Бродови под македонското знаме...

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Бродови под македонското знаме...

    Бродови под македонското знаме ќе запловат низ светските мориња

    Владата планира да регистрира шест брода под македонското знаме во Истанбул, откако работната група ќе го заврши проектот за наше пристаниште во тој град



    Грција уценува со солунското пристаниште, Драч во Албанија не е доизграден, како ни патиштата до таму, до Бар во Црна Гора водат опасни и кривулести патишта. Наспроти овие порти за македонскиот извоз и увоз, стои најдалечното, она на Истанбул, но кое се наоѓа во пријателска земја подготвена да ни отстапи дел од пристаништето, со што Македонија ќе може да регистрира бродови под македонско знаме.

    Ова, како и препораката на Светската банка, биле идеја-водилка на Владата за регистрирање наши карго-бродови. Сепак, и покрај нашето инсистирање во изминатите неколку дена, не добивме ништо поконкретно за оваа идеја од Министерството за транспорт и врски, каде што е формирана работна група за реализација на оваа идеја. Драган Симоновски, портпарол на ова министерство, само рече дека за работната група е задолжена охридската капетанија, без да ни даде дополнителни детали.

    Всушност, идејата за закупување на македонско пристаниште била разгледувана во Владата уште во февруари годинава. Првобитно сакале да регистрираат десетина брода, за на крајот бројката се сведе на шест брода, кои за почеток би требало значително да го поевтинат македонскиот увоз и извоз. Бродовите воедно можат да се користат за пренесување стоки и на други земји. Минатата година македонското стопанство оствари извоз од 3,9 милијарди американски долари, а увоз од 6,7 милијарди.

    Ако се цени според анализата на Светската банка, трошоците за транспорт, со вакво решение се двојно помали. Во нивната анализа „Цената да си биде без море: трошоците на логистиката и квалитетот на снабдувањето“ објавена во 2007 година се оценува:

    „Немање излез на море е главната причина зошто 16 од вкупно 31 држава без море, се меѓу најсиромашните земји во светот“.

    Бранко Азески, претседател на Стопанската комора, вели дека прво сака да го види проектот, пред да го каже својот став.

    - Начелно ние поддржуваме сé што е во интерес на бизнисот. Но, додека не го видиме готов проектот, не можам да се изјаснам. Како што знаете ние го предлагавме Драч, ама само како алтернативно пристаниште на Солун.

    Во Сојузот на стопански комори сметаат дека идејата е добра и ќе ги намали трошоците на компаниите.
    Идејата за македонско пристаниште во Истанбул, била разработувана и од турски бизнисмени на последниот форум на турската и македонската комора во Охрид. Претходно Владата размислувала идејата да ја реализира во Драч.

    „Албанската влада работи на проект за изградба на индустриско пристаниште во Драч, главно за потребите на Косово и на Македонија“, изјави албанскиот министер за економија и енергетика Генц Рули на 1 април годинава за време на Економскиот форум во Тирана.

    Регистрирањето бродови од страна на земји без излез на море воопшто не е нова работа. Според организацијата „Глобалното партнерство за транспорт и трговија“, која е тело на ООН, сé повеќе земји регистрираат свои бродови во туѓи пристаништа. Според податоците, пак, на „Светската книга со факти“ на ЦИА, во Европа, Швајцарија од сите земји без море во Европа, е држава со најголем број регистрирани бродови, вкупно 106, во повеќе пристаништа во светот. По Швајцарија, малата Словачка има најмногу бродови, дури 47. Од нашето соседство, Србија, која остана без море по разделбата со Црна Гора, сé уште нема свои трговски бродови. Унгарија од минатата година има 10 брода под свое знаме, кои испловуваат од истанбулското пристаниште.


    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X