посветена на положбата на Македонците во Албанија. На настанот се зборувало и за организирањето на нивната партија за претстојните парламентарни избори во Албанија, кои ќе се одржат на 26 јуни годинава.
„Македонците во Албанија да имаат посебни образовни, културни и верски институции со цел заштита на мајчиниот јазик, култура, вера историски и државен идентитет. Да се овозможи основно и средно образование на македонски, да се учи на мајчин јазик во Мала Преспа, Голо Брдо, Гора и во сите делови во Албанија каде што живеат Македонци. Организирање попис на населението во Албанија со меѓународен мониторинг, на кои ќе се овозможи слободно изјаснување и посебна графа на пописните листи за етничкото потекло на жителите во Албанија“, стои во усвоената резолуција, која е испратена до меѓународните и до албанските институции.
Исто така од албанската влада и од Собранието се бара да донесат закон со кој областа Мала Преспа ќе се изземе од сегашниот Закон за враќање и компензирање имоти. На конференцијата е избрано и новото раководство на месниот комитет - Преспа на МАЕИ, каде што за претседател бил избран градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко.

Comment