Pero Stojanovski arrives in Australia

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Prolet
    Senior Member
    • Sep 2009
    • 5241

    Pero Stojanovski arrives in Australia

    НОВ АМБАСАДОР ВО АВСТРАЛИЈА


    Стојановски ги предаде акредитивите



    Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Македонија во Австралија Перо Стојановски вчера ги предаде акредитивите за негово назначување на Генералниот гувернер на Комонвелтот на Австралија Квентин Брајс.

    Амбасадорот Стојановски, како што е соопштено, во кусиот разговор по свеченоста пренесувајќи ги поздравите од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, се осврна на достигнувањата на Македонија во остварувањето на нејзините стратешки цели, членството во ЕУ и НАТО, како и визната либерализација.

    Тој посебно информираше за претстојната посета на премиерот Никола Груевски на Австралија во последната недела на месец октомври годинава.

    Генералниот гувернер Квентин Брајс му посака добредојде на амбасадорот Стојановски и успешна работа во јакнењето на билатералните односи меѓу Република Македонија и Австралија, истакнувајќи ја заемната поддршка што си ја даваат двете земји, а посебно потенцирајќи ја многубројната македонска заедница во земјата.

    МАКЕДОНЕЦ си кога кавал ќе ти ја распара душата,зурла ќе ти го раскине срцето,кога секое влакно од кожата ќе ти се наежи кога ќе видиш шеснаесеткрако сонце,кога до коска ќе те заболи кога ќе слушнеш ПЈРМ,кога немаш ни за леб,а полн си во душата затоа што ја сакаш МАКЕДОНИЈА. МАКЕДОНИЈА во срце те носиме.
Working...
X