PDA

View Full Version : Грција опасна за Американци


Dimko-piperkata
03-14-2009, 12:11 PM
http://www.vest.com.mk/images/%7BD348CFFA-ABAD-415C-8AA4-74952E55B9B9%7D_greece-2.jpg

Атина, 14 март - Американскиот Стејт департмент ги предупреди своите граѓани во Грција дека се потенцијална мета на грчки екстремисти. Американските граѓани кои живеат во Атина, или туристи кои престојуваат таму, се предупредуваат да бидат внимателни и да го избегнуваат квартот Егсархија, како и реонот на централниот плоштад Омонија. Предупредувањето е второ од ваков тип за период од два ипол месеци и се однесува најмногу на грчките терористички организации "Револуционерна борба" и "Секта на револуционерите".
Грчката полиција вчера употреби солзавец за да растера група од 150 млади лица, кои во центарот на Атина демолираа неколку десетини продавници, соопшти полицијата. Околу 150 анархисти се судрија со полицијата, која против нив употреби солзавец, изјави претставник на полицијата и додаде дека во судирот нема повредени, ниту уапсени лица. Според соопштението на полицијата уништени се најмалку три банкарски експозитури и околу 18 автомобили. Истовремено група од околу 40 лица со метални шипки и палки нападна две банки и три продавници во Солун.
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=164802&idg=9&idb=2623&rubrika=Svet