otvoreno prsanje na novinarsko razmislubanje

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Sv. Nikola
    Junior Member
    • Sep 2008
    • 43

    otvoreno prsanje na novinarsko razmislubanje


    No comment. I hope that our future is not in this scenario.
    ОФАМАНАМАН: Старите Македонци биле на многу високо културно ниво

    БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

    [email protected]

    Светот ќе продолжи да не масира се додека не сватиме дека промената на името ќе има благопријатно дејство врз општата кондиција на националниот организам. Нема изолација. Нема спас од интеграцијата. Балсамот на светскиот разум ќе продолжи да ги олабавува суицидните импулси на балканскиот пациент и да ја исправа нереалната слика што тој ја има за себе и за светот околу себе. Што може да прави една нација на која едни (Роберт Гејтс) и велат дека не може да влезе во НАТО без грчка виза, а други (Ангела Меркел) дека нема да може да не влезе затоа што во рамките на севертноатланските структури е дел од решението на проблемот, а надвор од тие структури е проблем што треба да се решава? Можеби треба да ја прифати „чесната и достоинствена апликација“ на специјалниот претстваник на Бан Ки Мун на слепо и без болки во грбот.

    -Јас сум од Северна Македонија.

    -Хм, па тоа воопшто не звучи лошо. Вашата националност, сер?

    -Јас сум Македонец што во Обединетите нации е заведен како Северен.

    -Ох, каков интересен идентитет, ако смеам да забележам, сер.


    Без поширок контекст Македонецот не е во состојба да формулира, а уште помалку да остварува европски политики и стандарди. Дури мислам дека не е во прашање само природата на политичката култура туку дека станува збор за закономерности во однсеувањето на ентитети со вакви историски, културни, духовни, популациони и други педигреа. Дистанцата од себе е најдобрата вакцина против инцестоидните политички деформации кон кои се склони затворените средини.

    Неколку артефакти од утробата на македонската земја ја импресионираа светската археолошка мисла: пред некое време екипата на Пас Ко Кузман откри остатоци од бардакот на осумнаесеттата жена на скопскиот паша од крајот на шеснаесеттиот век: се покажа дека Фата била сексуално исфрустрирана харемлика што се дупела со некој каур кога одела по вода на чешмата зад источната капија на скопската тврдина, а пред една недела паниката на светските берзи ја смири веста дека Македонија Џонс ископал свирче од тринаесетиот век пред нашата ера под линијата што ја означува „македонската духовна трансверзала“ на Скопското кале. Локалните телевизии веднаш јавија дека тоа свирче не е обично свирче туку свирче што ги потврдува хипотезите дека „Македонците биле многу музикален народ.

    Анализата на свирчето покажала дека старите Македонци биле на многу високо културно ниво. Тоа станало очигледно за време на пробите кои покажале дека „современите генерации не се во состојба да направат таков инструмент“. Трагачите по загубеното богатство и нормалните луѓе надвор од археологијата од тој момент не престануваат да си го поставуваат следново прашање: зошто една племенска групација решила да се движи низ историјата од епохата во која знаела да прави свирчиња кон епохата во која престанала да знае да прави свирчиња односно, може ли да се каже дека нашата историја е стриптизерски перформанс во кој нацијата се ослободува од знаењето и смислата како што Дита Фон Тисе се ослободува од текстилот на Вкторија Сикрет. Експертите велат дека Драгиша Здравковски може да даде квалитетен одговор на оваа прашање, па, дури и да го дешифрира македонскиот код како што Шамполион ги дешифрирал староегипетските тајни ако успее да го повтори експериментот и со некој клавир од познатата мајсторска школа на предалександриските Македонци. Добро, за еден таков инструмент, веројатно, ќе треба да се копа малку подлабоко, но никој не се сомнева дека нацијата што не знае да прави свирчиња ќе знае да прави клавири. Речиси дека не мора да (се)копа.

    Проблемите како што се оние за името или за зелената политичка ориентација на Лиле Поповска добиваат сосема нова димензија во контекстот на најновите дострели на македонската археолошка мисла зашто многу убаво се гледа дека тука не станува збор за непосредно предизвикани несреќи туку за закономерни ефекти на ползечката регресија на македонската цивилизација во последните триесет и три века. Тие не се плод на нашиот развој.

    Јас знам дека авторот на „Контрапункт“ има сериозни основанија да тврди дека нашите судбини се во рацете на идиоти, но не е во право кога вели дека нашите идиотите се обични лудаци. Теориски е можно идиотите да продуцираат системи, но најчесто се случува системите да продуцираат идиоти. Кај нас се случува и едното и другото, а тоа ми дава за право да тврдам дека нашата мака не е последица само на тешки медицински пореметувања.

    Бев спремен да му простам на премиерот за срамотниот настап на трибутот на Тоше Проески, но кога видов дека неговата патетична интенција прави од меѓународната политичка сцена во Охрид плачлива митингарска трибина на Внатрешната македонска контрареволуционерна организација, ја загубив добрата волја.

    Македонија ја призна независноста на Косово не како резултат на одговорна државничка визија на власта туку како резултат на притисок и на една партиска и етничка иницијатива. Тоа беше првата лоша работа. Бесмислената ароганција на Владата дополнително го избербати процесот, а дискурсот на опозицијата покажа дека тие немаат никаков контакт со стварноста. Во колективната меморија на Албанците и во нивната политичка артикулација ќе остане запишано дека левицата била воздржана односно де факто против независноста на Косово. Една таква структура во иднина ќе може да се занимава со политика само со помош на господинот Дејвид. Коперфилд без Шифер.
Working...
X