Илинденски средби во леринско Овчаране

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • DedoAleko
    Member
    • Jun 2009
    • 969

    Илинденски средби во леринско Овчаране

    Илинденски средби во леринско Овчаране


    Со традиционални македонски песни и ора синоќа во леринското село Овчаране на традиционален панаѓур се одбележа големиот национален празник Илинден.

    Македонците од Леринско, Воденско, Солунско, но и од прекуокеанските земји во голем број се собраа понесени од силни емоции предизвикани од заедничката средба среќни што секоја година се се побројни.

    Од здружението Македон на средбата упатија пораки за соработка и соживот помеѓу македонскиот и грчкиот народ.

    Градоначалникот на Овчаране вели дека Македонците во Леринско треба да бидат лојални граѓани на Грција, но да не заборават кои се. Напредокот го гледа во нивното економско јакнење.

    Историските хипотеки и разликите во читањето на историјата да не ги раздвојуваат двата соседни народи.

    За разлика од минатите години кога прославите во Овчаране беа проследени и со инциденти од страна на грчките националисти, годинава истата мина без никакви проблеми, што според локалните власти се должи и на добрата соработка со полицијата.

    На Илинден во Овчаране на крајот на 80-тите години прв пат беше обновена традицијата да се пеат и играат македонски песни и ора и покрај забраната од властите.

    izvor: http://kanal5.com.mk/default.aspx?mI...&eventId=77907


    Овчарани докажува дека Грција е мултинационална

    Атмосферата во Мелити, како што на грчки се нарекува селото Овчарани, првпат по неколку години беше релаксирана, без никакви инциденти




    Илинденско чествување во егејска македонија

    Повеќе од 4 илјади Македонци синоќа беа собрани во лерниското село Овчарани во Егејска Македонија, на традиционалното одбележување на христијанскиот празник Илинден, за да им докажат на официјалните грчки власти дека Грција не е еднонационална држава како што тврди нејзината официјална политика. Собирот го организира локалната самоуправа на ова село во северна Грција, а под покровителство на локалниот претседател Панајотис Анастасиадис, Македонец што успеа на последните локални избори во Грција како независен кандидат да застане на чело на Овчарани.

    Атмосферата во Мелити, како што на грчки се нарекува селото Овчарани, првпат по неколку години беше релаксирана, без никакви инциденти. Мирот на селаните единствено го нарушуваа зурлите и тапаните што изведуваа македонски народни ора и песни. Грчките националисти, кои пред две години пред празникот во Овачарани предизвикаа инцидент протестирајќи на граничниот премин Меџитлија, кај Битола, со скандирања „Македонија е грчка“, „Скопјани - српска бановина“, овој пат ги немаше.

    Сега тие се само изолирана група, која неколку дена по празнувањето на Илинден се собира во Лерин и со фашистички симболи патролира низ овој град. Се очекува истото тоа да го сторат и сега. Веќе е најавен нивниот протест за недела. Сепак, поради претпазливост, овчарани изминативе два дена е под „скриена“ полициска опсада.

    Дополнително, за да не настанат меѓуетнички проблеми, полицијата посебно ги има преградено местата каде што Илинден го прославуваа Грците, иако такви според Анастасиадис, биле само десетина во селото.

    Празнувањето на Илинден во Овчарани неколку години по ред беше саботирано и од граничните служби, кои неколкупати ги враќаа новинарските екипи од Македонија што сакаа да известуваат за настанот, како и фолклорните групи што требаше да учествуваат на прославата.

    - Сега тоа е променето. Цариниците на границата сфатија дека не носиме пушки, туку музика. Сега е многу порелаксирано - коментира Анастасиадис, кој на граничниот премин Меџитлија ја дочека фолклорната група „Китка“ од Кочани.

    Прославата во Овчарани траеше два дена. Првиот ден, вторникот, беше осветен на фолклорот од леринскиот и воденскиот регион, па пред насобраните посетители настапуваа локални културно-уметнички друштва. Тогаш како гости настапија и членови на турско фолклорно друштво за да се покаже различната етничка структура во Грција. Синоќа, пак, вечерта беше посветена на македонските песни, кои наизуст ги знаат сите гости во селото.

    izvor: http://novamakedonija.com.mk/NewsDet...tIzdanie=22336
    Last edited by DedoAleko; 07-21-2011, 06:14 AM.
Working...
X