aHтимос:Да се искрши радиото на Македонцит

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • DedoAleko
    Member
    • Jun 2009
    • 969

    aHтимос:Да се искрши радиото на Македонцит

    aHтимос повикува да се искрши радиото на Македонците во Лерин

    Да се искрши македонската радиостаница во Лерин. Испровоциран од најавата за отворање на радио на македонски, Солунскиот Митрополит aнтимос, ги повика гpците да се соберат и на вандалски начин да спречат на грчка територија да се емитува програма на македонски јазик.

    Според aнтимос, радиото ќе било инструмент на пропаганда. На јавен настап пред верниците побара да се екипира еден автобус со 50 грци кои ќе заминат во Лерин и ќе ја уништат станицата.

    - Не смее на територија на грција да се емитува радиопрограма на јазикот на соседната држава, со која постои спор за името. Дали е ова можно. Дали ние, грците, смееме да имаме радиостаница каде било на Балканот - изјавил aнтимос.

    Со повикот на насилство, закани и уцени aнтимос го крши Законот. Од Виножито ќе бараат обвинителот и надлежните институции да покренат постапка и митрополитот да одговара пред грчките судови.

    Од “Виножито” очекуваат македонското радио да почне со работа на есен. Процедурата за добивање дозвола била при крај. Планирани се вести и програма во живо , а радиото ќе се слуша од Лерин до Солун.

    izvor:http://sitel.com.mk/dnevnik/makedoni...ncite-vo-lerin

    Look who we're dealing with!!
Working...
X