Кога ќе се распадне Грција?

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Кога ќе се распадне Грција?

    Пред некое време еден познат грчки националист, по име Леонидас Самарас, фати да „грача“ дека наскоро ќе се распаднела Македонија. Нему од првиот момент на постоење на Македонија не му беше ујгун што постои оваа земја, па се обидуваше самиот да ја распадне. Многу е поточно да се тврди дека ќе се распадне Грција. Кога точно ќе се распадне, не е толку важно. Во секој случај, главно, се распаѓаат вештачки составените држави, кои немаат внатрешна кохезија: се распадна Советскиот Сојуз, се распадна Југославија.
    На добар пат е да се распадне и Грција.
    Грците првин не се еднороден народ. Тие се собраа во една држава настојувајќи се што не е грчко, да стане грчко. Така, некаде во бр. 9 /1992 година во „Демократски форум“ објавивме една статија во превод од еден грчки новинар по име Елиас Петропулос под наслов „Богумилски гробови во Грција“, во која тој педантно расправа за тоа како по победата на грчките „социјалисти“ на чело со Папандреу, владее крајно опасна клима на шовинизам и морализам, што се пројавува на илјада и еден начин. Така, на грчкиот ТВ-канал прикажувале серии емисии насочени против Евреите; на странските нудисти се гледало како врз грозни перверзници. Елиас Петропулос испратил писмо до големата „социјалистка“ Мелина Меркури предлагајќи таа да издаде марки во сеќавање на 50.000 жртви на еврејската заедница. Мелина Меркури не одговорила! „Грчките социјалисти“ ги мразат Евреите (грчки поздрав до г. Саркози, големиот љубител на Грција!). Грчките социјалисти не ги сакаат ни Словените, не повеќе од Турците. Елијас Петропулос и напишал писмо на Мелина Меркури во врска со селото Веви (македонското име за ова село е Баница) во кое се наоѓале повеќе богумилски гробови. Работејќи врз својата книга „Гравес оф Грееце“, (Париз, 1979), ги беше обиколил гробовите во Веви и нашол неколку стекци и надгробни плочи во некој вид порозен камен, во мошне лоша состојба, запуштени и искршени на повеќе парчиња.
    Направив, вели Петропулос, повеќе скици на тие гробови и си отидов. Уште при таа прва средба сфатив дека најстарите гробови во современа Грција се во Веви и фатив да насетувам дека се тие богумилски. Во 1974 се вратив во Веви и ги снимив тие интересни гробови. Во една моја статија објавена во весникот „Солун“ барав грчката влада да ги заштити тие гробови, единствени по својот вид. Потоа барав од власта да повика странски стручњаци да го дадат својот суд за нивната вредност и значење. Грците, меѓутоа, не веруваа дека во Грција може да има словенски урнатини. Во Грција не можеш да најдеш ниеден универзитетски наставник што се занимава со подрачјето на славјанската наука или со туркологија. Врз проблемите на богумилите работеа Србите, Бугарите и Чесите. Под такви услови и Грците се на чисто дека нивното сегашно потекло е малечко.
    Во една нова статија во германскиот весник „Франкфуртер Аллгемајне Сонтаг-зеитунг“ од 2008 година, водачот на леринското „Виножито“, Павлос Воскопулос навестува дека нема веќе да го крие ни својот идентитет. Тој сака, како и неговите предци, да се нарекува Филипов, што некогаш му било одземено. Сега постои Суд за човекови права во Стразбур и тој оваа ситна „поправка“ може мошне лесно да ја направи.
    Така Самарас може колку да сака да проповеда дека неговата националистичка Грција била побројна и помоќна и многу поразвиена од другите. Овој механички судир на народи во Грција сам од себе ќе доведе до распаѓање. А кога тоа ќе се случи не е важно. Рускиот академик Игор Панарин претполага, на пример, дека до 2010 година ќе се распаднат и САД: економската и моралната криза, на пример, ќе доведе до нивно распаѓање и до нова граѓанска војна. Кога 1976 година францускиот научник Емануел Тод го предвиди распаѓањето на СССР никој со ништо не можел да му приговори, но ни нам сега. Маленкоста на земјата воопшто не е причина за распад. Лихтенштајн и Монако се малечки, но воопшто не им паѓа на памет да се распаднат! Така стојат работите и со Грција! Таа е помоќна од соседните земји, но тоа ништо не значи дека не е неуништива. Во неа има два милиони Албанци, повеќе од два милиони Македонци, над два милиони Власи.
    А тоа е сосема доволно за распаѓање!
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X