PDA

View Full Version : Бродот „Македонија“ главен на океаните


Dimko-piperkata
01-08-2009, 02:32 PM
http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/037581BB664C27459B346C9DDECF9EC4.jpg

Најмалку шест прекуокеански бродови во 19 и 20 век го носеле името Македонија и учествувале во важни историски настани во светот

Бруклин, 7 мај 1846 година. Стотици работници излегуваат од прекуокеански брод и се упатуваат на пристаништето. Конечно, по долг и напорен пат, печалбарите доаѓаат во ветената земја - САД. Меѓу нив е и Џејм Хоулан (35), чевлар од Ирска, кој две недели пред тоа се качил на бродот во Ливерпул со една единствена цел: да почне нов живот. Пред да зачекори на бруклинските улици, за последен пат фрла поглед кон бродот што го донесе од Британија. На крмата со големи букви стои името „Македонија“.

Ова бил еден од првите парни прекуокеански бродови што редовно пренесувале патници преку Атлантикот - главно емигранти. Овие револуционерни пароброди го скратиле времето на патување преку „барата“ од неколку месеци на само 14 дена. Зошто бродот бил наречен „Македонија“? Одговор побаравме од Националниот поморски музеј на Австралија, кој има податоци за илјадници бродови низ историјата. Нашиот соговорник Џилијан Симпсон, библиотекар во музејот, со задоволство прифати да разговара со нас.

ШЕСТ ПАРОБРОДИ

Симпсон ни објасни дека постоеле најмалку шест пароброди што го носеле името Македонија од 1850 година наваму.

- Во различни верзии на изданија на регистри на бродови открив шест брода што го носат тоа име. Според тоа, името Македонија не било реткост при именувањето на бродовите, но не можам со сигурност да ја кажам причината зошто биле наречени токму така. Една од можните причини е што некои од компаниите што ги поседуваат и ги нарачуваат бродовите често користеле топоними во нивното именување - објаснува библиотекарот.

Најголем број од бродовите наречени „Македонија“ биле регистрирани во Велика Британија, а дел биле во сопственост на компании од Германија и од Шведска. Денес фирмите-сопственици не постојат. Иста судбина имаат и бродовите на кои било гордост да се служи, бидејќи биле големи, убави и модерни. Тие учествувале во важни историски настани - војни, масовна емиграција, бунтови и слично. Секој од нив си имал своја историја, а се издвојува еден, кој бил и најголем.

РЕКОРДНО ДО ШРИ ЛАНКА

Само три недели пред да се крене Илинденското востание во 1903 година, на 2.500 километри од Крушево, на бродоградилиштето во Белфаст бил завршен прекуокеанскиот пароброд „Македонија“. Имал шифра 116012, бил долг импресивни 160 метри, можел да собере 377 патници во прва класа и уште 187 во втора, имал екипаж од 370 луѓе, а можел да се движи со брзина од 18 јазли (околу 33 километри на час). Крштевање на бродот било во наредната година, кога заминал од Лондон на пат за Бомбај, Индија. На своето прво патување „Македонија“ спасува морнари што доживеале бродолом, но тогаш се случува и првата несреќа - судир со бродот „Кристијан 9“. По само три недели „Македонија“ плови повторно, во нови авантури. Во 1907 година го руши рекордот со најбрзото патување од Западна Австралија до Шри Ланка. Седум години подоцна, на почетокот на Првата светска војна, од транспортен „Македонија“ се претвора во воен брод.

На него биле монтирани 8 топа и за кратко време бил пуштен во акција. На 3 декември 1914 година „Македонија“ и уште два брода биле упатени кон Фокландските Острови во близината на Аргентина, каде што по кратко време имало голема поморска битка. Британците потопиле четири германски бродови. По оваа победа британската флота се вратила, а на Фокландите останал бродот „Македонија“. Неколку дена подоцна тој сам го потопил бродот „Изабела“. „Македонија“ го дочекал крајот на светската војна. Кога бил направен, бродот чинел 340.000 фунти, а по војната бил продаден за 25.000 фунти во Јапонија. Во 1931 година „Македонија“ бил расклопен на делови.

Денес голем број потомци на емигранти бараат роднини користејќи ги податоците од бродските бележници, кои грижливо се чуваат во музеи и во приватни колекции. На интернет постојат десетици такви страници на кои се објавуваат списоци на патници со точен датум на поаѓање и точно време на пристигнување во САД. Меѓу стотиците имиња е и името на чевларот Хоулан. Иако бродот со кој стигнал во САД веќе не постои, споменот за него останал врежан во неговото, но и во сеќавањето на неговите потомци.

„Македонец“ бил гордост на американската морнарица

Морнарицата на САД за време на Англо-американската војна во 1812 година посебно била горда на бродот „Македонец“. Станува збор за едреник што во почетокот од војната бил во служба на Велика Британија, но подоцна бил заробен од САД. „Македонец“ бил фрегата со 38 топа, долг 45 метри. Американската морнарица го користела и по завршувањето на војната како комерцијален брод. Меѓу луѓето што имале чест да се качат на палубата на „Македонец“ бил и Вилијам Хенри Леонард По, брат на познатиот поет и писател Едгар Алан По.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C52B8A1AD87558468B49DAD3C75C34B8

Bratot
01-08-2009, 11:27 PM
The third British cruiser - MACEDONIA 1914

http://i46.servimg.com/u/f46/12/36/01/15/brodot10.jpg

http://i46.servimg.com/u/f46/12/36/01/15/karta_10.jpg


---


The S.S. Macedonia passing a ship in the Suez canal

1924-05-04 (May 4, 1924)

http://profiles.nlm.nih.gov/LW/B/B/D/S/_/lwbbds_.jpg


The entrance to the Suez Canal, from the S.S. Macedonia

http://profiles.nlm.nih.gov/LW/B/B/D/R/_/lwbbdr_.jpg


Charles James Haynes with crew on the armed merchant cruiser HMS Macedonia.

http://www.battleships-cruisers.co.uk/images/hmsmacedoniacrew.jpg

Contributed by his grandson: My grandfather served on many ships during the period of 1890 to 1922 these are some photos of him and some of his shipmates on the Victory, Duke of Wellington and Macedonia. He received a bounty payment I believe this was following the engagement of the AMV Macedonia with some German colliers off the Falklands.



RMS Macedonia

RMS Macedonia’s maiden voyage commenced on 13 Feb 1904 with a trip to Bombay via Marseilles. On April 29 1904 she commenced service delivering mail to Australia making a round trip in about 16 weeks. On the return leg of her maiden voyage she brought home the survivors of Australia which had been wrecked in June of that year.

9.7.1903: Launched by Harland and Wolff Ltd., Belfast (Yard No. 355), for the company.
20 Jan 1904: Registered.
8 Aug 1914: Hired by the Admiralty for service as an armed merchant cruiser and converted at Tilbury.
Early 1914: Plating to the bridge was raised as she was a very wet ship forward.
Nov 1916: Compulsorily purchased by the Admiralty, but the company contested their right to do so
Feb 1917 sold back to P&O
20 Oct 1921: Sailed on her first post-war commercial voyage, from Tilbury for Bombay.
Nov 1931: Sold for £25,000 to Amakasu Gomei Kaisha, Japan, for demolition at Yokohama.

http://www.shipsnostalgia.com/guides/images/9/91/Macedonia-2.jpg

http://www.shipsnostalgia.com/guides/images/8/8e/Macedonia-3.jpg

http://www.shipsnostalgia.com/guides/images/a/aa/Macedonia-4.jpg

She made her last passenger voyage from Tilbury on 18 September 1931. Her final trip was from Shanghai to a scrapyard in Japan leaving 27 October 1931.

Bratot
01-08-2009, 11:28 PM
On October 25, 1812, the US frigate "United States" defeated the HMS "Macedonian." The battle takes place off the coast of Africa. Captain Stephen Decatur is the commander of the "United States."


At dawn on 25 October, five hundred miles south of the Azores, crewmen of the United States commanded by Captain Decatur reported seeing a sail 12 miles away. Decatur identified the ship as the HMS Macedonia
� Both ships were immediately cleared for action and commenced maneuvers at 0900. Capt. Carden elected not to risk crossing the bows of United States to rake her, but chose instead to haul closer to the wind on a parallel course with the American vessel. For his part, Decatur intended to engage Macedonian from fairly long range, where his 24-pounders would have the advantage over the 18 pounders of the British, and then move in for the kill.
� The actual battle developed according to Decatur's plan. United states began the action at 0920 by firing an inaccurate broadside at Macedonian. This was answered immediately by the British vessel, bringing down a small spar of United states. Decatur's next broadside had better luck, as it destroyed Macedonian's mizzen top mast, letting her driver gaff fall and so giving the advantage in maneuver to the American's frigate. United States next took up position off Maced onian's quarter and proceeded to riddle the hapless frigate methodically with shot. By noon, Macedonian was a dismasted hulk and was forced to surrender. She had suffered 104 casualties as against 12 in United states, which emerged from the battle relatively unscathed.

� The two ships lay alongside each other for over two weeks while Macedonian was repaired sufficiently to sail. United states and her prize entered New York Harbor on 4 December amid tumultuous national jubilation over the spectacular victory. Wherever they went, Capt. Decatur and his crew were lionized and received special praise from both Congress and President James Madison. Macedonian was subsequently purchased by the Navy, repaired, and had a long and honorable career under the American flag.

http://www.historycentral.com/1812/Macedonia.GIF