Грција систематски ја оцрнува Македониј&

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Грција систематски ја оцрнува Македониј&

    Горан Момировски

    Во последниве 12 месеци грчката влада испратила десетина формални поплаки до Европската комисија за однесувањето на Македонија. Меѓу забелешките на јужниот сосед се именувањето на аеродромот „Александар Велики“, јавната употребата на мапи на етничка Македонија, билбордите со грчко знаме со нацистички симболи, како и наводното некоректно однесување на македонските власти кон грчки граѓани, особено по самитот на НАТО. Во архивата на Комисијата во Брисел, како и во делегацијата на ЕК во Скопје, овие поплаки се заведени како прекршување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, која, според Атина, е основниот механизам со кој се регулираат односите меѓу Македонија и Европската унија, чија членка е и Грција. „Време“ дојде до едно официјалното писмо испратено во јуни од министерката за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани, до пратеникот на екстремистичката партија ЛАОС, Костис Ајвалиотис, како одговор на негово пратеничко прашање. Во одговор до пратеникот се вели дека доближувањето на Македонија до европските структури непосредно зависи од исполнувањето на принципите кои се предвидени с? Договорот за стабилизација и асоцијација. Во писмото Бакојани негира дека во Македонија постои грчко малцинство, како што тврдат некои радикални грчки партии и организации во дијаспората. Министерката притоа го цитира македонскиот официјален попис од 2002 година, според кој во земјава како Грци се изјасниле 422 граѓани. Меѓу нив се опфатени и грчките граѓани кои престојуваат таму поради деловни, семејни или други причини. Според неа, во Македонија нема поврзана група на Грци, со идентитет и дејност како на национално малцинство. Групите луѓе кои говорат грчки или имаат Грци во семејството, а кои живеат во Скопје, Битола, и во поширокиот регион на Гевгелија, се организираат во здруженија, кои грчката влада ги поддржува и ги потпомага преку Канцелариите за врски во Скопје и во Битола, како и преку грчки здруженија кои развиваат прекугранични активности. За разлика од Македонија, која со Привремената спогодба и менувањето на членот 49 од Уставот се откажа од своето малцинство во соседството, Грција не крие дека систематски работи на засилувањето на врските на Грците во Македонија со матичната земја. Бакојани забележува дека „иако македонизмот, како главна идеологија во ПЈРМ и поставува ограничувања на слободата на изразување на идентитетот, немаме забележано случаи на ограничување на личните права и не се поставуваат пречки во случај на изразување на национално потекло“. Грција од следната година ќе претседава со Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), а кон средината на февруари Бакојани планира да го посети Вашингтон за да воспостави поблиски врски со новата администрација, која стапува на функција на 20 јануари. Грчки дипломатски извори проценуваат дека од политичката смена во САД Грција не може да очекува многу, што се однесува до спорот меѓу Атина и Скопје.

    Милошоски му пиша на Шефер

    Министерот за надворешни работи на Македонија, Антонио Милошоски, испрати второ писмо до генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, во кое ја објаснува одлуката на државата да поднесе тужба против Грција во Меѓународниот суд во Хаг за кршење на привремената спогодба.
    Во новото писмо до НАТО со датум од 29 ноември, Милошоски објаснува дека ветото од Грција е единствената пречка што Македонија се уште не е членка во алијансата и дека со тоа Грција ги погази обврските што ги презеде со Привремената спогодба од 1995 година.
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X