Србија претпазлива за нов македонски амбасадор
Белград /28/12/ 14:28
Србија ќе биде претпазлива во одлуката, доколку Македонија предложи нов амбасадор во Белград, бидејќи признавањето на Косово придонесе да ја загуби довербата во својот сосед.
Ова денеска го изјави шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ, во интервју за белградската агенција Фонет.
Одговарајќи на прашање дали во Србија се добродојдени нови амбасадори на Македонија и Црна Гора, кои во пакет го признаа Косово, Јеремиќ рече дека доколку двете влади испратат барања за агремани, Белград нивните биографии внимателно ќе ги проучи, бидејќи двата соседи го признале Косово во најлош можен момент, што придонело за губење на довербата.
„Изборот на нов амбасадор мора да биде таков ние да веруваме дека таа личност ќе биде адекватен избор за она што е неопходно – обновување на довербата меѓу нашите држави“. Изјави Јеремиќ, пренесува Макфакс./крај/ег/
Copyright 2008 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax

Comment