Скришно и за книга

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Скришно и за книга

    Скришно, од еден на друг, со страв да не ги откријат, скриени во домовите, Македонците во Грција ја добиваат и ја читаат првата книга објавена од Македонец во Егејска Македонија. Здружението на бегалците наскоро на македонски јазик ќе ја издаде книгата „Историја на македонското движење за балкански просперитет“, чиј автор е Трајко Пасоис, еден од основачите на првото македонско движење во Грција, од кое подоцна се формираше партијата „Виножито“. Во книгата преку историски податоци се раскажуваат неправдите што Грција низ историјата ги вршела врз Македонците од Леринско и од Воденско. Пред две години, со свои средства Пасоис, кој живее во воденското село Пожарско, ја издал книгата преку која се спротивставува на грчкиот национализам кон македонското малцинство.

    - Во книгата пишувам за неправдите што се правени врз македонскиот народ, за непријателската пропаганда на Грција, за прогонот на Егејците. Сам ја финансирав и ја испечатив книгата во 1.000 примероци. Македонците во Грција ја читаат книгата скришно и со страв - објаснува Пасоис. За да ја напише книгата користел документи од грчките архиви. Самиот тој објаснува дека дури и познатите грчки весници „Елефтеротипија“ и „Та неа“ ја препорачувале неговата книга на сите кои сакале да се информираат за македонското прашање во Грција. Движењето за балкански просперитет како здружение на Пасоис и на Ристе Прицкас не соработува со партијата „Виножито“. Кавгите почнале уште пред десетина години кога двете струи на македонското движење воделе битка за челната позиција во „Виножито“.

    Идеолошките разлики меѓу актуелното раководство на „Виножито“ и струјата на Пасоис потекнуваат од времето на втората конференција на партијата, каде што само тој и Прицкас како делегати гласале против национално-политичкиот карактер на партијата.
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X