Бакојани, Фуере и бриселската „Мein Kampf“ политик&#

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Бакојани, Фуере и бриселската „Мein Kampf“ политик&#

    „Во однос на прашањето за името, кое ја сочинува суштината на проблемите на кои наидуваат односите меѓу нашите земји, Грција направи значаен чекор напред прифаќајќи единствено „ерга омнес“ сложено име, кое исто така може да го вклучи и терминот „Македонија“, со одредница што ќе ја појасни разликата меѓу Вашата земја и народ и грчка Македонија и нејзиното население. Ова е значајно поместување од нашата првична позиција, а со надеж дека ова би можело да претставува основа за постигнување заемно прифатливо решение“.

    Тоа е дел од зборовите на грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, во писмото што пред некој ден го упати до македонскиот министер Антонио Милошоски, како одговор на неговата покана за средба. Вообичаено, досега ние самите си лицитиравме за тоа што навистина Грците сакаат во спорот со Македонија - промена на името на државата или нешто повеќе што подразбира комплетно бришење на македонскиот народ, негово редефинирање и со тоа отворање на широката капија за старата теза дека тој народ е коминтерновска творба што би требало да се елиминира од лицето на Земјината топка.

    Овојпат Бакојани се потруди самата да ги разбие дилемите што постојат кај многумина во Македонија. Во Њујорк не се разговара за некакви разлики околу името, не се преговара ниту за самото име на државата, туку поентата е во именувањето на македонскиот народ. Ако од името на тој народ произлегува и името на државата, тогаш и тоа прашање влетува во преговарачката пресметка, но само како второстепено. Очигледно, сè друго е само маска. Бакојани, како пристоен сосед, гледајќи ги нашите препелкања, самата реши да ни помогне: Грците се заинтересирани пред сè за разграничување на грчкиот народ, кој живее на дел од територијата на Македонија и кој има ексклузивно право да го користи терминот „македонски“, со македонскиот народ што името на истата таа територија го употребил за самоидентификација и со тоа узурпирал туѓо право.

    Додуша, ова не е ексклузивна новост што доаѓа од канцеларијата на грчката министерка. Истото и беше соопштено и на Геј Мекдугал, експертот на ООН за човекови права, чиј извештај ја содржеше токму таа грчка поента. Но, ако тогаш, тоа не сакавме да го видиме, сега, се чини ни нема бегање.

    Сепак, Грците можат да бараат што сакаат. Тоа си е нивно право, нивна политика, нивен начин на штитење на тоа што го сметаат за клучен сопствен национален интерес. Нашиот проблем е што таквите нивни барања, кои подразбираат бришење на цел еден народ, имаат поддршка од ЕУ. Истата таа ЕУ која педантно ја бележи секој предизборна пцост во некое македонско село кое и ние самите го сметаме за волчја дупка, на другата страна, нема никаков проблем да поткрепува сецирање на цел еден народ, со кое се сака да му се извадат органите на маса, да им се втисне поинаков жиг и да се вратат назад.

    Пред само некој ден го гледавме и слушавме претставникот на ЕУ во Македонија како се згрозува од настаните во саботата околу изградбата на црква на централниот скопски плоштад. Ерван Фуере беше само еден од шокираните странци. Фино. И ние сме шокирани. Зашто тоа било прекршување на фундаменталните начела на демократијата. Токму така. Но, која е разликата меѓу тие начела и правото на самоопределување на еден народ, запишано во Повелбата на ООН? Колку тоа вреди за Брисел? Нарушување на правото на мирен протест може, во краен случај, во некоја апокалиптична варијанта на развој на државата да ја елиминира демократијата. Овие денови веројатно нема друго место на нашата планета во кое толку пати е споменувано името на рајхсфирерот, но во Германија на Хитлер, непостоењето на право на протест значеше дека не може да се излезе на улица и да се скандира „Долу влада!“. Добро. Човек ќе остане дома, ќе трпи малку повеќе отколку што тоа му изгледа нормално и ќе ги чека подобрите времиња во кои ќе има шанса за демократија.

    Наспроти тоа, пред само седум децении, загрозување на правото на самоопределување не значеше избор меѓу домашната и уличната опција, туку водеше кон елиминација на неколку милиони луѓе. Во споредба со тоа, состојбата кога на некој не му е дозволено да викне „Долу влада“, и не изгледа толку страшна.

    Денес, во општество како Македонија, кое полека се привикнува на затвореноста, кое таа затвореност сè повеќе ја сфаќа како природна состојба, сето тоа како резултат на поплуканото право на самоопределување, фактот што некого среде протести ќе го плеснат по носот, се повеќе станува нормална реакција. И тоа е лошо. Но, ни одблиску колку забраната за самоопределување, која, онака патем, подразбира и тој што е принудуван самиот да се согласи на промената.

    Се разбира, никој не вели дека поради современата бриселска „мајн кампф“ политика, Македонците ќе бидат физички истребени. Дамнешните 1913 и 1948 година нема да се повторат. Нема да има вадење очи на живо, силувања, стрелања, палење живи луѓе. Ќе преговараме во Њујорк, се ќе биде фино, елегантно убаво. И при таква покажана милост од Брисел, што тогаш толку сме запнале за едно име, па макар тоа не било само името на државата, ами на целиот народ. Оти таквата насилна генетика, можеби, исто така е во темелите на демократијата, за која Фуере ни зборуваше. А тој, наспроти нас, сигурно знае што е тоа. Зарем не?
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X