Вампирите од 1914-та се враќаат на Балканот

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • DedoAleko
    Member
    • Jun 2009
    • 969

    Вампирите од 1914-та се враќаат на Балканот

    Vredi da se procita.

    Вампирите од 1914-та се враќаат на Балканот

    Просто е непријатен впечатокот што го имате дека всушност се две причините за непријателскиот став на Европа кон Македонија: првата е изневерените очекувања дека таа брзо ќе умре, а втората е дека истата безначајна Македонија третпат во историјата оди спротивно на општите трендови



    Во зависност од аголот на гледање, настаните сврзани со уличната лустрација или со разоткривањето на содржината на пропагандата со која настапуваат ресетираниот СДСМ и неговите невладини сателити може да ве направат тажни или весели. Ако сте малодушна природа, со потценувачки однос кон себе, настаните ќе ви бидат уште еден повод да констатирате дека „Македончето не го бива за ништо“. Ако имате развиено самочувство и самодоверба, веројатно ќе се израдувате дека настапил период на голема демистификација на политичките настани и луѓе за кои сте имале илузија дека се нешто особено и по памет и по значење.Демистификацијата симболизира дефинитивен крај на еден мит, на една политика, на носителите на таа политика сосе логистиката. А тоа, во крајна линија, е добро.

    Значи, деновиве откривме две важни работи: Второто антифашистичко востание, кое на 11 октомври го изведе СДСМ во Прилеп, било дел од пиар-сценариото на тројца агенти за пропаганда од Словенија, кои за фини пари му го напишале на СДСМ. На еден трошок како публика добивме „ретротрип“ за двегодишната активност на новиот СДСМ, кој, по словенечко сценарио, ги глуми некогашните комунисти во борбата против фашизмот: Бранко ја врати стегнатата тупаница, Фрчкоски ја формира „Платформа“. Анонимната, но очигледно природно талентирана мадам Лидија Димова експресно стана лидер на „невладината“ проевропска „Центар за европско образование“, а Бранко Героски на „Граѓаните за европска Македонија“. Владе Милчин, кој од режисер во 2001 година, е деградиран во сценски работник-декоратер, формира „Плоштад Слобода“, архибригада што го дигна првото архитектонско востание, произведе и еден куп инстант-активисти и борци за човекови права каков што е извесниот Жарко Трајановски, кој мисли дека активизмот е професија. Според словенечка режија, формираше и агит-проп за Европска Македонија и конечно потпиша коалициски договор со СДСМ за заеднички настап на изборите. Сите тие како инсталации, заедно со пратениците од СДСМ, по директива на пропагандниве агенти го ширеа медиумски неопартизанскиот новоговор, зборувајќи за борба со фашизмот и за фашисти. А фашистите во македонскиот случај се знаат. Тоа се вмровците на власт, нормално, без Албанците од ДУИ, кои им се коалициски партнери. Тие очигледно биле надвор од ова словенечко сценарио во очекување да го напуштат фашистичкиот брод, што не значи дека не се дел од едно друго „револуционерно“ сценарио на кое потеклото допрва ќе се утврдува. Како такви, безбедносно одработени од тајните југословенски служби, упаѓаат среде партизанскава претстава на СДСМ и настанува општ хаос, кој не може да го доведе до честит крај ниту Спилберг.

    Во секој случај, политичко-пропагандниот игроказ во организација на СДСМ вреди секое исплатено евро од „народните пари“ зашто: откривме дека нашиве државотворни политичари, експерти, активисти секоја будала од странство може да ги работи како бавча, а тие, без да му ја мислат, секоја глупост да ја претворат во своја програма за работа. Ете зошто пратениците Шеќеринска, Макрадули, Шема, Минчев, Бендевска, кои ги исмеваа своите колеги од ВМРО-ДПМНЕ дека се неписмени празноглавци, одеднаш го трансферираа Груевски во Хитлер, иако пред тоа го титулираа како ортодоксен комуњар, чавеист, сталинист, путинист.

    И конечно осознавме дека во Македонија дејствува не петта, ами шеста колона, која по утврдено пропагандистичко сценарио, а претставувајќи се како жртва на фашизам, смислено ја подривала стабилноста на државата. Непријатно е, иако поучно, сознанието дека во ова сценарио се впрегнати некои наши евроатлантски „пријатели“, кои трошеле народни пари од нивните граѓани за разработка на оваа валканица. Но не е првпат да се соочуваме со ваков вид странска активност.

    И токму поради тоа, во очекување сме на нови откритија. Како она за потеклото на кампањата за антиквизацијата. Кој пак ли неа ја организираше!? Оти ни тоа сценарио не е дело на македонскиот автохтон национален ум. Организираноста, опсегот на зафатеноста, пропагандистичката моќ и на оваа акција упатува на фактот дека се работело за разработен план по одредено сценарио што имало цел да ја убие во поим нараснатата македонска самосвест и да ја компромитира македонската државна политика во полза на грчката, која, пак, 20 години се прикажува како жртва на македонскиот агресивен шовинизам што ги дестабилизира сите соседи. Во тој контекст со неизмерна љубопитност ја очекуваме демистификацијата на причината и за оркестрираниот настап на Стојан Андов, Тито Петковски, Ѓорѓи Оровчанец и на Бранко Црвенковски, кои одеднаш станаа првоборци во борбата за промена на името на државата и прифаќање на грчките црвени линии.


    Кој е инспиратор, а кој организатор


    Се разбира дека есенската берба на полициски досиеја по дворовите, шупите, поштенските сандачиња на „случајни“ поединци или медиуми не е случајна случајност и надвор од контекстот. Од моментот кога Бранко Црвенковски во 2001-та пред својата врата најде тони материјал за прислушувани разговори, сценариово функционира. По него, пред врата си го најде своето досие Мендух Тачи, а сега, ете, чесни наоѓачи, за содржината на своите пакети, уредно ја известуваат јавноста делејќи им или печатејќи сечии досиеја.

    Како и во горенаведените примери, јасно е дека се работи за планирана активност. Како и во расветлувањето на секој атентат, прашањето е кој е инспиратор, а кој е организатор. Извршителите се ирелевантни и речиси секогаш познати зашто егзекуцијата му се препушта на шљам, кој се смета за потрошен материјал. Но за да стигнете до првите две категории, мора да откриете која е целта за да сфатите кој и каков интерес би имал за да почне со таква активност. Во македонското дведецениско искуство (и историското не е поразлично по секоја таинствена егзекуција на проминентни личности) научивме дека по атентатот врз Глигоров драматично се смени македонската реалност, која резултира со пауперизација на македонското население, збришување на асномските државотворни придобивки и отворање на патот за деконструкција на македонската државност. Резултатот е познат: од 2001-та Македонија е еден вид мек протекторат со кој управуваат европскиот и американскиот амбасадор. Кој имаше најголем интерес за ваквиот развој е повеќе од јасно. По авионската несреќа во која загинаа претседателот Борис Трајковски и неговиот кабинет, беше јасно дека настаните ќе добијат забрзување, кое требаше да доведе до остварување на стратегиската цел. А целта ни ја соопшти токму Бранко Црвенковски кога во новогодишното интервју, значи на 31 декември 2005 година, ни ја честита новата година со пораката: „Сакам да го видам тој маж што на македонскиот народ ќе му соопшти дека му го сменил името“. Кога Никола Груевски киксна како маж (Шеќеринска за изборни потреби го облече во „женска сукња“), стартуваше сценариото за менување на власта. Објавените документи во анализата „Нечестива алијанса“ јасно укажуваат на првото ниво на интереси на Грција и Србија никогаш да не ги признаат ни националната ни државната посебност на Република Македонија.



    Македонија трипати контра општите трендови - првпат кога тргна да ги описменува „дивјаците од исток“, вторпат кога во реставрираната империјална Европа почна да зрачи републиканизам преку Крушевската Република и третпат сега, кога зрачи мултиетничност и мултикултурност, кои Западот ги прогласи за мртвороденчиња


    Во студијата на Џон Шеј „Македонија и Грција“ овие интереси се разработени пошироко и на историски и на геополитички план. Кога ќе се сложи мозаикот, ќе добиете вознемирувачка слика за промената на западната политика кон Македонија, која до атентатот на Глигоров, и со мали поместувања, до потпишувањето на Привремената спогодба (во пакет со промената на знамето и Уставот), била сочувствителна кон македонската ранливост и обидите да застане на нозе, а потоа, сé до денес, таа е речиси отворено непријателска и гадлива кон Македонија. Просто е непријатен впечатокот што го имате дека всушност две се причините за непријателскиот став на Европа кон Македонија: првата е изневерените очекувања дека таа брзо ќе умре, а втората е дека истата безначајна Македонија третпат во историјата оди спротивно на општите трендови - првпат кога тргна да ги описменува „дивјаците од исток“, вторпат кога во реставрираната империјална Европа почна да зрачи републиканизам преку Крушевската Република, заснована на идеалите на француската револуција за братство еднаквост и слобода, и третпат сега, кога зрачи мултиетничност и мултикултурност, кои Западот, на чело со Франција и со Германија, ги прогласи за мртвороденчиња. И сега што да прават со ова жилаво сведоштво на антифашизмот, мултикутурализмот и функционалната мултиетничност?


    Траен грчки политички адут


    Мошне е индикативно дека во последниов месец секој европски функционер што имаше задача да ни ја повтори генералната порака да си го смениме името за да се одблокираат нашите евроатлантски интеграции во својата изјава ја истакнуваше безбедносната димензија на македонскиот случај. Што до лани не беше случај. Ова пак е траен грчки политички адут со кој настапува од почетокот на македонската независност. Впрочем, да не заборавиме дека ЕУ му го предаде нашето досие на Советот за безбедност при ООН како безбедносно прашање. За да добие повторно на тежина, мора да се предизвика фактичка дестабилизација на државата, која ќе биде оценета од нејзините непосредни соседи како опасност за поширока дестабилизација. Кога говориме за фингераи, го имаме на ум изрежираниот и успешно спроведен конфликт во 2001 година, на кој и ден-денес не му ги знаеме ни природата ни заднината. Иако сé почесто читаме за грчко-српското директно замешателство, но и за посериозна западна логистика. Во тоа светло веројатно треба да се гледаат настаните со досиејата на албанските политичари и евентуално напливот на исти такви за вмровците, кои брзоплето ги најави доброинформираниот неинформиран Владо Бучковски во „Утрински весник“. Имено две работи секому му се јасни: на власт повеќе од половина век бил Сојузот на комунисти. Тој ги формирал и кадровски ги опремувал тајните служби. Од пред две децении системот номинално стана плурален, но и службите и службениците беа истите. Оние што останаа без работа во текот на транзицијата не се деактивираа, туку и понатаму остваруваат доход од своите информации и доушнички мрежи. Во еднопартискиот систем за непријатели на системот и безбедносно интересни беа прогласени албанските и македонските националисти. Комунистите спаѓаа во друга категорија. Тие беа правоверни чесни граѓани. Тие, по слободна волја, стануваа тастери за да напредуваат во кариерата преку шпионирање на оние за кои постоело сомневање дека се „обратни“. Така што нивни досиеја не случајно досега никој не најде пред врата. И тоа е единствената причина поради која се опструира регулираната со закон лустрација. Според тоа, нормално е во тие услови грото Албанци да биле безбедносно обработени како соработници. Но, исто така, настаните низ кои минавме ни кажуваат дека со тоа тие не престанале да работат и за сопствената кауза. Во последниве македонски настани се отвора дилемата за тоа дали Али Ахмети е жртва на српско-грчко замешателство или нешто сосема поинакво. Кој би бил интересот на Србија да се впушти во ваква операција сега? Какви поени би и донело ако ја падне македонската влада поради овој скандал? Дали не е пологично пред почетокот на дијалогот со Приштина за да им ја намали цената, да ги објави досиеата за косовските врвни политичари што, сосема сигурно, како и Ахмети, имаат соработничко досие? Интересен е деталот дека во објавеното досие „Ибар“ и во оние за „Мама“ и за „Вујко“ доставувачот правел селекција на белешките оставајќи ги само оние што водат од Македонија кон Косово. Што говори за поинаков план со поинакви ефекти. Инспираторот очигледно водел сметка да не се вплетка во интересите и активните мрежи на ЕУ и САД на Косово, кое очигледно треба да остане безбедносен стабилизатор наспроти невозможната за управување Македонија.

    Втората дилема е зошто токму оваа есен и пред самитот на НАТО, Али Ахмети е пуштен низ вода? Дали повеќе не е корисен? Дали од него се очекува некое ново импозантно дело или, пак, некој сака да пушти повторно малку крв во Македонија за да се оствари грчката желба за ставање под меѓународна управа од хумани побуди кон регионот.


    Историски паралели за финесите на една иста политика

    Кога Грција ја официјализира својата економска блокада кон Македонија, претседавачот на Европската Унија, Жак Делор, со официјална нота ја искажа загриженоста и побара од Грција објаснување. Министерот за правда на Грција, Стелиос Папатемелис, одговори дека блокадата ќе остане во сила додека Македонија не се согласи со грчките барања. На 28 февруари 1994 година, Парламентот на ЕУ и укажа на Грција дека со своите постапки го дестабилизира Балканот, а на 1 март усвои изјава во која стои дека ембаргото има дестабилизирачки ефект врз регионот. На 6 април Ханс ван ден Брук објави дека ЕК решила да ја изнесе Грција пред Европскиот суд на правдата во Луксембург поради ембаргото, но комисијата апелираше до Македонија уште еднаш да ја разгледа својата позиција за контроверзните прашања. На 30 јуни европските либерални и реформистички партии издадоа соопштение дека Грција со своите постапки ги загрозува политичката и економската стабилност на една млада демократија, која не е закана за никого. На овие мерки жестоко реагираше официјална Атина. Министерот за надворешни работи Теодорос Пангалос рече дека ако Европскиот суд донесе одлука што ќе ја доведе грчката нација на работ на дезинтеграцијата, ние повеќе би сакале да чекориме сами, а потоа, обвинувајќи го Ван ден Брук за користење „неморални методи“ побара оставка од него.

    Од 2008-та ние практично живееме во репризата на претходните грчки претстави, кои имаат непроменета цел. Разликата е само во тоа што тогашните политички гарнитури, ако ништо повеќе, макар повремено со некои изјави вршеле мали корекции на грчката аздисаност. Новата политичка структура, особено во Франција и во Германија, очигледно е поблиска до грчките фашизоидни ставови и политики. Впрочем каков што е општиот политички тренд во Европа.



    Што напишаа другите

    Лондонски „Тајмс“ на 21 февруари 1994 година напишал: „Грчката постапка е нарушување на договорот од Рим, на договорот од Мастрихт, на Повелбата на ООН, на резолуциите на Генералното собрание на ООН, на Ззаконот на морската конвенција од 1982 година и на основните морални норми што управуваат со цивилизираните меѓународни односи“.

    „Спектатор“ од 8 април 1994 година пишува: „Грчката одмазда кон малата Македонија претставуваат интересна мешавина на фарса, трагедија, театар на суровост и театар на апсурдот“. И уште дека „нејзиното однесување кон Македонија е првиот чекор кон уништувањето на стабилноста на државата, што може да доведе до внатрешни немири и војна. Дестабилизацијата на Македонија е долгорочна цел на грчката државна политика“. Во тоа име, „Спектатор“ констатира дека Грција е геополитичка одговорност на Европа и затоа нејзиното членство во ЕУ треба да биде повлечено.

    „Њујорк тајмс“ по истиот повод напиша: „Грција, државата што на Европа и ги претстави комедијата и трагедијата, сега ги предводи партнерите од ЕУ во срамна дипломатска фарса“.

    „Ла стампа“ од Торино на својот остар вовед, а на истата тема стави наслов: „Вампирите од 1914 се враќаат на Балканот“.

    Вакви новинарски реакции на грчкото однесување кон нашата држава ни одблиску немаше во 2008 година, а ни денес. Напротив, силното влијание на странски пропагандисти како словенечкиве во меѓувреме ја претвори македонската јавна сцена во грчка политичка експозитура.



    Блиски врски

    Интересно е дека во периодот кога ЕУ имаше лидери што отворено беа милосливи кон Македонија и нејзината кревкост, единствена отворена поддршка за Грција искажуваше само Михаил Горбачов, последниот претседател на СССР. Тој изјави дека „не постои никакво македонско прашање и затоа грчкиот став има цврста основа во историјата“. Коментарот на Шеј во неговата анализа е дека Горбачов бил расположен да го каже своето мислење зашто Грците платиле за неговото крстосување помеѓу грчките острови и го назначиле за почесен професор на универзитетите во Атина и во Солун. Се разбира овој детаљ нé враќа на недоумиците за блиската врска на Али Ахмети со Дора Бакојани, која коинцидираше со неговото барање и тој да учествувал во грчко-македонските преговори, но и која била моторната сила на нашите политичари од постарата генерација и на многубројните активисти, новинари и експерти од „бербата“ 2001, кои масовно ги запоседнаа краците на Халкидики тоа лето, за потоа одеднаш во 2008 година да изведат една од највалканите кампањи за промена на името на државата, која годинава продолжи како битка против антиквизацијата, а финишира како антифашистичко востание.

    Автор: Мирка Велиновска
    izvor: http://novamakedonija.com.mk/NewsDet...tIzdanie=22120
  • julie
    Senior Member
    • May 2009
    • 3869

    #2
    cheers dedo aleko.
    Indeed, a well written article. We are living in undoubtedly the most volatile times, and it stems from 2001, and our traitors hold the key to the continuance now of our very survival
    "The moral revolution - the revolution of the mind, heart and soul of an enslaved people, is our greatest task."__________________Gotse Delchev

    Comment

    • Bratot
      Senior Member
      • Sep 2008
      • 2855

      #3
      I'm glad to find Mirka in line with the intelectually healthy thinking and she offer our people the bitter truth.
      I hope this kind of writing to be motivational for the good Macedonians.
      The purpose of the media is not to make you to think that the name must be changed, but to get you into debate - what name would suit us! - Bratot

      Comment

      Working...
      X