Бугарски печатници штанцаат фалсификув&#

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Бугарски печатници штанцаат фалсификув&#

    Фалсификуваните евра и девизи што поминуваат низ земјата се прават во лаборатории во Бугарија и во Романија, имаат многу добар квалитет, а крајната дестинација им се западноевропските земји



    Пратки со по стотина илјади фалсификувани евра и американски долари крстосуваат низ државата скриени во автомобилски бункери, џебови, појаси и кожени чанти. Транспортерите, членови на македонското подземје, годинава во неколку наврати, успеале да ги префрлат „вредносните“ пратки во Албанија и во Србија, каде што полициите ги заплениле фалсификуваните банкноти. Но не сите пратки, бидејќи извесна сума фалсификувани евра се појавија во Шпанија и во Франција и во скандинавските земји.

    Главните фалсификатори на девизи се криминалци од Бугарија и од Романија. Во тие две држави се наоѓаат најдобрите печатници на фалсификувани пари, а нивните „производи“ се најблиску до оригиналот. Овие фалсификатори користат врвна технологија и квалитетна хартија, на која успеваат да внесат дел од заштитните знаци, како водени жигови и флуоресцентни печати.

    Бугарски фалсификатори

    Готовите фалсификати се продаваат за 30 отсто од вистинската сума односно 1.000 фалсификувани евра чинат 300 евра. „Номиналната“ вредност на емисијата на фалсификувани банкноти во овие „печатници“ достигнува и до 5 милиони евра, покажуваат истражувањата на странските полиции.

    Анализите на МВР велат дека македонските криминалци се поврзани со бугарските фалсификатори, а последната алка од ова криминално „братство“ се албанските криминалци, кои ги купуваат и потоа ги растураат фалсификатите.

    - Печатници за фалсификувани пари биле откриени во неколку града во Бугарија. Главните „играчи“ се сконцентрирани во Варна и во околината на Софија. Фалсификуваните девизи се носат во близината на границата, каде што ги преземаат македонските криминалци. Тие ги внесуваат во државата, најчесто преку Деве Баир, и ги пренесуваат во Албанија. За фалсификуваните американски долари, нашите транспортери тргнуваат на север кон Србија и Хрватска, каде што ги менуваат фалсификуваните евра со долари. Нивната заработка се движи од 2 до 6 отсто од вкупната сума на фалсификуваните банкноти, вели нашиот соговорник, долгогодишен полициски оперативец


    Албански канали

    Полициските информации говорат дека во Албанија постојат две криминални групи што растураат фалсификувани девизи. Во нив има и македонски државјани од албанска националност. Пратките што завршуваат во рацете на полицијата се исклучиво од групата за чиј водач се смета Косовецот Авни Хајрулаху, по кого се распишани потерници од безмалку сите полиции на Балканот. Некои од членовите на оваа група се поврзуваат со радикални и со терористички структури во Косово и регионот како нивни финансиери и логистика, но ниту една полиција официјално не ја потврдува оваа информација. Досега, официјално, пет македонски државјани-членови на неговата група беа уапсени од албанската полиција во рамките на акцијата „Гранит“, во која беа запленети над 150.000 фалсификувани евра.

    Сличен успех имаше и српската полиција, која пред неколку месеци пресече еден канал и на граничен премин со Бугарија, и уапси македонски државјанин што транспортираше 100.000 фалсификувани американски долари во апоени од по 100 долари.
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X