НА ДЕНОТ НА ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРА

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    НА ДЕНОТ НА ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРА

    Здружени Македонци ќе го кренат гласот

    Протераните Македонци од Грција и припадниците на македонското малцинство во соседните земји со протестен собир ќе побараат Грција, Бугарија и Албанија да ги почитуваат правата на македонското малцинство. Собирот ќе се одржи в среда, 10 декември, во Домот на АРМ во Скопје, по повод 60 години од донесувањето на универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации. - На тој начин сакаме да направиме паралела какви се правата на македонското малцинство во соседните земји во време кога ОН ја одбележуваат декларацијата за почитување на човековите права и да укажеме дека човековите права не се почитуваат насекаде - вели Ѓорѓи Доневски од Здружението на Македонците по потекло од Егејска Македонија. Форумот за човекови права и Координативниот комитет на Македонците од Егејот, две други здруженија на протераните Македонци од Грција, вчера го обвинија Доневски дека бил селективен и не ги поканил на средбата зашто не е во добри односи со нив. Според тие две здруженија, Доневски прави монопол и раздор меѓу здруженијата на егејските Македонци. Доневски тврди дека тоа не е точно и дека испратил покани и до нив, но не знае зошто го обвинуваат. На собирот ќе присуствуваат претставници од партијата на Македонците од Бугарија, ОМО Илинден-Пирин, кои ќе говорат за игнорантскиот однос што бугарските власти го имаат кон нив, како и членови на здруженијата на Македонците од Албанија и од Грција. Целта на средбата е да се испрати порака до светската јавност дека прашањето на македонското малцинство и натаму свесно се занемарува и дека таквото однесување не може да биде толерирано од држави-членки на Европската унија и на НАТО. Се очекува на собирот да учествува и свештеникот Никодим Царкњас, како претставник на македонската црква во Грција. Царкњас изминатиот период беше цел на неколку напади и понижувања од страна на грчките националистички движења. На собирот ќе присуствуваат и владини претставници, од кои се очекува уште еднаш да го отворат прашањето за враќање на имотите на Македонците од северна Грција. Во општина Пустец, Мала Преспа во Албанија, утре ќе се одржи традиционалниот Македонски фолклорен фестивал Преспа 2008, на кој ќе учествуваат повеќе фолклорни групи од Македонија и од Албанија.
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X