SMK-WMC: Igrite so imeto na drzhavata Makedonija [10 Dek. 2001]

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • indigen
    Senior Member
    • May 2009
    • 1558

    SMK-WMC: Igrite so imeto na drzhavata Makedonija [10 Dek. 2001]

    На секому мора да му објасниме, а по се изгледа и некому меѓу нас самите, дека државата Македонија нема "уставно име", ниту пак името на Македонија со уставната референца "Република" е некакво "композитно име"!

    ------------------

    СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС®
    WORLD MACEDONIAN CONGRESS®
    Пошт.фах 93
    МК-1000 Скопје
    Република Македонија

    До
    Македонците и македонските заедници во светот,
    преку средствата за јавно информирање

    Предмет: Игрите со името на државата Македонија
    во најновите предлози на Меѓународната кризна група
    објавени на Меѓународниот ден за човекови права

    Ова е држава Македонија, а ние сме Македонци, и ништо помалку ни повеќе од тоа, независно што со Букурешкиот договор од 10-ти август 1913-та година делови од Македонија и македонскиот народ беа окупирани и станаа составен дел во државите Србија, Бугарија, Грција и Албанија, а Македонците својата државност ја возобновија само во Вардарскиот дел на Македонија, во постојните граници на Република Македонија со одлуките на АСНОМ од 2-ри август 1944 година! - е кусата порака на Светскиот Македонски Конгрес во врска со најновите предлози на Меѓународната кризна група за решавање на прашањето за името на Македонската држава, објавени со целиот свој цинизам на Меѓународниот Ден за човекови права.

    Светскиот Македонски Конгрес целосно ги отфрла предлозите на Меѓународната кризна група за името на државата Македонија, оценувајќи ги за културен геноцид и апсурд на меѓународната заедница - на почетокот на 21 век, на еден древен народ и држава да не им се признава правото на име на државата, правото на име на етносот, правото на име на јазикот, правото на име на една од најстарите цркви во Европа! Или, на Македонците да им се нудат формули: како сето тоа, да им остане само за внатрешна употреба, а за целиот свет значењето на термините за името на државта, за името на народот, за името на јазикот, за името на Црквата, да личи на се друго, ама не на тоа што е, или тоа што треба да биде!

    Македонија и Македонците немаат вина затоа што се Македонци, а нивната држава Македонија! Ниту пак поради тоа треба да бараат признавање и прифаќање на нешто што ќе ја менува таа историска реалност во континуитет и тоа правно наследство што им припаѓа со генерации и илјадници години!

    Условите, под кои се предлага де факто и де јуре менување на името на државата во меѓународните заедница се крајно понижувачки, дискриминаторски и антицивилизациски, спротивни на Универзалната Декларација и на сите останати меѓународни конвенции за човекови права.

    На секому мора да му објасниме, а по се изгледа и некому меѓу нас самите, дека државата Македонија нема "уставно име", ниту пак името на Македонија со уставната референца "Република" е некакво "композитно име"!

    Едноставно, името на државата Македонија не е инаугурирано со Уставот на државата. Оваа држава, оваа земја, се викала Македонија и кога немала Устав. Македонскиот народ така се викал и кога немал држава и кога немал Устав на држава. Оттука, апсурдно е да се тврди дека името на оваа држава е "Република Македонија" и дека тоа е "уставно име" или "композитно име". Името на државата не произлегува од нејзиниот Устав. Во Уставот само се нотира името на државата за да се знае за која земја станува збор, односно за која земја се однесува тој Устав и се утврдува внатрешното уредување, односно политичкиот систем на земјата. За жал, и во Македонија тоа го проповедаат оние, кои се длабоко инволвирани во предлогот на Меѓународната кризна група што не е рецепт од вчера или денес, туку има повеќегодишна генеза, со цел преку институциите на системот на државата Македонија да го имплементираат предлогот на своите странски ментори, како последен културен геноцид за затворање на македонското прашање на Балканот и во Европа. Затоа и цело време, од позиции на власт во јавноста наметнуваа психологија дека уставното име на државата е "Република Македонија", за да на крајот, прифаќањето на тоа име но, како преседан во меѓународата заедница, на македонски јазик со латинична транскрипција за целиот свет, да го прослават како успех од позиции на политички маркетинг, а де факто и де јуре го промениле името на државата Македонија, затоа што "Република Македонија" на англиски јазик се пишува"Republic of Macedonia", а не "Republika Makedonija" што за нив ќе биде исто толку разбирливо, како и за нас Македонците значењето на името на државата "Шри Ланка", составено од два збора, државите "Central African Republic", "Burkina Faso", "Brunei Darussalam", "Côte d'Ivoire", "Costa Rica", "El Salvador", "Papua New Guinea", "Saint Lucia", "San Marino", "Sierra Leone", "Viet Nam" итн. Имено, употребата на "композитното име" или на "уставното име" "Република Македонија" со латинична транскрипција за сите држави и за сите меѓународни организации како "The Republika Makedonija" без право на употреба на придавката "македонско-ска-ски" од името на државата Македонија, да остане само за внатрешна употреба кај нас дома, без англискиот превод "The Republic of Macedonia" во меѓународните односи. А, правото на името Македонија на англиски јазик "Macedonia" да го задржи Грција, односно Владата во Атина, што претставува преседан во меѓународната заедница. И под понижувачките услови: дури и да немаме работно име "Macedonia" за да се водиме под буквата "M", туку за секаква употреба и за службена и за работна да биде "новото име" на државата - држава "Republika Makedonija". Исто како кога Сојузна Република Германија во Македонија од германски јазик "Bundesrepublik Deutschland" би ја транскрибирале со македонското кирилско писмо и би ја пишувале и читале буквално како што пишува "Бундесрепублик Деутсцхланд", а не како "Сојузна Република Германија". Или, исто како кога Соединетите Американски Држави во Македонија од англиски јазик "The United States of America" би ги транскрибирале со македонско кирилско писмо и би ги пишувале и читале буквално како што пишува "Тхе Унитед Статес оф Америца", а не како "Соединети Американски Држави" итн. итн.

    Секако, вакиот предлог не е решение од вчера, туку има генеза со своја предисторија, а во таа предисторија треба да се спомене следното:

    (1) При распаѓањето на поранешна СФРЈ, тогашниот претседател Киро Глигоров побара признавање на државата со едно крајно понижувачко, расистичко писмо во кое прафразирано напиша: "Ние сме Словени, дојдени по шестиот век од нашата ера, за да не не поистоветуваат со Бугари и Срби се нарековме Македонци заради името на територијата Македонија што ја населивме. Ние не го присвојуваме културното и историското наследство на Александар Велики и историјата на античка Македонија." Од позиции на претседател, г-динот Глигоров импутира етничко потекло на еден цел народ. Тоа всушност го потврди и Питер Фејт во неговата последна изјава дека Македонците всушност се политичка нација, а во основа "етнички Словени", откако успешно ја заврши преговарачката мисија со претставниците на терористичката организација која инсталира контролиран конфликт во Македонија и предизвика геноцид врз 150.000 етнички Македонци во северо-западниот дел на Македонија.

    (2) И до ден денес остана нејасен мандатот на специјалниот пратеник на тогашниот претседател на Македонија, проф.д-р Васил Тупурковски во САД. Д-р Васил Тупурковски од својот престој во САД, се врати со книга за Александар Македонски. Од античката историја на Македонија објави уште некоја книга. На промоцијата на книгата на д-р Васил Тупурковски за Александар Македонски во Македонскиот Народен Театар главен гостин беше тогашниот претседател Киро Глигоров, и тоа веднаш откако Киро Глигоров го разреши д-р Васил Тупурковски од позицијата специјален пратеник на претседателот на Републиката во САД. Сето тоа остана нејасно, како можеше човек кој пред цела Европа на цел глас објави дека сме "Словени", да се појави како главен гостин на промоцијата на книга за Александар Македонски. Освен, под претпоставка, ако и двајцата не биле убедени дека Александар Македонски бил Грк! Од друга страна, уште почудно беше, како можеше детското издание на книгата за Александар Македонски од автор кој падна во немилост на актуелниот политички врв на земјата да се печати и дистрибуира како "задолжителна лектира" во сите основни училишта? Ако оваа држава сакаше децата да учат за античката историја на Македонија, тоа можеше многу лесно да го стори со нови наставни планови и програми по историја и решен случај. Значи, д-р Васил Тупурковски во САД напиша, или подготви издание за античката историја на Македонија коешто се пласира во Македонија. Секако не без цел. Прашањето е за која цел? Во услови кога Македонија може да се пофали со мал број на историчари по античка историја на Македонија, единствено погласно д-р Душко Алексовски, претседател на Друштвото за карпеста уметност од Кратово, при појавата на книгата на д-р Васил Тупурковски имаше многу остра критика со заклучок дека не се работи за историја за античка Македонија и за Александар Македонски со која се потврдува македонскиот карактер на античка Македонија, односно негрчкиот карактер, туку дека се работи за препис на грчката верзија за античката историја на Македонија и дека не станува збор за никакво оригинално дело, туку станува збор само за препис и превод на историјата на Македонија од грчки извори на македонски јазик. Неговата критика не беше публикувана. Ниту пак досега било кој историчар за античка историја на Македонија направи критички осврт на изданијата на д-р Васил Тупурковски. Откога Демократска Алтернатива остана со куси ракави од власта по претпоследната реконструкција на Владата, и покрај победата на коалицијата "За промени" на последните парламентарни избори, индикативно е новото нормализирање на односите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДА. Индикативноста е можеби времето кое престои, а во кое треба да се реши "спорот" за името на Македонија со Атина.

    Инаку проф.д-р Васил Тупурковски наводно падна во немилост од тогашниот претседател Киро Глигоров, откога парламентарниот спикер преку неговата партија обелодени дека проф.д-р Васил Тупурковски со посредство на Алојз Мок во Австрија договарал промена на името на Македонија во "Централно Балканска Република" со наводна грчка концесија од 1,5 милијарди германски марки.

    (3) Оваа изговорна мимикрија со т.н. "композитно име" за нашата држава Македонија во времето кога министер за внатрешни работи беше проф.д-р Љубомир Фрчковски се инструментализира. Тогаш, на сите гранични влезови на Македонија, на местото на старите југословенски табли од поранешна СФРЈ, се ставија нови гранични табли на кои пишуваше и се уште пишува "Република Македонија" на македонски јазик и неговото кирилско писмо и "Republika Makedonija" на македонски јазик со латинична транскрипција наместо"Republic of Macedonia". Нам да ни изгледа и така да слушаме на уво дека странците не нарекуваат како што ние се нарекуваме на македонски јазик, а за нив "Makedonija" да е различно од она "Macedonia", кое останува за ексклузивна грчка употреба. Укажано е во Парламентот на оваа игра со името на државата на граничните табли, меѓутоа до денес не е даден никаков официјален одговор од ниту едно официјално лице.

    (4) На амблемот на униформираните лица на МВР, наместо да биде аплициран грбот на државата, тогашниот министер за внатрешни работи проф.д-р Љубомир Фрчковски стави две букви "РМ". Истото се случи и со регистарските таблички на возилата, каде повторно се аплицираа буквите "РМ". На прашањето зошто тоа се прави, никој не даде одговор. Ефектот беше граѓаните да се привикнуваат на визуелното подметнување кое ни следи, како долгорочно решение што македонскиот народ ќе го однародува, за да на крај Македонија и македонското останат дел од големата лага која се вика " Македонија и Македонците се дел од културното и историското наследство на грчкиот народ и Грција"!?

    (5) Не е ни чудно ако експонентите на Македонија и Македонците, односно македонскиот народ како етнос од пред новата ера до денес во континуитет, повторно бидат под удар на одредени отуѓени централи каде се подготвуваат сценаријата за прилагодувањето на јавното мислење за прифаќање на промената на името на државата Македонија. Нешто слично како што се случи со странската финансиска поддршка на медиумската кампања за прифаќање на Рамковниот договор како "единствено безалтернативно решение за спас" на Македонија, откога суверенитетот и територијалниот интегритет го продадоа и предадоа. Тука секако на удар повторно ќе бидат обидите за разединување на македонската емиграција и на Македонците во светот, со единствена цел - одвлекувањето на вниманието со кавги и меѓусебни обвинувања да го компензира отпорот и единството на Македонците во светот против игрите со промената на името на Македонија во самата Република. Во 1992 година кога почнаа игрите со времената референца и продажбата на македонското знаме, се формира т.н. "Втор Светски Македонски Конгрес" под покровителство на тогашниот актуелен претседател. Наместо единствени во одбраната на името и знамето на државата, кај Македонците во светот се создаде вештачка дилема кој е вистинскиот "конгрес", на "Петров или Битов". И додека Македонците и македонските заедници во светот се расправаа околу тоа кој за кој Конгрес е, меѓународните ментори преку властите во Македонија ја остварија целта и го променија името на државата и знамето на Македонија. Соединетите Американски Држави, на пример, како држава со двеста годишно постоење, формирана од доселеници од целиот свет, кои извршија масакар и геноцид врз домородните Индијанци, успеа од секое камче да создадат историја. За жал, на Македонија илјадагодишната историја и ја ретушираат и ја бришат. Не сведуваат на некоја "нова земја" за која историјата треба да почне од "Рамковниот договор" потпишан во Охрид на 13 август 2001 година.

    (6) Не се исклучува дури ни атентатот врз Киро Глигоров на 3 октомви 1995 година, како дел од сценариото "да се жртвува кралицата за да се спаси партијата". Народниот револт од потпишувањето на Времената согласност со најавата на најголемиот митинг во историјата на Македонија пред Парламентот заради промената на името и знамето, се амортизира (во што и се успеа), со атентатот врз тогашниот претседател Глигоров, заради што опозиционите партии го откажаа најавениот митинг, но затоа, пак, Собранието не ја одложи својата седница туку експресно на 5 октомври 1995 година ја ратификува Времената согласност и го донесе Законот за новото знаме на државата Македонија, иако се уште беше неизвесен животот на претседателот на државата.

    (7) Политичките експоненти на нео-балистичното движење во Македонија веќе одамна ги удомаќинија игрите со името Македонија. И пред оваа "војна" и за време на оваа "војна" и по оваа "војна", секогаш ги нарекуваа Македонците за "Славомакедонци" или "Словени". Впрочем, тоа е цената на концесиите на Владата во Атина како спонзор на Штуловиот универзитет во Тетово.

    (8) "Спорот" меѓу самите Македонци веќе е испровоциран со повампирувањето на историските врховизми и нивното инсталирање во елитите на поголемите политички партии, кои не опонираат по програми, туку по етничкото потекло на Македонците. Иако во основа дел од елитите на поголемите политички партии се на линија дека Ние, денешните Македонци, сме "етнички Словени", што во крајна линија долгорочно ќе се сведе на прашањето и одговорот: "А, Вие, како Словени, од каде сте доселени во Македонија, од Исток или од Север?" За да заврши приказната за митот и фениксот - Македонија! За да биде приказната поинтересна ќе се најдат експоненти на тезите дека "Македонците" биле "Грци", односно дека "Македонците" се "посрбени Бугари" или "Јужносрбијанци". Не е никаква тајна дека имавме веќе јавна промоција и декларација за наводно "бугарските етнички корени на Македонците во Република Македонија" од носители на јавни функции во државата, како што експонентите на "српската школа" во Македонија во стратегијата за "југословенизирање", ако не веќе "посрбување" на Македонците во Република Македонија како дел од поранешната југословенска федерација, експонираните Македонци ги етикетираа за "бугарофили". Заборавајќи дека една половина од Македонците во Република Македонија имаат роднини во Република Бугарија, не затоа што оттаму дошле во Македонија или од Макеоднија отишле во Бугарија, туку едноставно затоа што тоа се било Македонија, со автохтони етнички Македонци од двете страни на границата. Во официјална Софија "помакедончувањето" на "мнозинското население" во Република Македонија во поранешна СФРЈ беше етикетирано со посрбување, а во официјален Белград "помакедончувањето" на "мнозинското население" во Република Македонија беше етикетирано за побугарчување. Жалосно е што тие политики некој ги промовира, иако најголемиот дел од населението се Македонци, така се чувствуваат и отфрлаат секаква помисла дека сме Бугари, Срби, Грци, Албанци или Турци, Словени, Славомакедонци или што и да е друго, освен Македонци! Самостојноста на Македонија не е романтизам кон Бугарија, ниту пак излеговме од прегратките на Србија за да се фрлиме во прегратките на Бугарија!

    (9) На 13 септември 1995 година, во Њујорк, под покровителство на Генераниот секретар на Обединетите Нации, министерите за надворешни работи на Македонија и Грција потпишаа Времена Согласност со која, за потсетување, во членовите 6 и 7 беше прифатено следното решение:

    "Член 6
    1. Втората страна (Македонија, н.з.) со ова свечено изјавува дека ништо од нејзиниот Устав, и посебно Преамбулата и Членот 3 на Уставот, не може и не треба да се толкува дека претставува, или дека некогаш ќе претставува основа за какво било барање од Втората страна кон која било територија што не е во состав на нејзините постојни граници.

    2. Втората страна со ова свечено изјавува дека ништо од нејзиниот Устав и особено дополнетиот Член 49 не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање на Втората страна во внатрешните работи на друга држава со цел да ги заштити статусот и правата на кои било лица во други држави кои не се државјани на Втората страна.

    3. Понатаму, Втората страна свечено изјавува дека толкувањата дадени во Ставовите 1 и 2 на овој Член, нема да се заменат со поинакви толкувања на нејзиниот Устав.

    Член 7
    1. Секоја Страна веднаш ќе преземе ефективни мерки за забранување на непријателските активности или пропаганда од страна на агенциите под државна контрола, и за обесхрабрување на активности од приватни субјекти за кои е веројатно да се смета дека ќе поттикнуваат насилство, омраза и непријателство помеѓу нив.

    2. По влегувањето во сила на оваа привремена Согласност, Втората страна ќе престане на каков било начин да го користи симболот, во сите негови форми, што го истакнуваше на нејзиното знаме пред таквото влегување во сила.

    3. Ако која било од Страните смета дека еден или повеќе симболи што сочинуваат дел од нејзиното историско и културно наследство несоодветно се користи од другата Стрна, ваквото наводно користење ќе и го предочи на другата Страна и другата Страна ќе преземе соодветни мерки тоа да се исправи, или ќе укаже зошто не смета за потребно тоа да го стори."

    Овие одредби го суспендираа членот 49 од Уставот на Македонија, а според којшто "Македонија се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји", од едноставна причина што автохтоните и етнички Македонци во сосдените земји на Републиката не се државјани на Република Македонија, туку на државите, Албанија, Србија, Бугарија и Грција. Иако со Законот за државјанство на Република Македонија се утврди право на македонско државјанство за сите Македонци по род без да ги исполнуваат условите потребни за кој и да е друг странец да се стекне со македонско државјанство, меѓутоа, тоа дискреционо право се применува многу селективно или речиси никако.

    (10) Во февруари 1999 година меѓу премиерите на Македонија и Бугарија беше потпишана Декларација за соработка во којашто државата Македонија декларира дека "ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија со цел заштита на статусот и правата на лицата кои не се нејзини граѓани", односно државјани, преземена од ставот 2 на членот 6 од Времената согласност склучена на 13 септември 1995 година во Њу Јорк.

    (11) Барањата на Грците во времето пред склучувањето на Времената Согласност од 13 септември 1995 година во ООН во Њу Јорк, беа да се избришат или суспендираат преамбулата, членот 3 и членот 49 од Уставот на Македонија. Бришењето на преамбулата и на македонскиот народ од Уставот на Македонија, инаку и по најновите измени во согласност со Рамковниот договор склучен на 13 август 2001 година во Скопје, беше главното барање на партиите на Албанците во Македонија, а целта на меѓународните посредници - Македонија да се рекомпонира во држава на заедници, односно на малцинства, во која македонскиот народ ќе биде една од многуте еетнички заедници во државата. Ако се прифати правилото дека едно малцинство во една држава, не може да има свое малцинство во друга држава, тогаш несомнено дека таквото рекомпонирање на Македонската држава, плус тврдењето дека "мнозинското население во Македонија се Словени што немаат врска со античките Македонци" кои, пак, "се дел од грчкиот народ" заедно со атничка Македонија како дел од грчкото културно и историско наследство, тогаш заедно со етничкото чистење и геноцидот врз Македонците во северо-западниот дел на Македонија од контролираниот воен конфликт, има нужна импликација, долгорочно гледано, припадниците на "македонската или словенската заедница" во Македонија да се дефинираат на која соседна матична држава им припаѓаат, за да еднаш засекогаш македонското прашање се реши.

    (12) И, најлошиот дел во игрите за името на Македонија, најверојатно ќе биде ако пратениците на државата Македонија или министрите во Владата веќе имаат изградено алиби: "приморани сме од меѓународната заедница", како што веќе еднаш покажаа како се "спротиставија" на промените на Уставот во услови на агресија и окупација и под "притисок на меѓународната заедница".

    Предлогот на Меѓународната кризна група за прашањето со името на државата Македонија предизвикува психолошки ефект на праведност во момент, за наводно признавање на "уставното име", но во основа е перфидно подметнување, со толку понижувачки концесии на штета на македонскиот етнитет коишто трајно ја бришат врската на името на македонскиот народ со името на неговата држава Македонија, независно што етно-историските граници на Македонија, на земјата на македонскиот народ, не кореспондираат со гео-политичките граници на државата Македонија во актуелниот момент. Македонците во Грција не отишле на печалба од територијата на Република Македонија и обратно, туку живеат на своите автохтони родни огништа и на своја македонска земја. За жал, Македонците, заради сплет на историските околности и гео-политичките интереси на одредени управувачки кругови на балканските земји и големите сили останале насилно окупирани, протерани и поделени, со последици кои ги чувствуваат и ден денес, расеани низ сите страни на земјината топка. Ако, пак, со новиот предлог наводно ништо не се менува, тогаш зошто се предлагаат решенија за името? И воопшто, кој меѓународен инструмент дозволува промена на идентитетот, на основното универзално човеково право на име на еден народ и на една држава? Можат ли да се сменат гатанките, приказните, сказните, песните, стихотворбите, легендите, митовите кои почнуваат и завршуваат со Македонија, со македонското и со Македонците?!

    Името на државата Македонија се состои од само еден единствен збор Македонија! Притоа, не смее да се заборави дека зборот "Република" е само, и ништо повеќе туку, уставна референца која го одразува уставното уредување на политичкиот систем и ништо помалку ни повеќе од тоа! Името на државата Македонија за секаква употреба е само - Македонија!

    Понатаму, Македонците никогаш не биле Словени, ниту пак Грците кога и да е во својата историја биле Македонци. Впрочем, после Втората Балканска војна, со поделбата на Македонија со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година, Грција за првпат во својата историја влегува на територијата на Македонија (денешниот Егејски дел на Македонија) на 31 октомври 1912 година и тоа како окупатор. Недвосмислен доказ за тоа е декретот на грчкиот крал Јоргос Први (Данец по потекло) кој на Владата во Атина и наредува "организирање на времена власт во окупираните територии на Македонија".

    Точно е дека на Балканот, во текот на историјата, доаѓале и проаѓале разни народи и војски, како и насекаде во светот, но токму поради тоа, ние не зборуваме за етнитетот како чиста генетика, од пред новата ера до денес, туку го третираме и како култура. Тоа што Македонците до ден денес останале Македонци и го задржале тој идентитет и континуитет, не е привилегија изнудена од останатите, или одобрена милост од нив, (напротив, крваво преплатена), туку универзално човеково право кое никој никому не може да му го одземе, суспендира, или ограничи, па ниту на Македонците и нивната држава Македонија. Тоа што само Македонците го задржале сопствениот македонски идентитет до ден денес, не е нивна вина што останатите продолжиле да се декларираат за Грци, Бугари, Срби или Албанци, или границите и нивните тоталитарни режими раководени од поглобални интереси на големите сили придонеле помалку или повеќе кон тоа.

    И како заклучок на сето тоа - Балканот не е производ на интересите на балканските народи, туку производ на интересите на големите сили. Исто како што изминатата војна не беше војна меѓу државата Македонија и Албанците, ниту пак војна меѓу Македонците и Албанците, туку инструментализација на контролиран воен конфликт во кој заради имплементација на опредлени глобални интереси на одредени големи сили Албанците беа целосно инструментализирани и злоупотребени во теророт и геноцидот што го извршија врз своите соседи Македонците! А, како правило, во таквите микро или локални конфликти секогаш се заборава дека, на пример, Албанија и Албанците никогаш нема да бидат соседи, на пример, со САД и Американците, туку повторно и со никој друг освен со Македонците! Во таков случај не е прифатлива трговијата заради профитирање со цел етничко чистење, независно од приливот од странство.

    Се разбира, етно-историските граници на Македонија од деветнаесеттиот век, не се поклопуваат со гео-политичките граници на државата Македонија од дваесеттиот век, исто како што во текот на историјата границите на Кралството и Империјата Македонија во различни временски периоди биле различни и на различни територии. Сепак, тоа не го суспендира правото на името Македонија на државата Македонија, ниту правото на македонскиот народ својата држава да ја нарекува Македонија, бидејќи тоа е историска реалност и историски континуитет и наследство! Тоа е основно човеково право на културен идентитет и име! Никој не може да иm го одземе на Македонците правото на сопственост и правото на наследство на сопствениот културно-историски идентитет! Тоа не е креатура која се негува педесет и седум години или деведесет и осум години или сто и осум години. Затоа што историјата на Македонија не започнува од 1893 година, туку тој период е само дел од историјата на Македонија од пред новата и по новата ера.

    Македонците не се виновни што историската вистина е дека основа на сите држави и демоси на Балканот е Македонската држава и македонскиот етнос. Големите сили не сакале држава која ќе биде доволно голема, економски силна, политички независна, со излез на три мориња - Синото, Белото и Црното Море. Ја поделиле земјата и етносот, создале повеќе балкански држави на чие чело донеле свои суверени кои напишале нови "државотворни" истории и го создале познатиот Балкански синдром на "Буре полно со барут!" по познатата "раздели, па владеј". Затоа не е ни чудо што голем дел од историјата, многу настани, луѓе и датуми се повторуваат во повеќето балкански држави и народи. Или, за Белград Македонците да бидат третирани како Срби, за Софија Македонците да бидат третирани како Бугари, а за Атина Македонците да бидат третирани како Грци. Станува збор за ист етнос кој со тек на време се оформил во повеќе политички нации во современите балкански држави со актуелните гео-политички граници. Но, тоа е она што треба да не обединува, а не да не разединува. Основата на културата и историјата на повеќето балкански народи и држави лежи во македонскиот етнос и државност, во македонската култура и историја, во македонската Империја и царска круна!

    [.....]

    Токму во тоа се состои калваријата на македонскиот народ, со приоритетно место во светот, затоа што перманентно е изложен на тајни договори за поделба на интересни сфери и на асимилациони притисоци од страна на управувачките кругови на одделни балкански држави како продолжена рака на интересите на одделни отуѓени елити на големите сили. Не станува збор за фобија од светски заговор, затоа што во македонското прашање фактите се кажуваат.

    Оттука, неодминлива е констатацијата дека најтрагична судбина во Европа имаат токму Македонците, точно онака како што Ирците страдаа(т) веќе седум векови под управата на британските управувачки кругови. Нешто што продолжува со Македонците и нивниот идентитет и до ден денес, а на што се надоврзува најновиот предлог на таканаречената Меѓународна кризна група по прашањето за името на државата Македонија.

    Понижувачкиот и срамен предлог на Меѓународната кризна група за името на Македонија нужно ќе имплицира Парламентот, Владата или претседателот во името на државата Македонија да прифатат:

    (1) меѓународна експертска група, под покровителство на УНЕСКО и Советот на Европа, по можност да ја водат Грци или нивни лобисти, која ќе напише нова "политичка историја и географија" на последната возобновена Македонска држава Македонија, што треба да се вгради во редовниот образовен систем на Македонија. Или, еден вид меѓународна цензура која ќе го прочисти и филтрира образовниот систем на Македонија од сите содржини кои не се на декларацијата за "елинскиот карактер на античка Македонија";

    (2) декларација дека "мнозинското население" во Република Македонија е од словенско потекло што е резултат на доселувањето на Словените на Балканот во 7-от до 9-от век од нашата ера;

    (3) декларација дека македонскиот јазик е јазик кој припаѓа на "јужно-словенската" група на јазици;

    (4) декларација за "елинскиот карактер на античка Македонија" и признавање на правото на Грција целосно да го употребува името Македонија за културно-историски и комерцијално-туристички цели;

    (5) мерки на Владата во "Скопје" да го забрани секое издавање на карти на коишто топонимите на градовите и селата во Грција (во Егејскиот дел на Македонија) се испишани со "словенски" имиња;

    (6) пропагандна активност на македонските институции на власта за информирање на сопствената македонска јавност за "елинистичкиот карактер на античко-македонската епоха";

    (7) промена на меѓународниот код на Македонија од "МК" во "РМ";

    (8) именување на државата Македонија во сите меѓународни организации и манифестации под буквата "Р";
    (Инаку еве го сегашниот распоред по азбучен ред на државата Македонија во Обединетите Нации според службената интернет-страница на ООН, меѓу државите Тајланд и Того под буквата "Т" од англискиот определен член "the" што е без преседан во историјата на ООН и меѓународната заедница

    ( "Thailand -- (16 Dec. 1946)
    The former Yugoslav Republic of Macedonia -- (8 Apr. 1993)
    ______________________________________________

    The Socialist Federal Republic of Yugoslavia was an
    original Member of the United Nations, the Charter having
    been signed on its behalf on 26 June 1945 and ratified 19
    October 1945, until its dissolution following the
    establishment and subsequent admission as new members
    of Bosnia and Herzegovina, the Republic of Croatia, the
    Republic of Slovenia, The former Yugoslav Republic of
    Macedonia, and the Federal Republic of Yugoslavia.

    By resolution A/RES/47/225 of 8 April 1993, the General
    Assembly decided to admit as a Member of the United
    Nations the State being provisionally referred to for all
    purposes within the United Nations as "The former
    Yugoslav Republic of Macedonia" pending settlement of
    the difference that had arisen over its name.
    ______________________________________________

    Togo -- (20 Sep. 1960)

    (9) менување на пасошите заради препечатување на зборовите"Republic of Macedonia" во "Republika Makedonija" на насловните страници;

    (10) преземање на мерки на институциите на власта на државата Македонија за обесхрабрување на сите поединци и организации кои ќе го декларираат културното и историското наследство на Македонија поинаку од невистините, односно "вистините" на Атина;

    (11) Грција да ја нарекува државата Македонија како "Горномакедонија" заедно напишано со грчко писмо на македонски изговор, а македонскиот народ за "горномакедонски народ" заедно напишано со грчко писмо на македонски изговор;

    (12) именување "The Government of the Republika Makedonija" наместо The Government of the Republic of Macedonia" или "The Macedonian Government" и слични конструкции, бидејќи очигледно именката Македонија за првпат во историјата и на земјината топка ќе го изгуби правото на сопствена придавка, само во случајот на државата Македонија;

    (13) менување на етикетата за потеклото на македонските производи од "Made in Macedonia” во "Made in Republika Makedonija"

    (14) и многу други секако негативни импликации што ќе претставуваат институционализиран културен геноцид во сопствената земја. И тогаш не случајно ќе проработи она историското - Јаничарите за време на турско биле поголеми Турци од самите Турци. Или, засилено повампирување на историските врховизми кои меѓу Македонците донеле само крвопролевање, братоубиствена војна до истребување и самоуништувања. Наместо единство и обединување, Македонците да бидат исправени уште пред еден предизвик за нови меѓусебни делби и разединувања и во Македонија и во деловите на Македонија и во целиот свет. Во овој конктекст длабок предизвик е и војната во северо-западниот дел на Македонија и последиците од етничкото чистење предизвикани со неа.

    Светскиот Македонски Конгрес изразува жалење доколку тајната дипломатија на Меѓународната кризна група во изминатиот период веќе обезбедила согласност од релевантните македонски политички структури и носители на јавни функции за нејзиниот најнов предлог за решавање на прашањето на името, кои, за очекување е, посурово да се пресметаат со своите "домашни" кои ќе се спротистават на таквите конструкции и договори, на "единствените" и "безалтернативни" решенија.

    Светскиот Македонски Конгрес ги потсетува институциите на власта, министрите, пратениците, партиските елити, научните и културните работници, македонската јавност и Македонците и македонските заедници во целиот свет, дека Собранието на Македонија, отфрлајќи ја Лисабонската декларација на Европската комисија во 1992 година кога Европската Унија прифати "да ја признае државата Македонија но со име кое нема да го содржи зборот Македонија", соема децидно декларира дека "името на македонскиот народ е нераскинливо поврзано со името на државата Македонија и секоја промена на името на државата и раскинувањето на таа врска може да има далекусежни последици по идентитетот на македонскиот народ, интегритетот на земјата и стабилноста во земјата и регионот".

    Истовремено, Светскиот Македонски Конгрес ги потсетува институциите на власта, министрите, пратениците, партиските елити, научните и културните работници, македонската јавност и Македонците и македонските заедници во целиот свет, дека македонскиот народ и граѓаните на државата Македонија на 8 септември 1991 година, сосема јасно и недвосмислено, на референдум, гласаа "за самостојна и суверена држава Македонија", а не "за самостојна и суверена држава Република Македонија" и дека одлуката донесена на референдум е задолжителна, без право на ниту една институција на власта да ја менува, редуцира или адаптира поинаку од слободно изразената волја на народот и граѓаните. Таквата волја на македонскиот народ и граѓаните на Македонија "за самостојна и суверена држава Македонија" веЌе е декларирана и потврдена.

    Можеби се губи од предвид дека секоја промена на името на државата Македонија може да изроди нов тероризам, уште поопасен од инсталираниот "албански", затоа што има предисторија, со кој во Македонија се произведе "контролиран конфликт" со цел дезинтеграција на земјата преку контрола на власта со правото на вето на едно малцинство врз мнозинството. Имено, внатрешно меко се амортизираа вооружените сили на Македонија, за да се создаде чувство на бесперспективност и немоќ пред 1.000 до 2.000 вооружени терористи, или стотина од нив, што стана очигледно со одлуката за помилување на претседателот на државата, од кои загинаа шеесетина припадници на вооруженитеи сили на Македонија и десетици цивили, беа ранети околу шестотини припадници на вооружените сили на Македонија, насилно беа протерани околу 120.000 Македонци, беа уништени стотици и стотици куќи, споменици на културата, цркви и манастири, беа покрадени домови, беа силувани, измачувани и киднапирани десетици и десетици лица.

    Македонците немаат, ниту може да носат грев заради историската вистина за поделбата на Македонија и на македонскиот народ. Ниту пак може да го негираат сопствениот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет, наследство, простор и ентитет заради историските невистини за Македонија и за македонскиот народ од страна на неговите соседи, или од страна на пропагандните машинерии на странските ментори инсталирани преку своите "пулени" во балканските метрополи.

    Никој, па ниту Република Грција, не може да ја нарекува Република Македонија и Македонците како што сака. Ниту пак, кој и да е, во името на Република Македонија и македонскиот народ или во меѓународната заедница може некому да довери ексклузивно право да не нарекува како што сака. Само врз рамноправна и реципрочна основа и меѓусебно почитување Македонија и Грција можат меѓу себе да кореспондираат на соодветен начин, како што е веќе воспоставениот билатерален однос на "прва страна" и "втора страна" прифатено и досега.

    Понатаму, никој, па ниту Република Грција, не може да и забрани на Македонија и на македонскиот народ да се грижат и да се залагаат за почитување на човековите и граѓанските права и слободи на делот на македонскиот народ во Егејскиот дел на Македонија и во Република Грција. А Република Грција, врз основа на преземените обврски пред меѓународната заедница и во согласност со меѓународните договори е должна на Македонците во Егејскиот дел на Македонија и во Република Грција да им даде културна автономија и да го почитува нивниот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет, наследство, простор и ентитет.

    Ни го "променија" името со времената референцао "Поранешна Југословенска Република Македонија" или "The Former Yugoslav Republic of Macedonia" која наместо само во ООН се прошири во речиси сите меѓународни организации; ни ја забранија употребата на македонскиот симбол - шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа; ни ја забранија употребата на златно-жолтиот двоопаш лав на црвен штит како земски грб на Македонија; амнестираа една инсталирана терористичка организација која изврши геноцид врз Македонците во северо-западниот дел на Македонија што воопшто не се третира; четири пати го уништија стопанството и стандардот на државата и населението со блокадата од страна на Грција, ембаргото спрема Југославија, бегалската криза од Косово и агресијата од меѓународниот протекторат Косово врз Македонија не компензирајќи никаква воена репарација за претрпените штети кои се мерат со милијарди германски марки; ни забранија како на матична држава да се грижиме за положбата и правата на Македонците кои како делови на македонскиот народ живеат на своите автохтони простори во деловите на Македонија под јурисдикција на соседните земји на Република Македонија во согласност со Времената Согласност потпишана меѓу Стево Црвенковски и Каролос Папуљас на 13 септември 1995 година во Њујорк под покровителство на Генераниот секретар на Обединетите Нации и Декларацијата за соработка потпишана меѓу премиерите на Македонија и Бугарија во февруари 1999 година; ја проширија употребата на "смешната" референца од системот на ООН во речиси сите меѓународни организации; за да на крајот не принудуваат да прифатиме дека ние сме виновни што сме Македонци и покрај грчкиот геноцид и етничкото чистење извршено во Егејскиот дел на Македонија протерувајќи илјадници и илјадници автохотни етнички Македонци во Бугарија и Турција, а доселувајќи илјадници и илјадници туркофонско население од Кавказ и Мала Азија на местото на македонските родни огништа, за да сега Тие, доселениците, маџирите, кавказите, бидат поголеми Македонци на туѓото, повеќе отколку што тоа право природно и неотуѓиво им припаѓа на етничките Македонци, на илјадниците насилно протерани низ целиот свет (после Втората Балканска војна и за време на "граѓанската" војна во Грција со цел етничко чистење на Македонците) кои не можат да се вратат на своите родни огништа, не можат да ги посетат гробовите на своите родители и прародители, не можат да располагат со своите имоти и на кои им е забранет влезот во Грција со најрасистички прописи, актуелни и ден денес, затоа што не се декларираат "за Грци по род".

    Името на државата е суверено право на народот за чијашто држава станува збор и тука се исклучиви секакви преговори, разговори или договори со кого и да е. Точно е дека 51% од територијата на македонската земја се наоѓа во рамките на Република Грција како провинција Македонија, но не треба да се заборави фактот дека Атина се до крајот на деведесеттите години оваа провинција ја нарекуваше Северна Грција, со посебно министерство во Владата кое се викаше "Министерство за Сверна Грција". Меѓутоа, тој дел од Македонија, таа сега грчка провинција Македонија не е субјект на меѓународното право! Грчката провинција Македонија не е субјект во меѓународната заедница. Субјект на меѓународното право и во меѓународната заедница е државата Грција во чиишто рамки е нејзината северна провинција Македонија. И тука е основната разлика меѓу делот од територијата на Македонија во Република Грција и делот од територијата на Македонија на којшто е возобновена последната Македонска држава - Македонија, како субјект на меѓународното право и во меѓународната заедница!

    За волја на вистината, државата Македонија не го монополизира името Македонија. Никој не и забранува на Грција да ја нарекува нејзината сегашна северна провинција така како што се викала отсекогаш, и до пред и од после окупацијата од 1913-та година - Македонија. Исто како што никој не и го одзема правото на Бугарија да ја нарекува својата југо-западна провинција така како што се викала отсекогаш, и до пред и од после окупацијата од 1913-та година - Македонија. Државата Македонија (The Province of Macedonia) не е исто што и провинција Македонија (The City of Macedonia), како што не е исто со градот Македонија во САД (Тхе Цитѕ оф Мацедониа) иако досега никој не ги обвинил Американците за "присвојување на грчкото културно и историско наследство".

    Во таа смисла, уставната референца "Република" прави сосема јасна дистинкција на државата Македонија од целата територија Македонија чиишто делови и денес се наоѓаат под јурисдикција и во рамките на државните граници на Република Грција, Република Бугарија, Република Албанија и Република Србија (Сојузна Република Југославија). Исто, како што ни историската територија Грција не кореспондира со денешната територија на Република Грција во актуелните гео-политички граници.

    Светскиот Македонски Конгрес упатува остра порака до институциите на власта, министрите, пратениците, партиските елити, научните и културните работници, македонската јавност и Македонците и македонските заедници во целиот свет, во заедничка одбрана на сопствениот македонски идентитет.

    Апелирајте, пишувајте, обединувајте се, во одбраната на македонскиот идентитет со пораката: Ова е Македонија, Ние сме Македонци!

    - За светот ние сме Република Македонија, но како "The Republic of Macedonia", а не како конструкцијата без преседан во меѓународното право - "The Republika Makedonija"! Секоја промена на нашето име е повреда на универзалното човеково право на идентитет и име!

    На крајот на краиштата, ако Македонците се етнички Словени, според дефиниција на Питер Фејт, главниот преговарач со терористичката организација "ОНА", тогаш што се Американците, Англичаните, Французите или кој и да е друг на земјината топка според дефиницијата на Чарлс Дарвин?! И никој нема право да не враќа во историјата за да ја легализира окупацијата, а своите ѕверства, геноцид и егзодус врз еден народ ги прикаже како благородни дела.

    Ние не може да живееме со минатото, меѓутоа народ без минато нема своја иднина! Држава без историја, историјата не ја памети!

    Светскиот Македонски Конргес и понатаму опстојува на решавањето на односите меѓу Македонија и Грција, во согласност со Апелот за македонско-грчко помирување издаден на 17 февруари 2001 година, кој се состои во следното:

    "ТРГНУВАЈЌИ од решеноста на Република Македонија односите со Република Грција за сите прашања од заеднички интерес да ги гради: на мирен начин, по пат на преговори врз рамноправна основа и со заемно почитување, намешање во внатрешните работи, неповредливост и неменливост на границата и неизразување територијални претензии, а во интерес на мирот, стабилноста и соработката на Балканот и развојот на демократијата,
    СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС на 17 февруари 2001 година, во Прилеп, го утврди следниот

    А П Е Л
    за македонско-грчко помирување

    (1) На претседателите на Република Македонија и Република Грција им се предлага потпишување на заедничка Изјава за македонско-грчко помирување, што ќе биде ратификувана од парламентите на двете земји, со која:
    (1.1) Грција јавно се извинува за сите досега сторени историски и општествени неправди спрема Македонците по потекло,
    (1.2) се декларира заедничката македонско-грчка волја за траен мир и активна и мирољубива коегзистенција меѓу македонскиот и грчкиот народ, нивните економии и држави Македонија и Грција, и
    (1.3) историјата и културата на Македонија ќе бидат заедничка инспирација за меѓусебно разбирање, почитување и толеранција, независно од разликите во погледите и толкувањата.
    (2) На владите на Република Македонија и Република Грција им се предлага склучување на Договор за траен мир и добрососедство, што ќе ја замени времената македонско-грчка Согласност склучена во Њујорк на 13 септември 1995 година, а ќе биде ратификуван од парламентите на двете земји.
    (3) Во Договорот за траен мир и добрососедство, меѓу другото, се предлага утврдување на одредби со кои Република Македонија и Република Грција ќе ги преземат следните обврски:
    (3.1) Република Грција:
    (3.1.1) го признава правото на македонскиот народ на сопствена самостојна и суверена држава во постојните гео-политички граници,
    (3.1.2) ја признава Република Македонија под нејзиното историско име со уставната референца, со што завршуваат македонско-грчките преговори под покровителство на Генералниот секретар на Обединетите нации, според Резолуцијата 845 (1993) на Советот за безбедност, со намера да се постигне договор за разликата за името наведени во таа Резолуција и во Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност,
    (3.1.3) го поддржува и ќе го помага полноправното членство на Република Македонија во Европската Унија и НАТО-Алијансата,
    (3.1.4) изразува јавно извинување на Македонците по потекло за сите досега сторени општествени и историски неправди,
    (3.1.5) ќе ги почитува основните човекови права и слободи и достоинство на Македонците по потекло кои се грчки државјани или родени на територијата на Република Грција, во согласност со Повелбата на Обединетите нации, Универзалната декларација за човекови права, Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи, Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација, Конвенцијата за правата на децата, Финалниот хелсиншки документ, Документот од копенхагенската средба на Конференцијата за човековата димензија на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа, Париската повелба за нова Европа и Европската рамковна конвенција за малцински права,
    (3.1.6) ќе ги измени или анулира сите инструменти и пречки во правниот режим заради слободен пристап на Македонците по потекло родени на територијата на Република Грција и нивните наследници, до матичните книги и датотеки и на протераните и иселени Македонци по потекло од Република Грција им го признава правото на сопственост и наследство на имотите, и
    (3.1.7) го признава правото на море на Република Македонија во согласност со Конвенцијата на Обединетите нации за правото на море, за што ќе склучи посебен договор за слободна зона за Република Македонија на пристаништето во Солун.
    (3.2) Република Македонија:
    (3.2.1) го признава правото на грчкиот народ на сопствена самостојна и суверена држава во постојните гео-политички граници,
    (3.2.2) го признава правото на името Македонија за северната провинција на Република Грција,
    (3.2.3) ќе ги поттикнува и охрабрува процесите на интеграција на Македонците по потекло во Република Грција во грчкото општество,
    (3.2.4) се откажува од воени репарации, и
    (3.2.5) го почитува правото на Република Грција на водите од Вардарскиот слив, во согласност со меѓународните конвенции за што ќе склучи посебен договор за режимот на водите од Вардарскиот слив.
    (3.3) Република Грција и Република Македонија:
    (3.3.1) воспоставуваат односи на амбасадорско ниво, а канцелариите за врски во Скопје и Атина ги подигаат на ниво на амбасади,
    (3.3.2) ја потврдуваат постојната заедничка граница како трајна, неповредлива и непроменлива меѓународна граница,
    (3.3.3) ќе ги почитуваат и нема да поддржуваат активности на трета страна насочени против суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на едната или другата страна,
    (3.3.4) во согласност со целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации, ќе се воздржат од закана или употреба на сила вклучувајќи и закана или употреба на сила насочена кон повреда на меѓусебната постојна граница и се согласуваат дека нема да истакнуваат ниту поддржуваат барања за кој било дел од нивната територија, ниту барања за промени на постојната граница,
    (3.3.5) ќе ги поттикнуваат контактите на сите нивоа и ќе ги охрабруваат средбите помеѓу нивните државјани во согласност со меѓународното право и обичаи,
    (3.3.6) сметаат дека историското и културното наследство на Македонија треба да придонесува кон заемно почитување и зближување, независно од разликите во погледите и толкувањата, коишто не треба да претставуваат причина за нарушување на добрососедските односи,
    (3.3.7) ја прифаќаат реституцијата на културно-историските богатства на Македонија и заедничката грижа за заштита и афирмација на културното и историското наследство на Македонија на целата етно-историска територија на Македонија,
    (3.3.8) ќе ја поттикнуваат културната соработка заради подобро меѓусебно запознавање и почитување,
    (3.3.9) ќе ја продлабочуваат соработката за сите прашања од заеднички интерес,
    (3.3.10) ќе ги унапредуваат меѓусебните односи врз рамноправна основа и со замено почитување и толеранција, и
    (3.3.11) ќе го либерализираат визно-пасошкиот режим заради слободен протек на луѓе, идеи и капитал, што е од заемна полза и траен интерес за македонскиот и грчкиот народ и за граѓаните и економиите на двете земји, се до укинување на визите.

    (4) Овој Апел влегува во сила со неговото донесување, а ќе се достави до претседателите, владите и парламентите на Република Македонија и Република Грција; претседателите, владите и парламентите на владите на Соединетите Американски Држави и на земјите членки на Европската Унија; ОБСЕ; Советот на Европа; Генералниот секретар, Советот за безбедност и Генералното Собрание на Организацијата на Обединетите Нации."

    Светскиот Македонски Конгрес ги повикува автохтоните и етнички Македонци во соседните земји на Република Македонија да се обединат во притисокот врз сопствените влади и парламенти и во притисокот врз меѓународната заедница, за прифаќање на последната возобновена Македонска држава под нејзиното единствено име Македонија, затоа што менувањето на името на Македонската држава, ќе придонесе за зголемувањето на асимилаторските притисоци и културниот геноцид на нивните влади врз самите нив!

    Светскиот Македонски Конгрес ги повикува етничките Македонци во целиот свет да се обединат во притисокот врз владите и парламентите во државите каде што живеат и чии државјани се и во притисокот врз меѓународните организации, за прифаќање на последната возобновена Македонска држава под нејзиното единствено име Македонија, затоа што менувањето на името на Македонската држава, ќе не растури по светот како народ без држава!

    Да му покажеме на светот дека државата Македонија не е само сопственост и придобивка на Македонците во Републиката, туку културно и историско наследство на сите Македонци од сите делови на Македонија во целиот свет, феникс на македонската непокор на Македонскиот полуостров, сведоштво на илјадниците и илјадниците гробови на знајни и незнајни јунаци и борци на целата етно-историска територија на Македонија кои загинале и ги положиле своите животи за своето македонско име, за својот македонски јазик, за својата македонска култура, за својата Македонска црква, за своја Македонска држава - Македонија! Да му покажеме на светот дека Македонија не е само географски термин! Таа е татковина на македонскиот народ, таа е татковина на Македонците!

    Да му поокажеме на светот дека Македонија е лулка на европската цивилизација!
    Малку се "Словените" и оние, кои како "Словени" своите корени ги бараат во Белград, Софија и Атина. Премногу малку! Но, и тие се Македонци, кои не можат да одат подалеку од своето македонско гумно! Еден ден ќе ги сватат заблудите на своите медитации, исто како што од позиции на власт или опозиција, за Македонците сметаат, дека во целта за нивно одродување во Бугари, Срби, Грци, Албанци или Турци, се само лош мутант на оваа или онаа балканска "био-генетска" лабораторија!

    Господ нека ни е на помош!
    Нека Господ Бог ја благослови Македонија и Македонците!

    Дел.број 960/2001
    10 декември 2001 година
    Македонија


    Претседател
    на Светскиот Македонски Конгрес
    Тодор Петров
Working...
X