PDA

View Full Version : Северна и Горна Македонија спорни за Буга


DedoAleko
12-25-2009, 11:47 AM
Северна и Горна Македонија спорни за Бугарија

Евентуалната промена на уставното име за целосна или делумна меѓународна употреба со која уставното име би добило префикс Северна или Горна не е прифатлива за источниот сосед. Бугарски дипломатски извори потврдуваат за Канал 5 дека ваква разврска на спорот меѓу Атина и Скопје ќе предизвика остри реакции во Бугарија при што не се исклучува уште една блокада за македонската евроатланска интеграција. Сугестиите на бугарските интелектуалци блиски до претседателот и премиерот на Бугарија велат дека преименувањето на Македонија во северна или горна ќе значи отворена територијална претензија на официјално Скопје во рамките на таканаречената голема Македонија. Софија се плаши дека во таков случај ќе се комплицираат состојбите во пиринскиот дел од Бугарија каде живее значително македонско малцинство. Бугарските анализи велат дека пиринска Македонија и историски и географски влегува во термините кои се прифатливи за Грција. И покрај тоа што во Софија е јасно дека овие опции не се прифатливи ни за македонската страна, официјално тоа ќе се толкува како отворена територијална претензија кон првиот сосед. Ваквиот став за кој има консензус кај сите бугарски политичари во неколку наврати бил објавен на различни средби со македонски политички претставници во последнава деценија. Македонскиот државен врв засега не сака да ги коментира информациите дека уште од претседателот Трајковски, Софија редовно испраќала пораки дека ваква разврска нема да биде прифатена од бугарската јавност. Досега според изворите на Канал 5, Софија не сакала да го вади ова прашање на виделина поради сензибилноста на спорот и можните последици за регионалната стабилност, но кога ќе дојде време Бугарија сигурно ќе ги заштити своите национални интереси. Сегашната позиција да се молчи за преименувањето на земјава во Северна и Горна Македонија во интерес на смирување на тензиите на Балканот може многу лесно и брзо да се промени. Веќе апсолвираното јавно мнение во земјава дека промената на името со додавка северна или горна е готова работа и дека единствено отворено прашање останува идентитетот, во Софија се толкува како сигнал дека набрзо Македонија ќе започне нова битка, но овој пат наместо со Грција, спорот ќе се води со Бугарија.

izvor: http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=56393

bre majkataa :yawn:
p.s. cestit Bozik na site katolici i ostanati koi go slavat Bozik ovie denovi :santa: