Ред е ние да направиме нешто за Македонијk

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • voden-lerin
    Junior Member
    • May 2009
    • 28

    Ред е ние да направиме нешто за Македонијk

    [B]Откако завршија изборите во Грција за ЕУ Владата на Република Македонија е спремна да го промени неколкуилјадното и библиско име на Македонија. Пораките до македонскиот народ да се спрема за промена на името се јасни и колку да се врти наоколу и да се бараат виновници. Од Новаци, битолско премиерот Груевски упати јасна порака до народот да се спрема за референдум, а пак долгогодишниот „борец“ за човекови права на Македонците во Грција, архимандритот Никодим Царкњас ни порача дека „Северна Македонија“ е добар избор!!??. Нас не ни преостанува ништо друго, туку чесно да си го дадеме својот патриотски долг спрема земјата наша Македонија. Македонија направи многу за нас, сега ред е ние да направиме нешто за Македонија![/B]



    Иако САД нé признаа под уставното име, сепак, најголемиот притисок за промена на името доаѓа токму од нив. Според нашите извори поранешната државна секретарка Кондолиза Рајс во јуни 2008 година со министерката на Грција за надворешни работи потпишале таен договор за промена на името и Уставот на Република Македонија. Во Договорот меѓу другото стои:
    1. Македонија ќе го смени името во Република Северна Македонија

    2. На Македонија ќе и биде дадено време да го промени Уставот и да го промени во сите меѓународни институции каде што е членка

    3. На Македонија ќе и биде дадена покана за членка на НАТО

    4. На двете земји ќе им биде дозволено да ја употребуваат придавката „Македонски“

    5. Двете земји повторно ќе дадат согласност дека нема да се интересираат за своите сонародници и нема да имаат територијални претензии

    САД многу брзо ќе назначат уште еден посредник за името во Македонија кој ќе врши силен притисок за промена на името и прифаќање на Северна Македонија. Американците никогаш нема јавно да речат дека тие се за промена на уставното име на Македонија, а спротивно на тоа силно ќе се залагаат Македонија да стане членка на НАТО. Тешко е да се поверува дека Македонија може да го издржи американскиот притисок и затоа со наведнати глави македонските „државници“ ќе се сложат за промена на името преку Референдум за да ја префрлат одговорноста за промената врз народот.

    Ваквиот чин ќе личи како пресудата на Исус Христос од страна на Понти Пилат кога ги изми рацете и рече дека тој не ја сносува одговорноста за невиниот Христос! Така и премиерот Груевски ќе ја префрли одговорноста врз напатениот и неупатениот македонски народ да гласаат за промена на името. Исто така, премиерот Груевски ќе го употребува и новиот претседател Ѓорѓе Иванов како заштитник како и македонските медиуми. Премиерот Груевски ќе оди на референдум за да спаси глава, а референдумот ќе му се врати како бумеранг. Зошто?
    Ако на референдумот македонскиот народ се изјасни да не се менува името, Груевски ќе мора да се соочи со НАТО И ЕУ однадвор и со албанскиот политички блок однатре. Затоа референдумот е меч со две сечила а третото сечило се македонците во Егејска Македонија, Пиринска, во Албанија, во Србија, во Европа, во Австралија, во Канада И во САД И оние од Република Македонија кои немаат 18 години и право на глас.
    Секоја отстапка и промена на името во Северна Македонија од сегашниот премиер Никола Груевски и Владата ќе се смета за велепредавство.
    Република Македонија не е никаква опасност за Грција. Исто така во светот има држави кои носат две имиња и нема никаков спор за тоа. Такви се: Јемен, Кореја, Русија и Белорусија, Германија до 1990 год, Монголија, потоа имаме региони со исто име Британија во Франција и Британија како држава, државата на САД Џорџија и државата на Кавказот Џорџија итн.

    Сметам дека никој нема право да го промени името затоа што за тоа никој нема мандат, односно, дозвола од минатите и идните генерации Македонци. Сме издржале многу полоши времиња, ќе издржиме и сега ако не ни се повтори минатото: брат свој роден брат да го предаде на душманот.

    Ицо Најдовски, докторант на Институтот за Националнаисторија на Македонија
Working...
X