„Леринско оро“ - израз на македонскиот непо

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    „Леринско оро“ - израз на македонскиот непо

    Дел од македонскиот народ кој во најтешки услови на геноцидна политика на грчката Влада успеа да го сочува својот македонски идентитет, Македонците од Егејскиот дел на Македонија, на 15 ноември ја одржаа својата традиционална масовна средба, наречена „Леринско оро“. Банкетот се одржа во една од салите на најголемата македонска православна црква во Торонто, „Св. Климент Охридски“ и беше тешко да се најде место за седење. Салата беше преполна, многумина стоеја, но дали беше тоа важно во споредба со фактот дека уште еднаш ќе можат да го потврдат својот македонски идентитет. Претставник на Владата на Република Македонија беше конзулот Бранко Трајковски, а почесни гости беа тројца офицери на АРМ кои престојуваат во канадската воена база Борден. Леринската културна асоцијација постои повеќе години и најважен за обединувањето на селата од околината на Лерин е Ристо Стефов, поранешен претседател и голем хуманист. Стефов потекнува од леринското село Ошчима. Од последните минатогодишни избори управата на друштвото се сврте кон помладите од кои повеќето се родени во Канада, а од родителите го наследиле македонскиот патриотски дух и љубовта кон Македонија. Така, сегашен претседател е Тони Трачес, роден во Канада, но од родители од Егејска Македонија. Секретарка на управата е Олга Петро, родена во Канада, чии родители се од село Неволени, Леринско, потоа Петар Петро, Мајк Ничов, Лазо Огнен, Живко Педиас и други. Македонските иселеници од егејскиот дел, ја сметаат Република Македонија за своја матична земја и нивното интересирање за настаните во татковината е огромно.

    Лилјана Ристова
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X