Македонија надвор од грција 1828

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • DedoAleko
    Member
    • Jun 2009
    • 969

    Македонија надвор од грција 1828

    Првиот претседател на грција предложил Македонија да се формира надвор од грција


    Во предлогот на Јоан Каподистрија од 1828 година се планира да се формираат пет нови држави. Меѓу нив се Македонија, подразбирајќи ја под ова именување целата Румелија и граничните со неа острови. Границите на областа на Елините или грција се од реката Пенеј во Тесалија до градот Арта, вклучувајќи го и целиот Архипелаг


    По бурите кои ги предизвика "Македонската енциклопедија" главниот редактор, академик Блаже Ристовски, се појавува со ново капитално двотомно дело со наслов "Македонскиот преродбенски 19 век". Во првиот том, што деновиве излезе од печат во издание на "ТРИ", академик Ристовски изнесува шокантно релевантни записи за Македонија. Тој го прикажува преродбенскиот процес кој започнува на почетокот на 19 век, а завршува со формирањето на современата македонска држава во 1944 година.

    ВЕЧЕР ексклузивно пренесува дел од книгата, односно настанот од 1829 година кога во Санкт Петербург се одржува важна седница на Вториот комитет на царот Николај Први, а во врска со можноста за распаѓање на Турската Империја. Како основен предлог-документ се разгледува писмено формулираната опција од грофот Јоан Каподистрија, грк на руска служба, државен секретар за надворешни работи и прв претседател на грција когастанува самостојна држава. Поентата е дека во предлогот на Каподистрија се предвидува по ликвидацијата на турското владеење на Балканот да се формираат пет нови држави, а името Македонија не се споменува во контекст на грција. Предложените држави се следните:
    1. Дакија, што ќе ги опфати кнежевствата Молдавија и Влахија; 2. Србија, со присоединување кон неа на Босна и Бугарија; 3. Македонија, подразбирајќи ја под ова именување целата Румелија и граничните со неа острови; 4. Епир, заедно со Горна и Долна Албанија и 5. областа на Елините или грција, поставувајќи ги нејзините граници од реката Пенеј во Тесалија до градот Арта, вклучувајќи го и целиот Архипелаг", наведува академик Ристовски.

    Авторот пишува и дека на истата седница на овој царски таен комитет, покрај другите, бил разгледан и Мемоарот на рускиот гроф М. Н. Булгари, кој предлагал градовите Варна и Бургас да влезат во Русија, Цариград да остане слободен град, а на Балканот да се создадат следниве држави: 1. грција, со Килкидските Острови, Самос и Крит; 2. Северна Албанија, Македонија и дел од Тракија се до сливот на Марица; 3. Северна Србија и Босна да останат под протекторат на големите држави и 4. обединети заедно Молдавија, Влахија и Бугарија да потпаднат под руски протекторат.

    "Тоа значи дека и во овој предлог се смета со посебна и проширена држава Македонија, но не и со самостојност на Бугарија, Албанија и Романија", објаснува академикот заклучувајќи дека од сиве овие планови и замисли станува очигледно дека во тоа време се уште се нема појасна претстава ни за денешните народи-нации ни за нивните етнички граници на Балканот.
    "Бугарија, на пр., воопшто не се замислува како посебна држава, туку во сите комбинации таа влегува заедно со други етнички области во други државни творби - во рамките на Србија, со Романија или директно во Русија", потенцира академик Ристовски.

    Во "Македонскиот преродбенски 19 век" се претставени и маркантните профили Божигропски, Зографски, Миладиновци, Жинзифов, Шапкарев, Мачуковски, Икономов, Цепенков, Пулевски, Драганов, Гологанов, Попгеоргиев, Попарсов и др., и духовно-просветните и национално-политичките пројави и движења на учебникарството, унијатството...

    Фељтон од книгата на академик Ристовски во ВЕЧЕР!
    Деновиве весникот ВЕЧЕР ексклузивно ќе започне да пренесува делови од книгата на академик Ристовски во фељтон. На нашите страници ќе можете да прочитате илјадници помалку познати факти и податоци за македонското прашање, Македонија и за македонските великани од 19 век. Од нив може да се дознае дека владението на стратегот Методија во Брегалничко во IX век не се викало "Бугарско Кнежевство", ами "Словенско Кнежевство". Дека и до ден-денеска кај соседните Албанци за Македонците е зачувано именувањето "Шќаи" (Словени). Дека Климент е веројатно хиротонисан за епископ од Римската црква, а од моравскиот архиепископ Методија бил поставен во епархијата во Македонија ("Илирикот")...

    izvor: http://vecer.com.mk/?ItemID=F99ADC46...306E2AF4A9FE2E
Working...
X