Преспа туристички бисер

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Јован Кукузел
    Member
    • Nov 2010
    • 103

    Преспа туристички бисер

    Преспа туристички бисер

    Текст од Васил Стерјовски, објавен во албанскиот весник "Корча" за Мала Преспа. Текстот ке го најдете на стр. 3


    Преспа

    Езерата не го мерат времето на ист начин како луѓето .Регионот кој го нарекуваме Преспа сместен на 850 м надморска височина живее преку единствените четири времиња во годината каде ниту едно време не си личи со другото сега и векови порано.

    Ние не можеме да најдиме друго идентично место во Албанија ниту во целиот свет.

    За првиот момент кога вие ги фрлате очите во мирното езеро вие длабоко ја чувствувате оваа голема вистина.

    Областа Преспа во Албанија му припаѓа на Регионот на Корча и сите села во ова област му припаѓаат на општина Пустец. Општина Пустец се протега на североисточниот дел на околијата на Корча. Нејзината територија се совпаѓа со водната долина на Преспанското Езеро. Таа се граничи со планинските венци кои ја делат езерската долина од Корчанското поле. Потоа на запад се граничи од Охридската долина со планината Сува Гора на севeро-запад и исток се граничи со Македонија и на југ и југо-исток со Грција .

    Центарот на општината е одалечен 25 километри од градот Корча . Во општина Пустец живеат 5,200 жители по националност Македонци Територијата на општината се софпаѓа со Националниот Парк Преспа.

    Општина Пустец е составена од 9 стари села и едно ново село кое сега се формира. Селата се Пустец, Леска, Зрноско, Церје, Шулин, Глобочени, Долна Горица, Туминец Горна Горица и новото село Нова Горица.

    Општина Пустец има средноземна планинска клима Присуството на езерото ја прави климата блага во делот околу езерато.
    Просечната годишна температура е 10,6 С Целзиуси просечната на максималните летни температури е 25 С или таа на минималните 1-2

    Преспанска Кујна



    Посебно задоволство е да ги вкусиш производите на Преспа рибата Крап Мрена и Белвиците Циронките зготвени од способните готвачи кој ги имаат нивните посебни рецепти. Рибата Крап Тава крап и испржен Тавата се готви со малку течност и парчиња крап каде за готвење има посебен рецепт.

    Рибата Мрена е една посебна риба во Албанија која што ја има само во Преспанското Езеро и обично се готви пржена.

    Во Преспанското Езеро се наоѓа, Крапот, Јагулата, Мрената, Карасот, Белвицата и др. Преспанската Белвица Циронка Се готви испржена тазе или испржена сува.

    За преспанската кујна карактеристичен е и бурекот на областа со риба, урда и јајца или со кромид.

    Печеното месо е една друга карактеристична специјалност различна од другите места надвор од Регионот на Корча.

    Не заборавајте да го пробате и познатото вино и ракија од Преспа.

    Националниот Парк Преспа

    Во септември 2008 година Преспа е избрана од престижните списанија Форбес и Осамена Планета во 20 најубави европски дестинации.

    Преставниците на двете списанија ја имаат поставено Преспа помеѓу 20 избрани туристички места Националниот Парк Преспа се простира на површина од 27.750 хектари се формира со одлука на Советот на Министри бр80 од 18.02.1999 година како Национален Парк На 2 февруари 2000 година после потпишувањето на Декларацијата од страна на трите Премиери на Македонија Албанија и Грција Националниот Парк Преспа стана дел од пограничниот Парк Преспа заедно со Националниот Парк Преспа од Грција и Националниот Парк Галичица од Македонија.
    Флората и фауната во Паркот се единствени Цицачите се претставуваат со 26 видов, 9 видови
    ноќни лилјаци, 2 инсективни, 8 роденти, 6 карнивори и 1 лагоморфен.
    Ја споменуваме мечката волкот кунатката дивата свиња и др Важно е да го спомнеме и присуството на еден редок вид и глобално загрозен ,( Lutra lutra ) кој се наоѓа на езерскиот брег како и два вида на ноќни лилјаци два вида глувци смерделката и дивата коза и овие загрозени видови.
    Во Преспанско Езеро се наоѓаат разни птици како нуркачите чафката роската белата водна кокошка штркот и др. Во Преспанското Езеро живеат окулу 11 видови амфиби и 14 видови на рептили и се регистрирани 21 видови на риби 6 од 12 месни видови се ендемски како мренката плашицата скобусот Преспанската пастермка и др
    Во Паркот растат и 57 видови билки.

    Преспанското Езеро


    Преспанско Езеро има површина од 253.6 км2 од кои 49 км2. му припаѓаат на албанскиот дел, и со една максимална длабочина од 56 м, и има тектонско потекло. Надморската височина на површината на езерото е 850 м. Просечната годишна температура на водата е 11,8-13,1 С. Брегот на езерото делумно е висок карпест и низок со песочни и карпести плажи. Се наоѓа подводна врска помеѓу Преспанското и Охридското Езеро на местото викано “Завер” каде се наоѓа и пештера која што е откриена во последниве години со две мали езера во неа.

    На албанската страна на езерото се наоѓа и островот Мал Град каде се наоѓа и една црква внатре во пештера од 14 век. Црквата Св.Богородица позната е по ансамблот на византиските фрески. Фауната е богата и опфаќа ретки птици како Белиот Пеликан.

    Плажи

    Посетителите кои уживаат во допирот на сонцето блиску до водата, со сигурност ќе го најдат најдоброто место за релаксација на една од убавите песочни и карпести плажи на брегот на Преспанското Езеро. Тие се наоѓаат: Во селото Пустец (песочна и карпеста плажа), Во селото Зрноско (песочна и карпеста плажа), Во селото Глобочени (песочна и карпеста плажа) Во селото Долна Горица (песочна), Во селото Туминец (песочна и карпеста плажа) Плажите во Пустец и Зрноско се најомилени кај посетителите. Преспа те релаксира и одмора не само во жешкото лето, но и во ладната зима, И во жолтата есен и во пролета на залубените. Секое време си има свои специфики.

    Места за посета

    Преспа е едно место со историски вредности. Таa e населена уште во времето на Неолитот (7.000 години п.н.е). Тука се простира една богата историско-археолошка област како Неолитското живеалиште (7.000 години п.н.е) “Набели” кај Туминец, подводното живеалиште на местот викано “Старо Село” кај Туминец од Бронзено време, Римскиот пат ( 2 век н.е) што го поврзува селото Долна Горица со местото “Набели”, Ѕидот на Александар трети Македонски на планинскиот премин Ќафата “Звезда”, Пештерските цркви од Византиски и Пост-Византиски период од 12, 13, 14 и 15 век.

    Преспа го има дадено корифејот на албанската книжевност со македонско потекло Стерјо Спасе.

    Неговите романи ги имаат поминато границите на Албанија и се преведени на многу светски јазици.

    Црквите во Преспа

    Во областа Преспа се наоѓаат многу цркви и еден манастир, од различни историски времиња. Многу познати за своите вредности што ги имаат се пештерските цркви од Византиски и Пост-Византиски период кој се наоѓаат на брегот на Преспанското Езеро.

    Пештерската црква “Св.Никола”, кај Пустец

    Ова пештерска црква се наоѓа на 3.5 км северно од с.Пустец на местото викано Накол. Ова црква е посветена на “Св.Никола”, чувар и заштитник на водите. На ова место се собираат рибарите. Од старите фрескоживописи останати се само фрагменти од лицето на патронот “Св.Никола” кој се насликани во 19 век.

    Пештерска црква “Архангелот” недалеку од с.Пустец

    Како последна пештерна црква на брегот на Преспанското Езеро од албанска страна кон Р. Грција е храмот викан Архангелчето. Тој се наоѓа на пет км пловејќи со кајче од с.Пустец, на јужниот брег од Преспанското езеро, на местото, од мештаните викано Трстеник. Црквата се состои од два дела, долен кој бил монашко живеалиште и горен во кој е изграден параклис во внатрешноста со фрескоживопис.
    До параклисот, се доаѓа, преку железни скали кој се поставени од мештаните во последните години. Фрескоживописот е датиран од 12 век.

    Пештерска црква “Св.Богородица” остров Мал Град

    Островот Мал Град се наоѓа на околу три километри североисточно од с.Пустец, во јужноисточниот брег на Преспанското Езеро.

    На овој остров се наоѓа пештерската црква Св. Богородица, која со својот фрескоживопис отскокнува од другите пештерни цркви расфрлани по бреговите на Преспанското И Охридското Езеро. Оваа црква низ времето претрпела измени. Тоа го знаеме од трите сочувани натписи кој се наоѓаат на неа. Во првиот натпис, пишува дека основач на црквата Бојко со жена му Евдокија во 1345 година.

    Во вториот натпис, пишува дека црквата е возобновена во 1369 година од Кесар Новак, неговата жена Кали, неговиот син Амирал и неговата ќерка Марија. Третиот натпис се датира во 1607 година, кога е насликана надворешната западна фасада. Внатрешноста на црквата е целосно живописна и е доста позната по ѕидните фрески од Византискиот палеолошки стил.

    Здраствени Услуги

    Во Општина Пустец здраствените услуги се вршат во два здраствени центри Пустец и
    Долна Горица каде работат по еден доктор и има шест амбуланти и три аптеки во Туминец
    Пустец и Долна Горица. Во аптеките можете да ги најдете потребните лекови за лесните здраствени проблеми типични за туристите. Исто така се наоѓаат и потребните лекови за возрасните но и за децата. Ако ви требаат специфични лекови добро е да ги земете со себе уште пред патување Исто така во Пустец има и еден заболекар.
    Мож слободно да се движите со возило но треба да имате со вас документи и осигурување
    Важат возачките дозволи за земјите од Европска Унија.
    Во областа има две бензиски пумпи во Долна Горица и Леска и еден сервис во Горна Горица Новото село. Исто така на располагање се и услугите на приватните таксисти системот на таксиметар сеуште не функционира.
    Во Преспа можи да плаќате со лекој денари евра и долари

    Празниците во Преспа
    Убавината Преспа ве поканува да одморите и да се веселите во сите годишни времиња
    Преспанскиот брег во Албанија е најсликовитиот брег на Преспанското Езеро
    Во Преспа низ целата година се организираат различни традиционални и културни активности
    Исто така во девете села што ја сочинуваат Општина Пустец се празнуваат посебни верски
    празници и во овие денови гостите се добредојдени во секоја куќа


Working...
X