PDA

View Full Version : ДПМНЕ против Мак. Дијаспора


ateist
07-24-2011, 07:07 AM
1)
Број 3511 сабота, 19 февруари 2011

Груевски не се среќава со иселениците

Иселениците од САД се жалат дека од нив се кријат и посетите, не само премиерот

Иселениците од САД се разочарани од игнорантскиот однос на премиерот Никола Груевски, кој, според нив, за време на последната посета на Вашингтон имал време за шопинг, но немал време да се сретне со Обединетата македонска дијаспора. Претставниците на најорганизираната македонска иселеничка организација се жалат дека од 2008 година бараат и никако да стигнат до средба со македонскиот премиер кога и да е во Америка, а на двете покани да присуствува на нивни настани се' уште чекаат одговор, иако биле испратени во 2009 година. Затоа, пак, со леснотија добиваат средби со медијаторот Метју Нимиц, минатата година организираа посета на дваесетина конгресмени на Македонија, имаат редовни контакти со американската администрација, но колку им вреди тоа и како изгледаат во САД кога немаат пристап до премиерот на Македонија. Уште повеќе, иселениците се жалат дека за посетите на премиерот дознаваат од медиумите во Македонија, бидејќи тие се кријат од нив, иако би требало да е обратно, да ги анимираат.

Амбасадорот Зоран Јолевски вчера изјави дека карактерот на оваа посета бил таков што немало време за средба со иселениците

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9A75792C4C12C84AA096CB5307B912C6

2)
Број 3362 четврток, 19 август 2010

Македонија без кредибилитет во САД

На ова се надоврзува и тоа дека премиерот во текот на единствениот престој во САД не се сретнал со најорганизираната македонска дијаспора, туку со МПО

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9588B922B0ADAC48B636F6C41F511975

3)

МПО му се придружи на грчкото лоби во САД

26.12.2007 18:21



Македонската патриотска организација му се придружи на грчкото лоби во САД во јавното оцрнување на Република Македонија пред самитот на НАТО.

Најстарата и една од најмоќните организации во САД, со предзнак македонска, испратила писмо до голем број влади, меѓународни институции и организации за човекови права, во кое тврди дека Македонија не ги почитува правата и слободите на своите граѓани.

Директен повод за писмото кое стигнало и до Белата Куќа е три и пол годишната казна затвор за поранешниот директор во Бирото за поддршка на неразвиени подрачја Мирослав Ризински, осуден за примање мито во вредност од 6.000 евра, кој според МПО е уапсен поради неговите пробугарски ставови.

Во писмото се вели, дека Ризински е уапсен по неговото враќање од конвенција на МПО во САД, каде отворено зборувал за бугарската историја на Македонија.

Според претседателот на организацијата Џорџ Лебамоф Ризински, кој на изборите во 2006 година беше кандидат за пратеник на партијата ДРУМ на Доста Димовска, е жртва на антибугарската кампања, која е насочена кон сите што зборуваат јавно за бугарскиот карактер на Македонија.

Според неговиот адвокат Саво Коцарев, случајот Ризински е полициска местенка поради неговата етничка припадност и обид да се спречи основање на претставништво на МПО во Македонија.

Во писмото на МПО нема ниту збор за неговото поставување за директор во државен служба и покрај тоа што политичките ставови на Ризински се добро познати во македонската јавност.

Тој беше еден од настраданите во тепачката на споменикот на Мара Бунева на кејот на Вардар во јануари 2006 година, кога беа нападнати и повредени неколку почитувачи на делото на Бунева.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=87843

Soldier of Macedon
07-24-2011, 06:21 PM
For the benefit of other readers, this article is basically about how Gruevski didn't meet with members of the UMD, but did with members of the MPO. But these reports are from 2007, 2010, and Feb. 2011. The UMD policies differ little from those of the MK government, so this article is a bit of a suprise. Who were the iselenici that voiced their concerns? It doesn't cite any names. And this is coming from a traditionally pro-SDS newspaper. Hard to trust many of the Macedonian newspapers or online newsreporting groups, most are either pro-SDS or pro-DPNE. Then again, it is not unknown for DPNE politicians to be in cahoots with the MPO, even when the latter have expressed bulgarophile sympathies.

ateist
07-26-2011, 05:51 PM
Милошоски се върна към българските си корени

..www.youtube.com/watch?v=NsWgon5hvo4&feature=related