Помеѓу соживотот и загриженоста од асими

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Јован Кукузел
    Member
    • Nov 2010
    • 103

    Помеѓу соживотот и загриженоста од асими

    Репортажа за Мала Преспа објавена во DW на албански јазик
    Македонското малцинство во областа Преспа ги чува и негува македонскиот јазик и неговите културни традиции, како вредност на соживотот со мнозинското албанско и другите етнички малцинства. Но емиграцијата и се заканува на јазикот и традиците.


    Помеѓу соживотот и загриженоста од асимилиција – Македонското малцинство околу Преспа

    Македонското малцинство во областа Преспа ги чува и негува македонскиот јазик и неговите културни традиции, како вредност на соживотот со мнозинското албанско и другите етнички малцинства. Но емиграцијата и се заканува на јазикот и традиците.

    Девете села во областа каде што живее македонското малцинство, се наоѓаат едно до друго и го делат истото богаство и природните убавини на Преспанското Езеро. Во таблите на автопатот, што ме доведуваат до ова област, ги читам имињата на селата на македонски и на албански јазик: Пустец/Лиќенас, Туминец/Каламас, Шулин/Дјелас и така натаму.

    Имињата на албански ги стави комунистичкиот режим на Енвер Хоџа, и за чудо се останати до денес, 20 години од падот на комунистичкиот режим. Нови куќи со два три спрата, со нови покриви со интезивно зеленило и позадината на Препсанкото Езеро, се појавуваат на двете страни од патот, многу привлечен и природен пеисаж. Но полињата се појавуваат голи и окото ми фаќа ретко и тука-тамо по некој жител што ги прават сезонските земјоделските работи.

    Крста Трајко сама и со седум деца

    Крста Трајко, жена во седумдесетите години, ме покани да влезам во нејзината куќа. живее сама во Шулин иако има седум деца. Децата се емигранти во Македонија и Грција, вели таа. Имаат изградено нови куќи од парите заработени од емиграција, но Крста живее во старата куќа, на семејството Трајко. Во ова стара куќа, покрај новите на нејзините деца емигранти, минува животот на Крста со месечна пензија од 25 евра. “Слушај, вели Крста Трајко, ако имаш сила да ги работиш овие ледини и полиња ке добиеш повеке. Но треба да има младина да ја прави ова работа.”

    Но, младите во овие села со 100% македонско население емигрираат за сезонски работи во Македонија и Грција, и кога ке дојдат за неколку месеци во селата се занимаваат со изградба. Не е ни чудно што македонските ѕидари од Преспа се познати во цела Албанија по нивните вештини. Но, главниот извор на приход останува емиграцијата.

    Земјоделските и сточарските производи што ги произведуваат повозрасните жители останати по селата не се за на пазар, но само за задоволување на нивните секојдневни потреби. Отсуствува земјоделската механика и земјата продолжува да се работи со животни.

    Правото на мајчин јазик, зачувување на културата и традициите

    И покрај економските тешкотии Македонците од Преспа наоѓаат аргументи за да бидат задоволни.
    Богдан Никола е најстар во целата област. Роден е во 1918 година. Тој е задоволен со правата што ги ужива македонското малцинство во Преспа во хармонија и мирен соживот со албанското мнозинство во околните области, во Корча и Поградец. Богдан избира да зборува на албански, можеби како значаен доказ за соживот. “Училиштата во сите села ги имаме на македонски јазик, но имаме и на албански јазик. Но повеке ги имаме на македонски јазик. Исто така и службите во нашите цркви ги одржуваме на македонски јазик.” вели Богдан Никола.

    Но, Васил Стерјовски, истакнат активист за заштита на македонската традиција и култура, претседател на младите на партијата, Македонска алијанса за европска интеграција, не е токлу среќен како што е 93-годишниот Богдан Никола.

    Тој вели дека владата во Тирана мора да покажи повеке политичка волја за заштита на јазикот и културните традиции на македонското малцинство. “Според законот за образование, 60% од наставата во основното образование треба да се одржува на македонски јазик. Но, ова останува само на хартија, затоа што не се печатат учебници на македонски јазик, и ова е еден проблем што се повторува секоја година.” нагласува Васил Стерјовски.

    Загриженоста од асимилација

    Него го грижи повеке, губењето на јазикот од страна на помладите генерации кој ја напуштаат областа Преспа и си заминуваат за Тирана и другите поголеми градови, каде што нема училишта или курсеви за да го изучуваат македонскиот јазик.

    Само македонското малцинство што живее во Преспа е признато официјално како такво и ужива права кој ги гарантира уставот. “Нашиот проблем е кога ке излезиме од Преспа, во градовите на Албанија. Ние се асимилираме, затоа што нашите деца го забораваат јазикот, бидејки нема каде да го учат. Албанија признава македонско малцинство само во областа Преспа и во Врбник, областа Белишта. Само во овие две области имаме право како малцинство да го изучуваме јазикот, надвор од овие области немаме право.” вели Васил Стерјовски.

    Екстремно сиромашниот буџет на Општина Пустец каде што живее македонското малцинство, не дозволува финансирање на културни активности за зачувување на традициите. “Албанија носи закони за заштита на културата и традициите на малцинствата, но тие треба да се спроведуваат, а не само да останат на хартија”, вели Васил Стерјовски.

    Гласот на малцинствата на локален медиум - добар почеток


    Но, партијата Македонска алијанса за европска интеграција, има превземено една иницијатива, која дава надеж дека ова ситуација ке се промени на подобро. Ова партија има превземено една не многу лесна задача: да направи да се слуша гласот на етничките малцинства во Албанија преку програмите на локалниот медиум во Корча, ТВ “Кристал”. “Ова телевизија е единствениот пример во Албанија која цели да стане гласот на малцинствата и на нивната култура.” вели Васил Стерјовски.

    Ова иницијатива е подржана и од меѓународните организаци кој се присутни во Тирана, кои вршат обука на новинари од малцинствата, кој ке реализираат програми на македонски и на ромски јазик.

    Васил Стерјовски се надева дека преку присуството на ова телвизија, ке се слуша гласот на македонското малцинство, и правата што му следат со закон, ке се реализираат во секојдневниот живот. Она што ова малцинство бара од новоизбраната локална власт е отворање на нови работни места за младите, развој на туризамот, претворање на областа Преспа, каде живее македонското малцинство, во туристичка дестинација, како единствен пат за економски развој и враќање на младите од емиграција.

    Преведе од албански јазик Горѓи Терпо
Working...
X