Русите го потврдија македонското потекл&

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Русите го потврдија македонското потекл&



    Русите го потврдија македонското потекло на Александар Македонски


    На еден од историските цртежи е прикажано како Александар Македонски ги покорил сите хелени и варвари. Од тој цртеж, сметаат историчарите, се извлекува доказот дека не бил Грк, бидејќи сигурно не би војувал со своите


    Александар Македонски е Македонец, има голема поврзаност меѓу сегашните Македонци и Александар Македонски. Ова го покажува факсимилното издание на руската Илустрирани белешки од 16 век". Гледајќи ги цртежите и читајќи го тектот во книгата, во мислите човек се навраќа неколку векови наназад. Низ книгата и историските цртежи се гледа што рускиот цар Иван Грозни и неговите блиски соработници знаеле и мислеле за Александар Македонски. Древната книга, која е ново издание и се чува во најпознатите музеи во Санкт Петербург и Москва покажува колку Русите знаеле за битките на Александар Македонски против сите хелени и варвари.

    Во вториот том од повеќетомното издание на Илустрирани белешки е претставен животот и подвизите на Александар, царот Македонски. На една од илустрациите објавени во книгата се гледа Пела, главниот град на Македонија од времето кога царувал Александар. Веќе на следната слика е прикажано како Александар ја освоил Илија, Пеони и Тривада.

    Руската историска книга ја покажува и битката на Александар со хелените и варварите. На еден од цртежите е прикажано како тој ги покорил сите хелени и варвари. Од тој цртеж, сметаат историчарите се извлекува доказот дека Александар Македонски не бил Грк, бидејќи сигурно не би војувал со своите.

    Во Илустрирани белешки е прикажана и историјата на Византија. Опишана е македонската династија на византиските императори, почнувајќи од биографијата на нејзинито основач Василиј до Александар Македонски, кој ја создаде големата империја.

    Руската книга која содржи ликови нацртани од луѓе има 10 илјади страници со повеќе од 17 илјади цртежи, прозорци на историјата. Книгата ја дизајнирале посебни дизајнери, кои стручно обработувале како ќе изгледа секоја страница, за изгледот на копијата од историските цртежи да биде верна на оригиналот. За ова Русите потрошиле речиси две години. Под секоја фотографија е оставено објаснувањето на стариот антички јазик. Книгата е шиена рачно. Сепак Илустрираната белешка е голема енциклопедија за светот и Русија за периодот на Иван Грозни. Се уште не се знае кој ја напишал историската книга. Се верува дека фотографиите ги правеле мајстори кои ја отсликувале внатрешноста на Кремаљ. Но никаде не пишува кој би можел да биде автор на таа книга. Се претпоставива дека е можеби митрополитот Макариј, за кој се тврди дека бил исклучително паметен човек. Дури се претпоставува дека на Макариј му сугерирал и царот Иван Грозни, бидејќи на последниот том на маргините рачно е напишано што треба да се поправи, а се смета дека тоа го направил токму царот Иван. На сликите се гледа како во кој период биле облечени луѓето, како војниците наоружани, какви биле градбите и со кои занаети се бавеле луѓето.

    Издавањето на книгата го фунансирал Владимир Јакуњин, сопственик на најмоќната фармацевтска компанија Протек, а негова цел била да допринесе младите поколенија да ја научаи својата историја.
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X